Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Термална паста

ArMaKeDoN98

Gaining Experience
7 февруари 2016
125
67
Здраво на сите
Имам една паста отворена што сум ја користил пред година и нешто и ми е затворена па не знам дали е добра за користење сеуште, доколку не е молам за препорака на некоја добра се работи за intel i5 12600k
Ви благодарам
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.822
4.797
Скопје
hackitfree.github.io
Имаш некое искуство со нив, викат со време губеле перформански многу овие
Со Крионаут имам искуство , малку е погуста и откако имам ставено на процесорот ни 1Ц не ми се сменила температурата.
Хидронаутот е потечен -полесен за мачкање ама немам искуство со него - и послаби термални карактеристики има ама член од овде го фалеше - бил презадоволен .
Прва класа пасти се - не се ни ефтини , а резултатите индивидуално - кој како знаел да размачка и намести кулер .
Исто и графичка мачкав - супер држи иако АМД (а за АМД зборат па биле конкавни јадрата па течела (памп-оут ) ефект , бла , бла) - јас тоа не сум приметил - супер се температурите до ден денес .
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
4.066
5.590
SK
Здраво на сите
Имам една паста отворена што сум ја користил пред година и нешто и ми е затворена па не знам дали е добра за користење сеуште, доколку не е молам за препорака на некоја добра се работи за intel i5 12600k
Ви благодарам
Прво зависи од пастата (брендот/составот). Потоа каде е чувана и како е чувана, и дали добро била затворена. Паста најдобро се чува убаво завиткана во кесиче (најдобро вакумирано), во фрижидер и вертикално исправен шприцот (ако е во шприц).

Крајно земи размачкај малку на хартија. Ако убаво се размачкува, и ако немаш сепарација на маслото (се гледа како жолто/бело масло), тогаш можеш да ставиш на CPU и да тестираш под load. Дали е ОК ќе видиш по температурите. Дури и да е лоша пастата, денешните CPU-а имаат заштити и се ќе биде во ред. Ќе исчистиш и ќе ставиш нова паста. Но никако на GPU да се става таква паста, само сигурна/нова.
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.822
4.797
Скопје
hackitfree.github.io
Дека до вчера(пред да има овие работи), пастата не си ја вршеше работата. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Абе па ти , Зш на комшијана од 60Ц погоре не му крева процесоро - мојон - 65Ц кренал ? :LOL:
Абе и 65 не се ногу ама не ми „бустат„ ко шо бусташе ...
Шега на страна - еднаш склопуваш ПЦ - склопи го ко што треба да работи без проблем подолго ...
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.606
13.126
Ако имаш доволно стави ја постоечката паста. Не би требало ништо да и се случило. Компјутери и компоненти лежат на полици во продавници пред да бидат купени. Не им се менува паста секоја година додека се во излог. Исто и пастите што се продаваат не се утрото смешани и ставени во шприцеви и туби.

Со тек на време се губат својства ама не е дека така драстично ќе се рефлектира.
 

StalkeR

Guru
5 декември 2009
5.482
6.675
До вчера имавме и глувчиња со топче наместо сензор.
Истиот муабет...

Тоа вчера, се 20 години. Ова вчера е неполна година.
Муабетот ми е дека без никаков проблем ке функционира со паста, секако.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

ArMaKeDoN98

Gaining Experience
7 февруари 2016
125
67
Ако имаш доволно стави ја постоечката паста. Не би требало ништо да и се случило. Компјутери и компоненти лежат на полици во продавници пред да бидат купени. Не им се менува паста секоја година додека се во излог. Исто и пастите што се продаваат не се утрото смешани и ставени во шприцеви и туби.

Со тек на време се губат својства ама не е дека така драстично ќе се рефлектира.
Ќе земам од некио овој artic mx-6 читав доста добри ревјуа за него, за да не ставам од оваа па да ја вадам да се заебавам по два пати инаку ја пробав постоечката на лист делува океј
 

orce97

Баниран/a
19 декември 2022
509
519
linktr.ee
Ќе земам од некио овој artic mx-6 читав доста добри ревјуа за него, за да не ставам од оваа па да ја вадам да се заебавам по два пати инаку ја пробав постоечката на лист делува океј
Јас ја имам mx6 ја користам за cpu и gpu и имам добри температури, немораш да фрлаш толку пари на термална паста ;)
 

ArMaKeDoN98

Gaining Experience
7 февруари 2016
125
67
Јас ја имам mx6 ја користам за cpu и gpu и имам добри температури, немораш да фрлаш толку пари на термална паста ;)
Да видов дека горе долу исти темп се вртат а и процесорот не влече толку струја ја земав 270ден од ананас со достава па ќе пишам што како кога стигне
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.485
Мислења
995.729
Членови
36.488
Најнов член
Dzoro

ит маркет

На врв Дно