1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Термална паста

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од mankanos, 22 Септември 2018.

  1. Goran995

    Goran995
    On your way to fame

    338
    524
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Честито најбезвезе пост на ИТ форумов за 2020-та.

    Каква измама би ти направиле Сетек на ТЕРМАЛНА ПАСТА, побогу?!?!?!? Вратена од друг, refurbushed, што? Срам ме фати што го прочитав ова на ваков форум, не па да го напишам...

    Стај му Colgate на лаптопот после ова, друго нема.
     
    На zirkach и zipi123 им се допаѓа ова.
  2. darencee

    darencee
    Intern

    61
    38
    8 Јуни 2017
    Машко
    Незнам што ти станало и зашто те фатило срам.

    Редовно ги читам темиве и поплаките за сетек, исто и мои пријатели се имаат изгорено, па јас бидејќи многу мразам неправда решив да не влегувам повеќе таму, бидејќи почит кон муштерии немале.

    Не реков дека ќе ме измамат со паста, али став си е став. Не влегувам и точка.
    Кога ќе се научат да го ценат купецот може ќе се предомислам.

    Парите нема да ми ги дадеш ти, па да ти е срам нели.

    Крај краева ова е демократија и секој има право од каде сака да купува/некупува нели.
    Ако тебе ти одговара право утре и оди купувај. За мене не се сеќирај. Имам избор.
     
    На Necromancer и Ile bocev им се допаѓа ова.
  3. Goran995

    Goran995
    On your way to fame

    338
    524
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Па со став дека можат да те прелажат за термална паста можеш да прашуваш на Фемина, срамота е тука...
     
  4. darencee

    darencee
    Intern

    61
    38
    8 Јуни 2017
    Машко
    Другар билдаш мислења или глуп се правиш?
    Се почуствува навреден за Сетек или си неписмен?

    Каде кажав јас дека ќе ме прелажат за паста? Мој став е да не влегувам таму. Јасно ти е или треба да ти нацртам.

    И немам намера да ја трујам темава и да се докажувам со тебе. Остани ми поздравен
     
    smole, Вајкинг и на Ile bocev им се допаѓа ова.
  5. zipi123

    zipi123
    On your way to fame

    531
    504
    14 Јануари 2016
    Машко
    Дефинитивно, за медал е постот :D
     
  6. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,760
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Чекајте малце другари, не го напаѓајте членот одма, чинам дека не го сфативте дека од принцип не сака да купува од таму, било да е чачкалица или хај енд уред и не го обвинувам, сетек имаат ужас вработени кои со самото однесување и пристап кон клиентите ствараат одбивност кај истите, мислам дека тоа одамна го разјаснивме на форумов.

    Онтопик, земај која паста сакаш, не фрлај бадијала пари за мх4 не знам таму што. Само да не биде најобична некоја што има повеќе масло отколку паста, како на пример она белото ѓубре.
    Имам тестирано од кинески шитови до хај перформанс пасти со разноразни методи на аплицирање на истите, скоро сите се исти ташак, а за траење секоја ќе ти трае барем една година најмалку, кога и онака ќе дојде време за чистење од прашина, поготово на лаптоп.
    Единствена подрастична разлика прави течен метал, нешто што не го препорачувам воопшто затоа што ги нагризува елементите со кои ќе дојде во контакт и е апсолутен проводник, за разлика од нормалните силиконски пасти.
     
    smole, Gaston, Вајкинг и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...