1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Термална паста

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од mankanos, 22 Септември 2018.

  1. b.a

    b.a
    Gaining Experience

    134
    389
    9 Август 2010
    Далеку подобра е од HY, имам пробано HY една бела како јогурт беше. Не чинеше таа паста. Некои руски видеа гледав, не ми се веруваше дека секој резултат се рамнеше со MX-4. Само што сите повторуваат дека се суши брзо, мене до сега не ми се исушила пастата. Исто земав 30г, можеби пред година дена.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    559
    2,419
    21 Април 2016
    Машко
    Прво благодарност до @Dave1 што ни линкуваше нови тестови за термални пасти и ни ја освежи темата. :)
    Еве една табела од тој тест:
    untitled-3.png
    Според понудата кај нас (на страна Гризли течен метал), јас вака би ги рангирал:

    1. Cooler Master MasterGel Maker, 11 W/(mK), 4 gr, 479 den. Setek
    2. Cooler Master MasterGel Pro, 8 W/(mK), 4 gr, 369 den. Setek
    3. Arctic MX-4, 8.5 W/(mK), 4 gr, 350 ??? den. Neksio

    Arctic MX-4 на овие тестови симбилично губи од MasterGel Pro, но причината поради која ја ставам на трето место се конфликтните информации за цената. @Astraion ја купил за 350 ден, а @Вајкинг се јавил и му рекле 410 ден.
    Кој има потреба од поголема количина, тогаш MX-4 може да му биде и прв избор. Колку што знам 20 гр се продаваат за околу 1000 ден. Не ме држете за збор, најдобро да си проверите. :innocent:

    Термалната паста учествува со околу 1% во цената на едно просечно ПЦ! Па баш на неа ли треба да шпараме? :rolleyes:

    Еден модерен процесор ќе функционира пристојно и со кинеска HYxxx паста, но што ако работи со 5-8С повисока температура? Тоа значи помал оверклок, тротлинг, поголема бучава од вентилаторите, a на долги патеки можеби и нарушена стабилност...

    Лаптоп е посебна приказна. Таму целата електроника е набутана во мал простор и токму ладењето или неефикасното ослободување од топлината е голем проблем. Квалитетна паста може да му го продолжи векот на лаптопот за година-две, а шкарт паста да му го скрати за исто толку. На страна вентилаторите и прашината, што се посебен (огромен) проблем...

    Кинеските пасти и те како си имаат своја примена. Одлични се при сервисирање на појачала за излезни транзистори и драјвери, стабилизатори на напон и слични активности. Вршат солидна работа за евтини пари. :)
     
    На Astro, Astraion, Dave1 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,849
    2,435
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    За 2-3 степени разлика не вреди да се замара човек. А дека пастата ќе го продолжи векот на лаптопот за година - две ако не го чистиш редовно и работиш на него легнат на кревет или на место полно прашина, тоа нема шанси.
    Исчисти го, без промена на паста, види разлика у температура.
    Не го чисти, стај му најскапа паста, види која промена има.
    Пастите се џабе фрлање пари.
     
  4. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,693
    795
    3 Март 2018
    ^ на нов процесор не бимштедел, но на процесор од 2000 ден, паста 500 денари ми немат логика xD
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,696
    3,080
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ако не па паста за заби да клаваме, или ништо, нека има контакт метал со метал само... Коментаров ти е 102.5% непродуктивен. Не го слушајте коментаров дека паста е за џабе фрлање пари. Нема потреба да клам артикли од по интернет шо укажуваат на бенефити од паста за процесор.
     
    На Astraion и Banjifiko им се допаѓа ова.
  6. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,693
    795
    3 Март 2018
    Колку што се битни температурите(спроводливоста), исто е битна вискозноста, да не тече, да не се суши.
     
    На b.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,311
    2,382
    9 Февруари 2011
    Пробал некој коктел да напраи? Од две или три пасти на пример, колку за тест каков перформанс ќе има?
     
  8. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,693
    795
    3 Март 2018
    По моја проценка, полош од најдобрата. Сепак ако пробал некој нека пише, мада не гледам поента...
     
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,178
    8,511
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Господине драг, се сложувам 100% со кажаново од ваша страна, еве јавно да пишам да не морам поединечно.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    b.a, Banjifiko и на Chaeld10_8 им се допаѓа ова.
  11. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,998
    4,703
    8 Април 2011
    Машко
    Јас mx 4 користам на све , најголем бенефит видов на асус 7970 матрикс која грееше 80 степени а по промена на паста мх4 70 степени, за цели 10 степени ја симна темп на графичката. Најсигурни се пастите без метал во нив како мх4.
     
    На Tenny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,693
    795
    3 Март 2018
    Упдате: искористив hy880 за лед чип, после година дена прегоре, пошто беше исушена пастата.... Од почеток убо лади, ама бргу се суши...Наместете аларм (shut down) или заштита ако ја користите. @krema ќе сакаш линк ?
     
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,849
    2,435
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Само пастата ја смени, ништо друго не пипна?
     
  14. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,998
    4,703
    8 Април 2011
    Машко
    Само паста менав, графичката на старо ја земав од тука така да незнам дали предходната паста е фабричката но беше ептен бела некоја лоша паста.
     
    На Garfield' му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    201
    44
    18 Јануари 2019
    Машко
    А како се мени термална паста на графичките,сум слушнал дека liquid metal е подобра или е слична на обична термална паста?
     
  16. krema

    krema
    Professor

    9,525
    9,207
    24 Јуни 2009
    Машко
    Се мени исто како и на процесор.
    Подобра е и не е слична како обичната.
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,510
    3,447
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дап, бргу се суши маслото од hy880 изгледа. Зимај послаби лед чипови, многу потрајни се од помоќните (едноставно комбинирај повеќе послаби ледови).
     
  18. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,693
    795
    3 Март 2018
    10w беше чипот, не беше јак. Таа белата повеќе брка работа за вакви работи, по не се суши. Искомбинирав 880 со sae35w-70 (масло за менувачи на коли), за сега работи одлично, но експериментот е во тек, сега за зега има само 2 месеца, ќе видиме како ќе се покажи ваквата комбинација. Секако тука има и поскапи пасти, али да видам поевтина варијанта како ќе се покажи со мала модификација. Инаку околу 5% додадов масло.
     

Сподели

Вчитување...