DeadlyShadow
Intern
- 26 октомври 2007
- 3
- 0

Иако се работи само за концепт, овој будилник е еден од ретко видените, навистина корисни иновации во потрошувачката електроника. Повеќе ќе нема исклучување на будилникот во полусон, ќе мора да станете и со двете нозе да го исклучите.
Carpet Alarm Clock или во слободен превод тепих-будилник всушност е дипле за пред врата со вграден часовник и аларм. И додека класичните будилници можете да ги исклучите од лежечка положба, па дури и во полусон, па така да се успиете, со овој уред ќе го немате тоа задоволство или проблем, како сакате.
Имено, алармот ќе продолжи да ѕвони се додека не станете од кревет и застанете на него со двете нозе. Во средината на тепихот има ЛЦД екран кој има функција на часовник.
Се надеваме дека овој концепт на дизајнерскиот тандем Софи Колин и Густав Ланберг ќе заживее, со оглед на тоа што дефинитивно би бил добро прифатен на пазарот.