• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Теорија за софтвер

  • Ја почнал/а темата
  • #1

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Значи вака, не знам дали постои ваква тема (ме мрзеше да барам :) ), тука ќе зборуваме за основни поими за софтвер, т.е. теорија за истите, односно што всушност значат тие (објаснати така површно). На пример: што е тоа компјутеркса програма, алгоритам, оперативен систем . . .

Искажете се.
 
Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Епа да почнеме од најосновното :)

Множеството од програми со кои располага компјутерот се нарекува софтвер (software).

Оперативен систем е множество од програми кои ги управуваат сите компјутерски ресурси.

Алгоритам претставува чекор-по-чекор (step-by-step) процедура за решавање на одреден проблем во конечен број чекори.

Компјутерска програма е низа од инструкции кои компјутерот треба да ги изврши.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Дефрагментација

Прво, би сакал да дадеме дефиницја за фрагментација.
Кога снимаме некој file на нашиот HD, OS може да проба да го стави на многу мал простор. Ако се случи тоа, OS ќе го раздели соодветниот file на делови и ќе го расположи на неколку местa по hard disc-от. Имено, тој процес се нарекува фрагментација или фрагментирање на file
Kога отвараме таков file, OS треба да ги земе деловите од местата каде се распределени по HD, и да го склопи. Замислете дека станува збор за филмска лента, на која произволен дел од филмот е запишан почетокот, крајот на филмот е запишан на средината, а самата средина на филмот е на крајот од лентата. Очигледно, (или очевадно што вика еден мој професор :) ) тој филм нема да го биде за гледање. Е, тука иде на сцена дефрагментацијата.
Процесот на дефрагментирање се состои во собирањето на деловите на фрагментираниот file, и нивното поставување заедно на HD. Тогаш, за да OS го отвори file-от е неопходно да посети само едно место во меморијата на HD. А сега иде и конкретниот одговор на прашањето зошто треба да пуштаме дефрагментација барем еднаш месечно - зашто го забрзува дејството на дисковите операции во компјутерот и како целостност и ја повишува општата продуктивност на системот.
Често на дефрагментирачките инструменти им се препишуваат неоправдани заслуги. Треба да имате во предвид дека пуштањето на дефрагментација единствено ќе ви ги подреди фајловите, а како реално повишување во продуктивноста ќе се почуствува само ако често инсталирате и деинсталирате програми. Но, дефрагментацијата нема да влијае на софтверните и хардверните компоненти да работат подобро, нема да поправи грешки во OS и неговите регистри и сл.
 
The Shadow

Intern
30 март 2008
576
5

ti preku nok se opameti ili taka mi se cini.:LOL::LOL:just kiding
bravo za detalnoto objasnuvanje i fala.sekad e dobro da se nauci nesto novo.
 
Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Компјутерска програма е низа од инструкции кои компјутерот треба да ги изврши.
Да се надоврзам....
За да напишеме компјутерска програма, мора да поминеме низ три фази кои содржат свои подфази.
1.Фаза на решавање на проблемот:
-анализа и спецификација или дефинирање на проблемот и разбирање што треба да врши решението;
-генерално решение на проблемот (алгоритам), што значи развивање на логичка низа од чекори кои го решаваат проблемот;
-верификација која подразбира следење на чекорите од алгоритамот за да се потврди дали решението навистина го решава проблемот.

2.Фаза на имплементација:
-конкретно решение (компјутерска програма), што значи преведување на алгоритамот во програмски јазик-кодирање;
-тестирање кое се состои од оставање на компјутерот да ги врши инструкциите и да даде резултат. Овој резултат се проверува рачно и ако има грешки повторно се анализираaт програмата и алгоритамот да се утврди од каде доаѓаат грешките и се прават корекции.
Откако програмата е напишана, влегува во третата фаза: одржување.

3.Фаза на одржување:
-користење на програмата;
-одржување, што подразбира модификација на програмата, заради потребa од промени или корекции на грешки кои се појавуваат при неговото користење.
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Компјутерската програма кога е уклучена се нарекува процес т.е. процес е програмата во акција, а програма е низа од инструкции кои се наоѓаат на некое место во тврдата меморија
 
Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Компјутерската програма кога е уклучена се нарекува процес т.е. процес е програмата во акција, а програма е низа од инструкции кои се наоѓаат на некое место во тврдата меморија
добродојдени се корекции:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
C++

С++ е јазик за објектно-ориентирано програмирање. Создаден е од Bjarne Stroustrup од AT&T Bell Laboratories на крајот на 1985-та година. С++ е проширување на јазикот С. Во првите 6 месеца се појавиле над 20 трговски реализации на јазикот, предназначени за различни компјутерски системи. Од тогаш до денес, С++ се проширува со добавување на многу нови фунцкии и токму затоа процесот на неговата стандардизација продолжува и до денес. С++ е пример за јазик, кој расте и се развива. Секој пат, кога неговите корисници (програмерите) забележале некакви пропусти или недостатоци, тие го обогатувале со соодветните возможности.

Hello world! во С++

Oбично, кога се почнува да се учи некој програмски јазик, првата програма што се прави е Hello World!. Програмата се состои од source code, кој после компилацијата на екранот просто изведува Hello world!. Тоа е, да речам, некаков адет на програмерите кога почнуваат од 0 со учењето на некој програмски јазик, а дури во една книга за учење на програмскиот јазик Perl, авторот се пошегувал дека доколку не ја направите оваа програма како прва ваша програма во било кој програмски јазик, боговите на програмирањето ќе ви се налутат, и нема никогаш да го совладате тој јазик.
Како и да е, source-code-от за програмата Hello World! во С++ е следниот:

#include <iostream.h>

int main()
{
cout << "Hello World!" << endl;
system ("pause");
return 0;
}
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Bit

Bit, или скратено од Binary Digit, или бинарен број, е најмалата информациска единица, т.е. може да има вредност само 0 или 1. Сите податоци се обработуваат на мали пропорции. Современите компјутери обработуваат по 32 или 64 бита наеднаш.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,878
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно