[Решено] Теми од форум се користат како коментари во статии на Ит.мк порталот

Astro

Epic
20 јуни 2012
8,035
11,485
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Нема да има, освен ако нема барање/одобрување од тој што го закупува ПР-от.
Епа тука е малце заебот. Сетек закупуваат ПР а мислењето на најголемиот дел од членовите тука за Сетек не може да биде пониско. Ако Сетек го користат форумов само за еднострана пропаганда, тогаш направете мандаторно правило да имаат и дедицирана тема тука и да има претставник од Сетек кој ќе ги следи мислењата на членовите и ќе дава одговори. Тоа би било фер од сечија страна.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,119
3,570
Го делам ова мислење. Не баш воопшто, но скоро воопшто не го читам.
Има некои статистики да се споделат колку се чита форумов а колку се чита порталот?
Има, но не се споделуваат, деловна тајна е.
Исто како и бројот на активни корисници наспрема бројот на регистрирани.

Ајде, ќе почекаме да се произнесат и другите членови па ќе донесеме одлука, засега делува дека 1:1 е опцијата која ги смирува страстите.
Според мене, подфорум за коментари на статии каде членовите нема да можат да отворат теми, туку автоматски ќе се отвораат. Дали со секоја статија, дали првиот коментар на статијата ќе ја отвори темата, останува на вас како ви е поизводливо.

Со тоа исто ќе биде дали ќе се коментира под статијата или на форумот, синхрони ќе се, затоа што ќе биде истата нишка.
Секако дека во првата објава на темата ќе стои објаснување со линк до статијата на сајтот, а на статијата ќе има линк до темата на форумот. На статијата би се гледале само последните х коментари.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,032
5,308
Епа тука е малце заебот. Сетек закупуваат ПР а мислењето на најголемиот дел од членовите тука за Сетек не може да биде пониско. Ако Сетек го користат форумов само за еднострана пропаганда, тогаш направете мандаторно правило да имаат и дедицирана тема тука и да има претставник од Сетек кој ќе ги следи мислењата на членовите и ќе дава одговори. Тоа би било фер од сечија страна.

Не Астро, тоа се вика вклучување на коментарите од заедницата само кога нив им одговара.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,428
2,353
www.iwmnetwork.com
тогаш направете мандаторно правило да имаат и дедицирана тема тука и да има претставник од Сетек
Хаха, они 14 години не кренале телефон да побараат цена за реклама или да иницираат соработка, не игнорирале максимално кога сме сакале да направиме состанок или да иницираме соработка, а не па ке ги натераме да имаат претставник тука. Одамна разграничивме на пазарот што е наша работа, што туѓа и што може да ги натераме другите да прават. Секоја фирма си има маркетинг оддел, а таквите и сериозни маркетинг буџети, нивно право и желба е каде си ги трошат и тука нема љутиш.

Има некои статистики да се споделат колку се чита форумов а колку се чита порталот?
Има, но не се споделуваат, деловна тајна е.

Во период од 1-ви јануари, 2021 до 24-ти ноември, 2021, соодносот е следен при анализа на 4.376.816 прегледи на страна.
~44% портал vs. ~56% форум.

Еве го соодносот само за ноември, 2021:
45% портал vs. 55% форум
 
Последна промена:

Justice for All

Gaining Experience
10 септември 2010
262
154

Кога си се регистрирал, си се сложил со ова.

Ако сметаш дека ти ја нарушуваме приватноста слободно консултирај се со адвокат.
Ова беше: кажи ми одјеби без да ми кажеш одјеби.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,461
1,256
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Инаку, другите членови што го читаат ова, нека се произнесат на темава, би сакале да чуеме. Дали ви смета тоа што се линкуваат дискусии на иста тематика па дури и постари под статии?
Ми се допаѓа идејата, би требало да допринесе и до поголема дискусија, можеби повеќе зачленувања и дискусии и на форумот...

Имам неколку забелешки од тоа како е имплементирано:
  • одам најдолу во статијата и гледам форма за коментирање со placeholder "приклучи се на дискусијата" - пишувам таму коментар и мојот коментар оди најдолу, под коментарите од форумот, се формира посебен нов дел - коментари... премногу далеку едно од друго. Подобро место за мојот коментар да се појави е одма после формата.
  • делот со коментари од форумот, кој може да биде и од повеќе теми... - би го издвоил да се вика поинаку, не коментари - пример: Дискусии / Што се дискутира / Што рекоа / Што се разговара на форумот.... не сум сигурен како, но би сакал да е подобро крстено...

Да резимирам, според мене, подобро би било да има дистинкција помеѓу коментари напишани во самата статија и коментари превземени од форум, посебно коментари превземени од повеќе теми, бидејќи некои од нив може да звучат како да се пишувани за нешто друго, а не за самата статија. Друга работа, нема да е збунувачки, бидејќи кога првпат пишував коментар на статијата, делуваше тотално збунувачки за мене, се појави на сосема друго место, неочекувано...
 
D

Администратор
31 март 2007
3,428
2,353
www.iwmnetwork.com
  • делот со коментари од форумот, кој може да биде и од повеќе теми... - би го издвоил да се вика поинаку, не коментари - пример: Дискусии / Што се дискутира / Што рекоа / Што се разговара на форумот.... не сум сигурен како, но би сакал да е подобро крстено...

Ај видите вака дали е подобро: Интервју со шампионите во CS:GO - BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација ⋆ IT.mk
Има за досредување багови, меѓутоа на прва дали ви е ПООК пристапот.

1637849429640.png

@toshex @Astro @moongose @TylerMkD
 
Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,329
13,206
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
И мене ми делува некако дека најпобоље е статијата да заврши со една реченица од типот: Сакате да прочитате што мисли нашата ит заедница на оваа тема, со само еден допир со курсорот врз овој линк, ќе влезете во волшебниот свет на форум.ит.мк каде и Вие, да токму Вие, ќе може да се вклучите (или вкључите) во дискусијата.

Едит: Е да бе, дур куцав тука го препрајвте, и сега врска ми нема муабетот, абе шо ве е*аам, не играм веќе.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,488
6,089
Мелмак
На кратко 1:1 нови теми ко шо кажа @moongose и ко шо јас предлагав е едино решение.

Ко шо кажа и @Astro сите сакаме да знаеме дали коментираме на форум или на статија. Мора да има дистинкција и ептен ми се свиѓа идејата на Мунгус за посебен подфорум каде ќе се отвараат овие теми за статии каде обични корисници нема да може да отвараат теми.

Ако се секирате за конфузии скријте ги од последни мислења. Ама сакате дискусија така шо остајте нека има повеќе теми и нека се јасно обележани.

Оти пак ќе кажам на никој не му смета да има дискусија форумска испод статија, ни смета ова со рециклирањето постоечи дискусии и тоа шо не знаеме која дискусија следно ќе ја објавите под статија а не сме планирале како членови да коментираме на статиите.

—————-

Фидбек за статиите:

Се слагам дека ИТ вестите ги читам на англиски сајтови и претежно на јутуб а ги дискутирам тука со заедницава на форум.

Не сакам да ги дискутирам под статија шо ќе ја напишете за веста 5 дена покасно.

Едноставно мал бавен и малку недоволно добар е стилот на пишување и информирање од ит мк порталот. Разбирам дека за тоа да се подобри треба време труд и повеќе вработени ама и вие треба да му дадете време и труд а не да идете по полесен пат и да си копирате коментари.

Напишете подобра и поажурна содржина и дискусијата сама ќе дојде.

ТЛ;ДР - сметам дека прашањето кон членовите треба да биде “дали ви смета стари дискусии да користиме како прикачени на идни статии”

Никој нема замерка да прикачувате 1:1 дискусии. Ама ко шо гледам до сеа сите шо се произнесле се слагаат дека е неинтуитивно, лошо и мислидинг како сте го направиле со ова ЦСГО интервју статијата.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,032
5,308
Ај видите вака дали е подобро: Интервју со шампионите во CS:GO - BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација ⋆ IT.mk
Има за досредување багови, меѓутоа на прва дали ви е ПООК пристапот.

Погледнете го атачментот 106606

@toshex @Astro @moongose @TylerMkD

Ова е веќе друго. Ама нели сте го мислеле концептов, иновација ова она...после Тоше крив.

Тоше за член на месецот!!!
Мислењето е автоматски споено:

Тоше во просек вадат 5.000 - 6.000 посети дневно, тоа е екстремно ниско и нема шанси да има заработка за доволен квалитет. Реалноста е таа, и јас не би се замарал.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,488
6,089
Мелмак
Ај видите вака дали е подобро: Интервју со шампионите во CS:GO - BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација ⋆ IT.mk
Има за досредување багови, меѓутоа на прва дали ви е ПООК пристапот.

Погледнете го атачментот 106606

@toshex @Astro @moongose @TylerMkD

Жалам ама јас не сакам воопшто таму да стојат мои постари коментари кои не биле наменети за таа статија. Нема компромис за тоа од мене и ко шо кажав ако ова остане така јас во иднина сигурно нема скоро ич да коментирам и на форум за да не завршат мои коментари каде што не биле планирани да стојат.

Ова сметам беше јасно од моментот коа побарав да ги избришете тие коментари ако веќе ја држите таа тема врзана за статијата.

Од аспект на подобрување да сметам дека ако имате 1:1 теми за статиите убаво е тоа лабелата да се знае шо е дискусија шо е коментар само од гости. Ама никако не ми се свиѓа реискористувањево на стари теми и такво фластерче од промена на напис над коментарите во статијата не ми менува ништо. Се уште е исто проблематично за мене.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,488
6,089
Мелмак
Благодарам на разбирањето. Знам дека можда сум од тие шо се погласни за приватности и вакви ствари и некому може и ќе му предизвикам превртување очи со тоа но живееме во ера кај шо големите компании не не шишаат два посто за вакви работи и убаво е да опстане ова катче како заедница во која сепак се сослушуваме. Секоја пофалба на стрпливата дискусија од страна на Д.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,428
2,353
www.iwmnetwork.com
Тоше во просек вадат 5.000 - 6.000 посети дневно, тоа е екстремно ниско и нема шанси да има заработка за доволен квалитет. Реалноста е таа, и јас не би се замарал.

@TylerMkD во ред, згрешивме.
Меѓутоа згреши и ти во твојот пост погоре, тоа И е проблематично. Можда ти не би се замарал, ние се замараме. :)
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,032
5,308
@TylerMkD во ред, згрешивме.
Меѓутоа згреши и ти во твојот пост погоре, тоа И е проблематично. Можда ти не би се замарал, ние се замараме. :)

Се слагам тука нема што, очигледно е дека се замарате и покрај сите лоши логики, очигледно е дека само 180 насока е движењето за ИТ според тие бројки.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,488
6,089
Мелмак
Да се ориентираме конструктивно сеа @TylerMkD .

Ми го спои мислењето и не се гледа дека е обновена темата пред минута време, ама додадов и рецензија за најновата статија и од тоа ми текнаа тон предлози за теми за статии, една од кои е за дечкото шо донира компјутери на деца шо мислам е извонредна прилика за добра статија со оглед на шо се му се дешава (читам на твитер) во последно време.

ЕДИТ: бтв колку е времето за спојување на постови? Пошо ова ќе беше топ да си оди во посебен коментар мислењето со рецензија ама изглеа не помина доволно време па ги спои.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,119
3,570
Ај видите вака дали е подобро: Интервју со шампионите во CS:GO - BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација ⋆ IT.mk
Има за досредување багови, меѓутоа на прва дали ви е ПООК пристапот.

Погледнете го атачментот 106606

@toshex @Astro @moongose @TylerMkD

Ова е вака заради темата што е од порано или вака ќе биде и понатаму?
1637919265420.png

Затоа што долу вика 22 коментари, горе 0. Ова наведува на две различни нишки за коментирање.
Ако ставам коментар на другиот таб, затоа што не гледам можност за коментирање на веќе постоечките објави, дали тој коментар ќе се појави како самостоен или ќе се надоврзе во групата?

Ако биде една тема, тогаш не би требало да е ова одвоено во два таба, туку да има мал простор за текст за „вашиот коментар“ а под него да се претходните коментари со назнака и линк дека истата тема е и на форумот и дека може и таму да се продолжи дискусијата.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,428
2,353
www.iwmnetwork.com
Ако биде една тема, тогаш не би требало да е ова одвоено во два таба, туку да има мал простор за текст за „вашиот коментар“ а под него да се претходните коментари со назнака и линк дека истата тема е и на форумот и дека може и таму да се продолжи дискусијата.

Различно ги брои, независни се. Што се дискутира на ИТ форум... има 22 коментари, а коментари на статија се 0. Ако има 1 коментар на статија, ќе си стои коментари 1. Може да го смениме во коментари на статија и коментари во тема, за да е појасно.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,119
3,570
Различно ги брои, независни се. Што се дискутира на ИТ форум... има 22 коментари, а коментари на статија се 0. Ако има 1 коментар на статија, ќе си стои коментари 1. Може да го смениме во коментари на статија и коментари во тема, за да е појасно.
Да, мислам дека би требало да се смени ако остане така.
Но како што разбрав, сите коментари од сајтот ќе одат во посебна тема на форумот и обратно. Останува тоа да се реализира или сепак ќе остане вака?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,029
Мислења
870,505
Членови
30,365
Најнов член
Meri2310
На врв Дно