Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Тема за портабл аркадни емулатори

xenon

Epic
15 јануари 2011
3.969
10.497
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7950X, 420mm Arctic Freezer Push-Pull
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
64GB (2x32) DDR5 6000Mhz G.skill TridenT Z C30
Video card
Gigabyte 7900 XT 20GB
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus Rog Swift PG42UQ
OS
Windows 11 Pro
Мала тема за многуте портабл емулатори што се испилија по Алиекспрес. Се работи за уреди кои ценовно се движат од $20 па нагоре. Најпопуларни/најпродавани се оние околу $40-$60 од типот на RG35XX Plus, R36S, Miyoo Mini итн. Базирани се на ARM платформа со 2/4 А7 или А53 јадра (поефтините), 512MB-1GB DDR3/4 Ram и 1-2 слота за microSD картички на кој се наоѓа OS/ром и игри. Зависно од верзијата, можат да репродуцираат голем број платформи т.е. игри од аркадите (флипери) на времето па се до нинтендо, PSP, PS One, dreamcast итн. Зависно од моделот, +- имаат 3.5" IPS екрани, моно (х1) звучник, 2500mah батерија (доволна за неколку саати играње), 1-2 USB-c порти, wifi/bt (поскапите модели) за играње во друштво итн.

cn-11134207-7r98o-lnhyxz5f1bbvb2

Лично го нарачав ова горе погоре (R36S), за околу $40, и се израдував повеќе од многу-многу поскапи играчки а искрено не очекував многу. Игри како Punisher, Cadillacs & Dinosaurs, Pang се феноменални на гизмово и дојдоа пре-инсталирани, без никакви сетирања и зезалици, буквално плаг-ен-плеј. Ќе напишам подетално откако ќе го проучам неколку дена. Споделете ако некој има нешто вакво или темата нека се премести ако веќе постои.

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.297
6.417
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Конзоли за бумери :LOL:
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.853
4.649
Ги гледам овие конзолчиња некое време, многу интересно изгледаат. Ама не се одлучувам да нарачам, пошто знам дека ќе си поиграм со неа два-три дена и тоа повеќе со самото конзолче отколу со игрите и после ќе фаќа прашина во некоја фиока.

Конзолите што ги емулира и игрите на нив беа добри во нивното време. Не верувам дека денеска некој ќе ги игра како што се играа тогаш. Можеби некој носталгичар што сака да се присети на тие времиња, денешниве деца нема шанси да се вратат на овие игри.

Баш пиши впечатоци после некое време.
 
DeJaVu

Practice makes perfect
21 ноември 2010
966
1.251
Скопје
Мала тема за многуте портабл емулатори што се испилија по Алиекспрес. Се работи за уреди кои ценовно се движат од $20 па нагоре. Најпопуларни/најпродавани се оние околу $40-$60 од типот на RG35XX Plus, R36S, Miyoo Mini итн. Базирани се на ARM платформа со 2/4 А7 или А53 јадра (поефтините), 512MB-1GB DDR3/4 Ram и 1-2 слота за microSD картички на кој се наоѓа OS/ром и игри. Зависно од верзијата, можат да репродуцираат голем број платформи т.е. игри од аркадите (флипери) на времето па се до нинтендо, PSP, PS One, dreamcast итн. Зависно од моделот, +- имаат 3.5" IPS екрани, моно (х1) звучник, 2500mah батерија (доволна за неколку саати играње), 1-2 USB-c порти, wifi/bt (поскапите модели) за играње во друштво итн.

cn-11134207-7r98o-lnhyxz5f1bbvb2

Лично го нарачав ова горе погоре (R36S), за околу $40, и се израдував повеќе од многу-многу поскапи играчки а искрено не очекував многу. Игри како Punisher, Cadillacs & Dinosaurs, Pang се феноменални на гизмово и дојдоа пре-инсталирани, без никакви сетирања и зезалици, буквално плаг-ен-плеј. Ќе напишам подетално откако ќе го проучам неколку дена. Споделете ако некој има нешто вакво или темата нека се премести ако веќе постои.

Интересни се, али премали се екраните на овие, 3.5 инчи. Башка не е баш најудобна позицијата/ергономијата на контролите.
Пошто и онака со ова треба да мкнеш додатен уред, пре би земал телескопски гејмпад за мобилен(или држач за мобилен за контролер од пс4/пс5 или иксбокс), и би го напунил телефонот со емулатори и игри. Има одлични фронтендови за андроид кај што можеш да ги собереш сите на едно место.

денешниве деца нема шанси да се вратат на овие игри.
Море остај, праев аркејд стик со расбери пред некоја година, и носејќи го на гледање кај едно другарче не начека внука му од 10 години таму. Се утепа од летање, и не ни дае на нас децата да си поиграме :). Не ми текнува која беше играта, така по детска.
Можда на фортнајт младичи не би им било интересно, мада што ги знаеш. Децава сунѓер се, а ова е сепак ново(старо) искуство за нив.
 
Сѐ што е ново е интересно и привлекува внимание. Прашањата се дали ќе успее подолго да го задржи вниманието и колку долго. Со вакви ретро работи најчесто е „секое чудо за три дена“.

Еве пример, дали уште редовно играш на расберито со стикот?
 
DeJaVu

Practice makes perfect
21 ноември 2010
966
1.251
Скопје
Еве пример, дали уште редовно играш на расберито со стикот?
Веќе не, пошто го немам. Али тој период регуларно се праеше мултиплеер на Snow Bros, Super Pang, Mustafa, Final Fight, Blood Bross итн. Му извадив некоја година забава, башка процесот на учење и сорсирање на делови, правење на кутијата за џојстикот и курирање на листа со игри си е забава сам за себе. Пошто малтене сите ромови за маме ги прегледав, знаеше да улета некоја игра заборавена и ептен да направи мерак.
Не е исто забавно ко да играш у друштво(ти прави мерак и реакцијата на другиот што повторно ја игра играта после многу години), али ипак има некој месец занимација и со овие маливе за сингл плеер ако не си изгустирал претходно се на маме на пц.
Мада јас пак би идел со мојот предлог, телефон со фронтенд за емулаторите и асален гејмпад.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.850
Мислења
970.141
Членови
35.209
Огласи
2.835
Најнов член
TamaraR
На врв Дно