1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Тема за кабелскиве оператори?!

Дискусија во форумот 'Електронски медиуми' започната од LCD TV, 13 Февруари 2015.

  1. LCD TV

    LCD TV
    Intern

    170
    41
    15 Јуни 2014
    Машко
    Здраво народе!
    Сакам да отворам нова тема за кабелскиве оператори за добрите, ама и за лошите нивни страни.
    Читам на форумов, сакам да купам или купив ваков или онаков Смарт фулл ХД ТВ. Сето тоа убавина, ама скоро сите сме приклучени на некој од кабелскиве оператори. Ева јас на пр. сум приклучен на МАХ ТВ, ама од понудените 50 програми од нивна страна останаа уште околу триестина и околу 70% од нив се без без врска. Кажувам без врска, бидејќи јас слабо скоро ИЧ не ги гледам, а верувам и вие ќе се согласите со оваа моја изјава.
    Инаку имам Смарт фул ХД ТВ,...сакам да кажам џабе, бидејќи сликата од овој оператор МАХ ТВ е никаква, т.е., демек била во ХД ништо од тоа. Се прашувам кога ќе почнат да се држат овие кабелски оператори до ветеното? односно до кога ќе си играат со нас потрошувачите?
    За почеток толку од мене,...вие понатаму повелете со ваши искуства и предлози.
    Поздрав
     
  2. LCD TV

    LCD TV
    Intern

    170
    41
    15 Јуни 2014
    Машко
    Здраво човеци!
    Никој да гукне за темава иако е многу интересна. Незнам во што е проблемот!? Па кабелскиве оператори нудат секакви пакетчиња, затоа давајте препораки и искуства кој што нуди.
    За почеток еве вака: По билбордиве низ Скопје еден оператор ваква реклама удрил: нудам 120 програми од кои 30 во Full HD, 6 спортски програми итн, сето тоа за само 499 денари.;):cry:
    Ова 499 денари го напишал со големи букви, а под него со микроскопски букви напишал: Оваa цена важи само првите 4 месеци,....а јас велам: што по истекот на тие 4 месеци? се знае,... следи бричење на суво!!
    Затоа внимавајте, односно многу внимателно читајте ги договорите кога ги потпишувате на 2, 4 итн години?!!
    Ајде поздрав,...
     
    Последна промена: 30 Април 2015
  3. emet_

    emet_
    Гостин

    после појавата на интернетот, престанав да гледам телевизија.
    има многу повеќе на интернет отколку на било кое друго место.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,860
    2,425
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Многу луѓе си купија убави скапи телевизори за да гледаат телевизија со"HD канали".
     
  5. LCD TV

    LCD TV
    Intern

    170
    41
    15 Јуни 2014
    Машко
    Незнам зошто не ја подржувате темава, во која толку работи можат да се пишуваат?!
    Има убај, но и многу неубај,.....
     

Сподели

Вчитување...