• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3.749
4.706
Скопје

Здраво
Дали го бива овај телевизор гледам е 2000ден поефтин од кај нас
Поздрав
Скоро земав UQ серија за татко ми, да знаеш дека сите 50ки им се VA панел, исто и Наносел. Во нептун викаат дека се IPS ама не се. Овој што го посочи е 2021 модел, имаше исто еден серија во Нептун малку поевтин, еве гледам дека е 23К за црн петко. Практично и да нема разлика многу меѓу нив, океј се, софтверот на LG е добар и имаат добра поддршка. Ако сакаш IPS, или поголем или помал од 50 инчен, пееските им се VA.
Не би ти советувал од жирафа да земеш ако е со една година гаранција, освен ако не ти е битно тоа.
 
stavrov69

Gaining Experience
26 ноември 2008
476
297
Може ли да ми дадете мислење за овој тв, гледам има некое намаление за црниот петок.

Sent from my SM-G998U1 using Tapatalk
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.048
1.262

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
932
1.158
Ми треба предлог за телевизор. Од брендови почитувам LG>Sony>Phillips, во тој редослед :), но ако некој има друг предлог слободно нека додаде. Макс буџет ми е 1000еу, ако ептен вреди да се доплати... Инаку би рекол 700.

ТВ-то ќе биде во дневна која што е доста осветлена преку ден, со дистанца на гледање некаде на 3м од комодата.
За осветленоста колку што имам читано ОЛЕД пример не е добар за многу осветлени простории. А за дистанцата се водев по ова но со оглед дека малце офф ми личи, за 3м 70" тв :))). Па би се одучил за 55ка како некоја златна средина.

Вака што разгледав овие ми фатија око:
https://www.neptun.mk/categories/televizori/LG-55-UP-81003-LR
https://www.neptun.mk/categories/televizori/LG-55-UQ-90003-LA-
https://www.tehnomarket.com.mk/product/29386870/sony-kd-55x80j-55-4k-ultra-hd-smart-led-google-tv
https://www.tehnomarket.com.mk/prod...00712-4k-android-tv-with-p5-processing-engine
Да не излезе прашувам а не купувам:). Го земав филипсот поточно PHILIPS 55PUS8007/12, со попустиве искочи 30к што ми личеше на одлична зделка.
Примарно поради тоа што е со андроид. Малце сони и лг затупеа со нивните оперативни кои што се доста лимитирачки, во поглед што можеш и не можеш да инсталираш. Друго ми беше што има амбилајт, кој го гледам како голем плус. Рестото е стандард ко и со секој ТВ од тој ценовен ранг, има добро ривју тука Philips PUS8007 Review: Affordable 4K TV With Ambilight
 
bakigvg

Gaining Experience
28 јуни 2016
184
97

Каков оперативен лимитирачки ситем има Сони ? Па и тој е Андроид. А овој Амбилајтов ти е добар маркетинг.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1.946
2.911
Струмица
Да не излезе прашувам а не купувам:). Го земав филипсот поточно PHILIPS 55PUS8007/12, со попустиве искочи 30к што ми личеше на одлична зделка.
Примарно поради тоа што е со андроид. Малце сони и лг затупеа со нивните оперативни кои што се доста лимитирачки, во поглед што можеш и не можеш да инсталираш. Друго ми беше што има амбилајт, кој го гледам како голем плус. Рестото е стандард ко и со секој ТВ од тој ценовен ранг, има добро ривју тука Philips PUS8007 Review: Affordable 4K TV With Ambilight
Почнав да го пратам овој модел со цената во Техномаркет од пред 3 недели. Беше 34к, па кога прашав за него следниот ден гледам ја намалиле на 31к. Си викам ај ќе почекам до Црн Петко, може ќе се излажат да намалат уште малце.
И така и јас се подновив со истиов модел, кој за 30к е одличен, а Андроид 11 е супер брз. За Амбилајтот не се дискутира, затоа и зимам само Филипс, а кој не гледал со Амбилајт ќе си мисли дека е добар маркетинг.
Ова ми е втор Филипс, првиот го земав за брат ми, Серија 7000 (7906) со Андроид 10, а овој е Серија 8000 (8007).

Следен дефинитивно ќе биде Philips OLED серијата со Philips P5 Picture Engine, само да паднат троа цениве на OLED.
 
mviktors

Practice makes perfect
25 октомври 2012
1.070
1.563
mviktors's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS MAXIMUS VIII HERO
Storage
1TB 970 Evo + Samsung SSD 500gb + WD10EZEX 1TB
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
EVGA GeForce RTX 3070 Ti FTW3 ULTRA
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
Logitech G305
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 10 x64
Глеам телевизор за моите од понудата на Телеком, продолжуваат Магента па да се искористи буџетот што следува. Буџетот е околу 500-600 евра за 55 инчен ТВ, па мислев да го земам овој модел на Филипс што го спомнувате Philips PUS8007, ама моментално го нема на залиха. Што е разликата помеѓу тој и Philips 55PUS7657/12, овој претпоставувам нема Ambilight? Не сум врзан за Филипс, досега неам користено и поима неам каков им е софтверот, може да предложите и некој друг телевизор во тој ранг посебно ако некој земал во скоро време.
 
Прескокни ги моделите 55PUS7607 и 55PUS7657. Немаат Амбилајт, немаат Андроид ОС (11), имаат 2 јадра наспроти 4 кај 8007. Генерално послаба серија од 8007.
Model alias55PUS8007
55PUS8057/12
55PUS8057
55PUS7607
55PUS7657
Operating system (OS)Android 11Saphi
 
DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1.167
1.402
Како сте задоволни со Phillips телевизорите? Конкретно респонзивноста откога ќе кликнеш на даљинското дури реагира тв-то?
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.337
9.005
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Како сте задоволни со Phillips телевизорите? Конкретно респонзивноста откога ќе кликнеш на даљинското дури реагира тв-то?
Некогаш е топ, некогаш и после 5 секунди реагира, некогаш меша команди, куцам некој пасворд и како да сум стиснал на sources. 43PUS7304/12
 
acikaaa

Gaining Experience
22 октомври 2018
485
465
Скопје
Од ноември 2019 го имам 55PUS6754/12 и сум задоволен, едино проблем ми е што не е андроид, сепак нивниот ОС е малку глупичок, ограничен со апликации, така да ако земаш гледај да е андроид
 
mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
286
131
- Јас го имам Philips 43PUH6101, но цркна пред 10ина денови (има звук нема слика) - Имате искуство со ваков дефект?

- На размислување сум за нов, па некако го меркам LG 43 NANO753PR за 27.600 (со Happy картичка). Некој да не го користи тој или сличен ТВ?
 
Mar tiN

Gaining Experience
2 јануари 2014
644
408
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 / Cooler Master Hyper 103
Motherboard
ASUS B85M-K
Storage
SSD 2.5" Kingston A400 Series 480GB + Western Digital 4TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston 16GB 1600MHz DDR3
Video card
ASUS Dual GeForce RTX™ 3050 OC Edition 8GB
Case
Cooler Master K350
Mouse
ASUS W3000
Keyboard
ASUS W3000
Monitor
Samsung SyncMaster 2032BW
OS
Windows 11 Pro x64
- Јас го имам Philips 43PUH6101, но цркна пред 10ина денови (има звук нема слика) - Имате искуство со ваков дефект?
Однеси го на сервис , треба замена на позадинско светло - лед .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mkd

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
286
131
Некој да не знае кој е активен сервис за Philips телевизори (Видеодата не е)?
 
џонидерп

Gaining Experience
16 јуни 2019
108
65
Од нискобуџетниве марки, која е нај ок? Читам TCL и Hisense. Препорака за 50'' smart/android? За филмови, нетфликс и спорт.
 
Jackie

Intern
7 февруари 2020
41
17
Здраво друштво,

Совет ако може кој од овие два модела е подобар.

Благодарам однапред.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
904
77
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Здраво друштво,

Совет ако може кој од овие два модела е подобар.

Благодарам однапред.

Sent from my iPhone using Tapatalk

И двата се енергетска класа G.
Download-ирај ги фајловите најдолу EU Energy label 2019 од следниве линкови
LG LED UP75 55'' 4K Smart TV | LG UK
LG LED UQ81 55'' 4K Smart TV | LG UK

Ако тоа не ти смета, нема некоја голема разлика.
 
Jackie

Intern
7 февруари 2020
41
17
И двата се енергетска класа G.
Download-ирај ги фајловите најдолу EU Energy label 2019 од следниве линкови
LG LED UP75 55'' 4K Smart TV | LG UK
LG LED UQ81 55'' 4K Smart TV | LG UK

Ако тоа не ти смета, нема некоја голема разлика.

Ова во превод значи дека ќе троши повеќе струја, нели? Прашувам бидејќи не сум запознаен многу со овие енергетски класи. Изгуглав и гледам дека G е најлоша енергетска класа само математички не знам како да го израчунам. Off topic: ТВ-то би работел од 10-12 часа дневно.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.048
1.262
Ова во превод значи дека ќе троши повеќе струја, нели? Прашувам бидејќи не сум запознаен многу со овие енергетски класи. Изгуглав и гледам дека G е најлоша енергетска класа само математички не знам како да го израчунам. Off topic: ТВ-то би работел од 10-12 часа дневно.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Колку е поголем телевизорот толку повеќе струја троши, 32-40 трошат помалку од 55-65 инчни телевизори. Е сега не знам колку е потрошувачката на тој телевизор но не би требало да оди повеќе од 100евра годишно, под услов да не го користиш навечер на евтина тарифа, туку само преку ден.
 
Fidan

Gaining Experience
18 април 2017
108
112
Би требало околу 150тина вати на час, 55ките отприлика таа им е потрошувачката
Мислењето е автоматски споено:

Инаку uq81 е една година понив модел, би требало да е за нијанса подобар
 
Jackie

Intern
7 февруари 2020
41
17
Уште еден модел влезе во игра:

Мислење ќе ве молам помеѓу новиот додаден или едниот од претходните два кои ги пратив.

Благодарам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44.259
Мислења
919.958
Членови
32.914
Огласи
1.066
Најнов член
NaniEli
На врв Дно