1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телевизор со Android, или обичен телевизор и Android TV Box?

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од fuzzjaw, 28 Јуни 2016.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    965
    1,475
    13 Јануари 2014
    Машко
    Каснам неколку години со муабетов (уште имам CRT дома), ама се решив да земам телевизор до кај ~400eur, и сум во дилема, се надевам некој овде се разбира повеќе од мене па ќе ја решиме.

    Решен бев да земам телевизор со Android, ама вработен во Anhoch ми рече дека многу попаметна опција би била да земам обичен телевизор, па да го врзам со Android TV Box. Цената е тука-така, дури и малку поефтина, а перформансите биле наводно подобри.

    Искуства со едното/другото/двете? Кое би било подобра опција и зошто?
     
  2. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Тевелизор ЛЕД + Ми Бокс :)
     
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    965
    1,475
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ќе најдам добар LED до 300eur? Целосен буџет ми е 400eur, не можам ни денар погоре :) Ако имате препорака за конкретен телевизор/box/комбинација, слободно :)
     
  4. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Би требално но нема да е смарт :)
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Боксот нуди поголема брзина и флексибилност. Недостатокот е што сепак врзуваш друг уред а со смарт телевизор нормално андроид и ТВ си добиваш во една кутија :).

    Зависи што очекуваш од аспект на андроид. За обични сурфања и сл. андроид ТВ е доволно. За понапредни опции и инсталација на апликации бокс е каде каде подобра опција.
     
  6. Rodrigo

    Rodrigo
    Gaining Experience

    179
    93
    18 ноември 2013
    Машко
    Јас сум повеќе за вграден андроид.Комшијава купи тв бокс од 5000 денари и не ми се допаѓа
    Инаку каков и да бараш за многу поевтино преку @Dinamit
     
  7. reflexmk

    reflexmk
    Gaining Experience

    358
    425
    13 Март 2014
    Машко
  8. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,598
    1,359
    27 Јануари 2011
    Машко
    По мене многу подобра опција е ТВ со Андроид бокс посебно.
    Јас користам HDMI стик со Андроид и работи супер. Инсталираш што сакаш, се управува преку телефон, имаш опција за безична тастатура и тачпад. Филмови и серии гладам преку самба од мрежен диск. И далеку е побрзо од било кој Смарт ТВ.
     
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    965
    1,475
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ова е Smart TV, ама не е Android, а немам намера да барам апликации за неговиот оперативен, плус е знак прашалник што има што не од она што би го користел.

    Би инсталирал апликации ама најмногу ми е Android-от заради futureproofing, гледам дека последниве година дена многу корисни апликации излегоа за TV, а не се со намера да престанат, така да убаво би било да го имам. Инаку проблемот со управување преку телефон е што дома сме сите на Windows Mobile, така да Box-от не знам колку ќе можам со телефон да го управувам, ама би требало и далечинско да има со него, не?
     
  10. Motherboard

    Motherboard
    Gaining Experience

    150
    189
    4 Септември 2015
    Машко
    Инвестирај се што имаш во добар панел јас би ти препоралал LG за тие пари можи да најдиш 42/43 инчи (јас имам 42 купен 21к пред фазла од година дена FHD) + имам Beelink X2 јас го платив 30$ сега е 25$ и сум презадоволен и од 2та уреди, и со бокс ти е супер комбинација не ти треба комплициран софтвер во TV.
     
    На bobmkd и moongose им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...