theKatmer
Gaining Experience
- 10 јули 2022
- 106
- 112
Здраво, ја започнувам темава со цел да видам дали има некој други луѓе тука со ист или сличен проблем како мојот. Јас сум од прилично рурално место каде што сеуште нема наместено оптички и сеуште се тера со ADSL. Јас лично имам пакет од телеком кој се на се ми се сведува околу 4,200 денари месечно, и како што може да претпоставите брзината со ADSL е страшно бавна а јас плаќам за многу подобар интернет кој во суштина го немам. Сум се обратил во телеком многу пати, само ми викаат дека треба да одам во салонот и да поднесам барање за местење на оптика во мојата населба и исто така ми кажаа дека најверојатно ќе е бадијала и да поднесам барање пошто шансата да наместат оптика тука е страшно мала, ме интересира дали некој е информиран или имал сличен проблем и успеал да го реши на некој начин? Плаќам огромна сума за брзина на интернет која треба да ја имам а во реалност добивам не цели 5% од таа брзина 