1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телеком презентираше 5G Demo во Македонија.

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од DrMTR, 17 Септември 2018.

Тагови:
  1. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,190
    6,301
    27 Март 2014
    МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ГО ИЗВЕДЕ ПРВОТО 5G ДЕМО ВО МАКЕДОНИЈА
    • Измерена брзина на мобилната мрежа за над четири пати поголема од 4G брзините
    • Телеком се подготвува за комерцијалниот старт на 5G
    Денес, во Скопје, Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во земјата, со што направи уште еден чекор кон воведувањето на оваа технологија во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

    За прв пат во регионот, измерена е брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.

    „Денес ја измеривме најголемата брзина досега, иако брзината не е главната придобивка од 5G технологијата. Овој нов технолошки стандард ќе го смени не само начинот на кој комуницираме туку и начинот на кој живееме. Денес, покажавме дека одиме во чекор со европските земји, ги поставивме основите, ја демонстриравме неверојатната брзина на 5G. Но ова е само почеток, ќе продолжиме да инвестираме и да ја надградуваме мрежата за да бидеме подготвени за комерцијалниот старт“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

    5G е нов технолошки стандард кој ќе биде главниот предизвик на телекомуникациските оператори во наредниве години. Супериорноста на мрежата во сите нејзини сегменти е главниот предуслов за воведување на оваа нова технологија. Со оглед на тоа, Македонски Телеком планира инвестиции во мрежата во наредните две години, за да ги исполни сите предуслови за комерцијалниот почеток на 5G.

    Makedonski Telekom
     
    На Speedster, Kajsibebraat, martin17 и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,096
    634
    2 Мај 2011
    Сега ако чујат за ова ВИП ке почнат 3G да го пуштаат.... :)
     
    На zdravkovskii, Makedonce01, Kajsibebraat и уште 16 други им се допаѓа ова.
  3. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    972
    1,107
    11 Март 2011
    Не би да кварам журка, но под facebook постот за 5G од телеком има доста возбудени корисници, кои не можат да дочекааат :)

    upload_2018-9-17_21-42-23.png
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cipiripi

    cipiripi
    Gaining Experience

    281
    307
    7 Септември 2010
    Не знам за други места, али за во Куманово ВИП има супер 4Г. Би требало и во другите градови да е добар, а посебно во Скопје.
    Затоа не ми се јасни поплаките.

    Иначе и ВИП се во подготовка за изградба на инфраструктура, односно во изработка е проектна документација за поставување на базни станици за 5г.

    Еве спидтест, ваљда е добро ова? [​IMG]

    Sent from my ONEPLUS A6000 using Tapatalk
     
    На martin17 и Isak Keyten им се допаѓа ова.
  5. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    552
    263
    5 ноември 2013
    Машко
    Ти завидувам, еве вип 4г Скопје, Аеродром. (Ова е еден од подобрите резултати, по што техничка служба на вип тврди 20мбс е многу за 4г)
     

    Прикачени датотеки:

  6. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,190
    6,301
    27 Март 2014
    Им кажа ти на техничкото лице дека Итар Пејо е замислен лик , и дека постои само во приказните? Нека престанат да измислуваат приказни цело време. LTE или 4G Има "теоретска можност " да извади брзини над 200 mpbs. Кажи им само на таа 20-ка дека во реалност треба да се додаде уште една нула само.
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    643
    670
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Го памтам денот кога истово го читав за 4Г од телеком кога го најавија :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    939
    353
    17 Јуни 2008
    Не можам да го најдам screenshot-от, во Гевгелија имам постигнато 180 мегабита, во Скопје сум терал и до 130.

    Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
     
  9. Krk198

    Krk198
    Gaining Experience

    141
    152
    14 Септември 2016
    Машко
    [​IMG]

    Скопје, Центар ми е заглавено на 10 може година

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  10. 123456

    123456
    Gaining Experience

    743
    356
    12 Април 2013
    Машко
    Каде во центар ова што ти дава 10мбпс празни моабети тераш ?
    Screenshot_20180918-072423_Speedtest.jpg
     
  11. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    473
    405
    12 ноември 2013
    Знаете дека брзината што ја имате не зависи само од операторот, туку си има и други bottlenecks, така?

    SmartSelect_20180918-073158_Speedtest.jpeg

    Испратено од SM-N950F преку IT.mk форум апликација
     
  12. Krk198

    Krk198
    Gaining Experience

    141
    152
    14 Септември 2016
    Машко
    Кај универзална сала.

    Е кажи чаре, и на други телефони на истиот пакет е таа брзина.



    Еве и од сега

    [​IMG]
     
  13. snowkit

    snowkit
    Intern

    6
    1
    21 Август 2015
    Машко
    Ако си на стар тарифен модел од оне или вип што нема вклучено 4г е лимитиран на 10/2 треба да активираш speed boost опција
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    712
    793
    2 Март 2011
    Машко
  15. marick14

    marick14
    Intern

    119
    38
    2 Март 2011
    Кој го пушта сега 5Г-то?
    Хуавеј ли?
     
  16. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    784
    570
    29 Март 2011
    На head1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    171
    137
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Ај некој да објасни малце повеќе за ова? (Малце офтопик)
     
  18. marick14

    marick14
    Intern

    119
    38
    2 Март 2011
    Не мислев на тоа, погрешно ме сфати, или јас па погрешно го поставив прашањето.
    Мислев на тоа кој произведува 5Г мрежа?
    Знам дека требаше Хуавеј да биде, па рипнаа Америте со санкции кон Хуавеј и Кина, па сега дали си се врати на старо или некој друг е?
     
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Умреа ли сега патките у парк?
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bajramo

    bajramo
    Gaining Experience

    427
    271
    25 Јуни 2008
    Не

    Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
     

Сподели

Вчитување...