• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

„Телеком“ ќе се ребрендира во „T-Home“

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Со брендот на „T-Home“ до подобар имиџ и поголем број корисници. „Македонски Телекомуникации“ од следниот месец ќе работат со ново име „Македонски Телеком“.



Со логото и боите на „T-Home“ преземени од германскиот сопственик „Дојче телеком“, ветуваат нови услуги, ребаланс на цените.

„Ќе нудиме различни продукти, еден по друг. Првиот е рамна понуда, што значи претплата со многу прифатлива цена, сите телефонски повици по 7 часот навечер и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената. Потоа ќе нудиме услуги со ВоИП системот, ќе ја развиеме брзината на интернетот, а во последниот квартал од оваа година ќе воведеме и интернет телевизија“, изјави Николај Бекерс, главен извршен директор на Мактел.

Влезот на Мактел во семејството од 150 милиони корисници од 50 држави во светот, за менаџерите од „Дојче Телеком“ е одлична можност за развој на земјава.

„На нашите корисници во Македонија сакаме да им овозможиме пристап до се поголемиот потенцијал на модерните телекомуникациски услуги. Врз основа на заложбите направени од „Македонски Телеком“ и од „Дојче Телеком“ сакаме да играме клучна улога во економскиот просперитет на вашата земја“, вели Тобиас Шмит, директор во „Дојче Телеком“.

Претставниците на Владата во Мактел му посакаа добредојде на брендот „T-Home“. Ветија дека ќе го затворат прашањето за дивиденда, а се најавуваат и поевтини цени за конкурентите кои ја користат мрежата на Телеком за сопствен бизнис. Интерконекцијата ќе поевтини од 1 јуни.

„Ќе постои ребалансирање, ќе постојат нови тарифни модели“, вели Жарко Луковски, претседател на Одборот на директори на Мактел.

Ребрендирањето ќе чини неколку милиони евра. Ќе заврши за еден месец со концерт на градскиот плоштад во Скопје. Граѓаните ќе ги забавува англиската музичка група Шугабејбс.

Извор: А1
 

greenman

Intern
9 ноември 2007
211
1
Da se nadevame deka novite tarifni modeli ke bidat podobri(poeftini) od segasnite.Ostanuva samo da cekame da vidime sto ke napravat.
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Баш сега гледав на вести за ребрендирањево. Ај да видиме што цени ќе понудат, дали ќе има некакви промени. Претплатат пред се треба да се намали или укине.


сите телефонски повици по 7 часот навечер и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената.
Него не ми е јасна реченицава? Од 7 часот до?? И од 8 до??
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Конечно поголема брзина и повеќе (ако не и неограничен) download тоа ми се допаѓа.
Доколку е неограничен одма ќе земам од нив... ама да видеме .. да не е некој .. аха, до толку ГБ и после.. брзина да смалува.. да е неограничен ама без менување на брзина
 

taranenik

Intern
12 јуни 2007
555
13
Pa imas neogranicen internet i sega od kabelskite opertori. Jas koristam za 1500 ednari neogranicen upload i download.
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Каде бре во светот интернетот е 1500 денари? Си прашал до бугарија колку е неограничен upload/download? За во Америка да не зборуваме...
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Ова со ребрендирањево е тешка глупост. Многу пари фрлање. Ако не се сменат услугите и цените..џабе верглаат
 

dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
ај малку да објаснам, пошто сум упатен.
Т е главниот корпорациско концерн, под него се Т-Home, Т-Мобиле и T-Systems. Значи се под иста капа. На ова работев, го имам брендбукот и од таму знам, тие што гледале на пресот, банерите, говорницата, плус подароците за новинарите (кеса, папка, тефтер, усб и пенкало) ги дизајнирав.
Е сеа не мислам, туку знам дека брендирањето не е само фрлање пари (иако верувајте стварно многу пари се у питање :)
само за пример...видете како функцинира т-мобиле сега, а како беше кога беше мобимак. видете каков беше хрватски телеком а каков е сега кога е Т. значи не се менува само името и боите...едноставно начинот на работа, промоциите, нови пакети и услуги...најважно за нас е што цените ќе се намалуваат и полека ќе ја губат монополската позиција
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,893
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно