- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
Освен во телефонијата, Владата е соучесник во монополот на „Телеком“ и во делот на продажбата на компјутери.
Информатичарите бараат заштита од неетичните деловни потези на „Мактел“, кој во изминатите седум години на пазарот собра две милијарди евра од граѓаните.
Велат дека „Телеком“ не смее да продава компјутери бидејќи не поседува лиценца за тоа.
„Во очекување сме на одговорот на Комисијата за заштита на конкуренцијата по повод нашето барање за поведување на постапка против „Телеком“ за неговото нелојално работење во област на ИКТ индустријата“, изјави Ванчо Орданоски, претседател на ИКТ комора.
„Се надеваме дека со формирањето на новата Влада тоа наскоро ќе биде разрешено“, додаде Орданоски.
Во меѓувреме, неизвесно е кога ќе стартува услугата со која граѓаните ќе можат да изберат поевтини услуги од друг оператор без да го сменат телефонскиот број.
Опцијата, која според познавачите е шанса да се удри по монополот на „Телеком“, доцни веќе цела година. Досега никој од надлежните во државата не понесе одговорност за пробивањето на првичниот рок.
Извор: А1