1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телекабел никаква услуга?

Дискусија во форумот 'Останато' започната од m3nka, 29 Јануари 2014.

  1. m3nka

    m3nka
    Intern

    120
    3
    15 Септември 2008
    Корисник сум на Телекабел од многу оддамна. Никогаш или барем не се сеќавам, не сум имала толку лош интернет а ниту пак сервис. Четврти месец како се јавувам, праќам приговори и мејлови да ми го средат интернетов ,а скоро секој одговор е остајте ми контакт телефон ќе пратиме екипа. Пишав порака и на АЕК исто не ми вратија ништо. Се Од дисконект до големи пингови, паѓање на download брзина до 0,2 и сл. Му се случува ли ова на некој, или барем знаете што можам да направам? Некој начин да сменам друга кабловска? Било што... Не се трпи ова. :mad: :mad:
     
  2. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,360
    189
    22 Декември 2007
    Не ти го сервисираат проблемот? Ако е тоа случај, раскини го договорот без да им плаќаш пенали. Доколку се противат на тоа, истакни дека ти се случува тоа 4 месеца, како и дека имаш повеќе приговори поднесено, а исто така и приговор доставен до АЕК.

    Потоа склучи договор со друг интернет провајдер.
    Патем, не знам од каде си, но доколку нема друг кабловски оператор, секогаш можеш да одиш со T-home. Во главно T-home се постабилни од кабелските провајдери, но и соодветно поскапи во однос на услугите. :)

    Поздрав
     
  3. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,446
    1,869
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Јас сум корисник на Телекабел, никогаш не сум имал слични проблеми. И кога имало проблем, го решавале во рок од 24 часа.

    Еве баш сега тестирав, 15 mbps со мизерната 1 mbps upload брзина.
    [​IMG]
     
  4. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,818
    3,893
    5 Јули 2013
    како си им пишал на АЕК? АЕК не одговараат на емаил, одговараат(ако воопшто ти одговорат) само на препорачано писмо испратено по пошта. Другото све им оди во спам пораки ако е електронски. Оди кај нив лично разговарај. Ако имаш сериозен проблем, биди сериозен корисник. Стани од пред компјутер и растрчај се малку каде што треба.
     
    На Даниел Калевски му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m3nka

    m3nka
    Intern

    120
    3
    15 Септември 2008
    Не е проблем да се растрчам и да прашам. Сакав да ме информираат пред се. Да и тоа ќе го направам :)
     
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,490
    2,483
    14 Мај 2008
    Машко
    Телекабел не те обврзува со договор. Едноставно отиди им во канцеларија и речи дека сакаш да го прекинеш договорот со нив. После тоа отиди во T-Home или One и заврши си работа.
     
  7. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Во кој реон си ме интересира? :)
     
  8. m3nka

    m3nka
    Intern

    120
    3
    15 Септември 2008
    Ми одговараат пакетите што ги нудат кабловскиве оператори. Не сакав да земам преку т-хоме или оне , се разбира заради цената. Се надевав дека можат да го поправат проблемов, кој што мислам дека не е само кај мене туку на одредени корисници од населбава. Инаку сум од Хиподром, и познавам корисници на телекабел кој што имаат и немаат проблеми од истава населба.
     
  9. Shutter

    Shutter
    Gaining Experience

    349
    120
    29 Декември 2010
    Машко
    Студент
    Зашто не пробаш со Blizoo?
    Нудат солиден интернет, а поефтини се од T-Home и One.
     
  10. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    Јас планирам да се откажам од Телекабел, скоро секое утро кога ќе станам немам ни интернет ни фиксен телефон. Се двоумам помеѓу One и Blizoo
     
  11. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,685
    1,130
    16 Јуни 2010
    Машко
    Blizoo ти е правиот избор, прашај само комшите ако се на близу како се задоволни. Ако си едини, тогаш тоа можеби и е најдобро. Тој дел од малоото само ти ке си активен и нема да има проблеми.
     
    На hebocig му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    Подобри се од One?
     
  13. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,685
    1,130
    16 Јуни 2010
    Машко
    Зависи што тражиш. Бум има повеќе филмски канали. Нема HD, има послаб нет и фиксна(не користам и неможам да коментирам за ова).
    Близу има повеќе канали, поквалитетна слика(бум прави компресија), али нема филмски многу канали,пример HBO фали. HD канали има 16. Нетот е ок, неограничен е а и upload ке го зголемат за брзо време. Најубаво разгледај си ги понудите, и прашај околината ако користи најдобро така ке заклучиш. Пошто некаде опремата е позастарена и кај двата оператора и можни се прекини или како да кажам послаб квалитет на услугите.(Ова за оне важи само за нетот, бумот работи на друг принцип).
     
    На hebocig му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Моето искуство (општина Центар) со Телекабел е дека интернет и телефон снемува секојпат кога врне дожд. Проблемот првпат е приметен есента 2013, од тогаш до сега е пријавен преку 50 пати од кои 20 пати во текот на летово но џабе, одговорот е дека ке испратат екипа на терен или дека веке работат на случајот.

    Мој близок исто има интернет од телекабел но во Аеродром, кај него е прва лига.

    АЕК нема да ти го среди проблемот, АЕК може само да изврши притисок врз телекабел на ваков или таков начин.

    Бидејки договорите на телекабел не се склучени на определено време тоа значи дека можеш да го раскинеш во секој момент. Единствено може да ти речат дека им е потребно XY денови за да соберат опремата, па ако реагираш на крај на месец може да ја соберат во текот на следниот и да платиш уште една сметка.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,685
    1,130
    16 Јуни 2010
    Машко
    Многу чудно, како бре и во центар имаат прекини... Обично проблеми со линија,проток и такви ствари има во подалеките места.
     
  16. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    Така правеа CableTel, ама многу луѓе сами ја вадеа опремата и им ја фрлаа во дуќанот.
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  17. architect

    architect
    Unstoppable

    1,910
    2,250
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    се препознав во муабетов :D ... најкатастрофален провајдер на кабелска на планетава земја што некогаш постоел = Кејблтел ....
    т-хоме ( оптика ) > се останато ... нудат она што ниеден друг оператор не го нуди а тоа е стабилност на интернет врска 24/7 и подршка за истиот 24/7 ...да малце е скапо но колку плаќате толку добивате се останатот е маркетинг преку кој конкурентите пробуваат да ги излажат корисниците.
     
  18. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    Ако не ти е проблем плус паричка и ако немаш многу телевизори дома бирај т хоме.

    Втор избор blizoo и тоа ако си прв у серија на појачало у зграда или ако имаш стабилен сигнал у маалото кај што живееш.
    (прашај по комшии како се задоволни од blizoo доколку користат)

    Јас сум на близу 2 години, прв сум во серија на појачало на сигналот,
    (на поткровје живеам, од мене почнува вмрежувањето)
    сигналот ми е 0.0 или - 0.5
    и сум имал 5-6 пати прекин од по 30 минути во изминативе 2 години
    и тоа од оправдани причини.
    (промена на појачала, прегорена трафостаница во цело маало)

    Нетот ми е 10мбпс у пакет а имам 12mbps down 1.5.up,нон стоп.

    Тв сигналот го користиме на 4 тв уреди
    3 со CA modul
    1 со ресивер изнајмен од близу.
    Ок се каналите, сликата исто така.
    Во т хоме имаш плус HD канали и имаш HBO поголем избор.

    Фиксен телефон е исто Ок мада ретко се користи фиксен телефон кај мене.

    Со близу е џа или бу како ќе ти се погоди.
    Кај некого е Ок кај некои не е.

    Ако е за користење еден Тв
    Еден 2 компјутери и 2-3 мобилни земи си т хоум оптика и тоа е тоа.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PCI-E

    PCI-E
    Intern

    72
    25
    10 oктомври 2013
    Машко
    Мене телекабел досега ми врши фина услуга , можеби не барам и очекувам премногу проток ама соодветно и плаќам , имаме и два фиксни телефони , точно е тоа дека има прекини кога врне ( се работи за Општина Центар) за другите и незнам освем за One за кои не сум слушал добри работи барем не пред неколку години , можеби се поправиле.
     
  20. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    278
    146
    28 Јуни 2013
    Кај мене во Аеродром топ е телекабел, мислам 1000-ка оди месечно, а имам окулу 14,5 мегабити (или 1.7 MB на торент). Малце проблем е Upload со окулу 100-120 килобајти, ама многу ретко кога ми притребало повеќе. Реално земено стабилна е мрежата, дали еднаш месечно паѓа и тоа на многу малку, најверојатно за maintenance.
     
  21. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    Не ми треба телевизија и фиксен. Само интернетот сакам да не ми кочи, и кога има невреме да не се губи сигналот
     
  22. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    Прво дискутирај со комшиите како се задоволни па после носи одлука.
    Ова ти е совет од мене друже ;)

    Јас лично во мојата зграда населба Ѓ. Петров,
    немам никаков проблем ниту со нет,
    нуту со тв,
    ниту со фиксен коа врне, грми и слично.
    Ама пак напоменувам,
    Blizoo ти се како ќе ти се погоди.
    Во се повеќе населби имаат инсталирано нови појачала, но Не секаде се солидни.
    Глупо е да те врзат 2 години а да имаш тапа услуга.
     
    На hebocig му/ѝ се допаѓа ова.
  23. krema

    krema
    Professor

    8,808
    8,558
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако не се лажам АЕК лани имаше промоција дека секој корисник кој сака да склучи некаков договор со било кој оператор, било тоа да е интернет или кабловска телевизија, да има тест период од 7 дена!
    Па може да се искористи и таа опција за да се види каков ќе биде квалитетот на интернетот или телевизијата ! :D

    Поздрав
     
  24. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    Операториве се "апаши" сите.

    Имаат финта поготово летниот период.
    Ти даваат пакет 3 месеца без бесплата(зависи каков пакет)
    или минимална претплата со фул перформанси 3 месеца.
    Е коа ќе поминат трите месеца ја увидуваш правата слика и правиот квалитет :)
    Ти смалуваат нет трансфер/брзина ти гасат гратис канали.

    Типично Македонски :)
     
    На The_Man и RagingDemon им се допаѓа ова.
  25. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Така е Законот за потрошувачи. Ама ни ДПИ не го спроведува...
     

Сподели

Вчитување...