1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Telekabel i Vip

Дискусија во форумот 'Телекабел' започната од Jovicarot, 11 Април 2017.

  1. Jovicarot

    Jovicarot
    Intern

    16
    5
    15 Мај 2016
    Машко
    Здраво имам две прашања, дали некој го користи новиот интернет што го нуди Телекабел?
    Брзини од 40/40 до 1000/1000? Дали е стабилен и дали го има на сите локации низ Скопје?
    А второто прашање ми е ВИП, лан услуга што нудат се мисли на ДСЛ или кабел влегува во домот? И каде ја имаат оваа лан услуга, гледам скоро секаде имаат ДОЦСИС.
     
  2. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,697
    1,148
    16 Јуни 2010
    Машко
    xDSL е технологија за пренос на податоци преку телефонска жица(овој случај Телеком).
    DOCSIS е стандард за пренос на податоци преку коаксијален кабел. Ако немаш кабелска од Вип, ке ти пуштат кабел. Преку тој кабел одат сите 3 услуги(интернет,кабелска-аналогна и дигитална, и телефонија).
    Лан е во фаза на исфрлување од повеќе причини, пред се мрежата е потешка за одржување, секој квар бара доаѓање на техничари, а и каблите се дуплираат(1 за интернет и 1 за ТВ). Но лан нуди симетрични брзини и помал пинг.
    За покриеност на било кој од операторите може до утре да дискутираме, најубаво е да се јавиш и да прашаш за дадената локација.
     
    StOrMK, yasho и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    703
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    @Sukhoi Дали со DOCISS мрежата е ограничена брзината на прикачување? Зошто од Вип тврдат дека навистина не било возможна поголема аплоуд брзина.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,354
    9,840
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ограничена е, не толку од технологијата колку од имплементацијата кај нив, ама да, повеќе од 5 Мбпс, нема кај нив и не планираат да има.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,697
    1,148
    16 Јуни 2010
    Машко
    Да, поради тоа што кабелските системи се предвидени за downstream сообраќај (тв и download), помал дел од спектарот на коаксијалниот кабел е резервиран за upload.
    Целиот кабел е некаде од 1 mhz до 750-800 mhz. Еден канал е 8 мегахерци. Првите 54 mhz се користат за upstream, а останатиот дел за downstream. Поради тоа што е upstream сегментот има многу мал расположлив bandwidth, се користи и TDM модулација. Секоја модем приклучен на CMTS добива мини-слотови и во одреден временски интервал праќа пакети(oversimplified). Така поефективно се искористува ресурсот.
    Бидејќи овој фреквенциски опсег и воопшто праќање пакети кон централа често наидува на грешки се користи "послаба" модулација како QPSK или QAM 16, што уште повеќе го ограничува bandwidth-тот, за сметка на тоа да се овозможи поголема отпорност на грешки.
    За downstream е поедноставно. Ако операторот има аналогна тв треба да ја исклучи, дигитални канали да се со нормална компресија, и пак и да имаш 100-120 канали, имаш доста downstream bandwidth слободен. Плус со подобра модулација како QAM 256, и понатаму надградбна на Docsis 3.1, на коаксијалниот кабел му се продолжува векот. Нормално големи брзини се изводливи, ако мрежата се растерети со повеќе оптички нодови. Ако на еден оптички нод се премногу корисници, тогаш се намалуваат брзините, зошто еден ист кабел до оптичкиот нод го делат премногу корисници.
     
    Последна промена: 11 Април 2017
    На Andrejrulz, shifty, dzikso и уште 10 други им се допаѓа ова.
  6. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,194
    1,231
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    офф:
    Јас мислам дека после оваа дискусија, членот што ја отвори темата остана со отворена уста :D бараше едно доби друго :D хаха
    он:
    за телекабел во Скопје немаат секаде покриеност, само централните населби, од карпош-ите до аеродром и к.в.
     
    На Andrejrulz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jovicarot

    Jovicarot
    Intern

    16
    5
    15 Мај 2016
    Машко
    Sekoj kvar bara doaganje na tehnicari, ne gledam zosto posebno kaj lan mrezite go gledas ovoj problem. A za tv osven neotel nikoj ne nudi iptv, sto bi funkcioniral na sekoj internet.
     
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    А овие подолу што се?
    Vip NOW - Vip
    MaxTV GO
     
  9. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,697
    1,148
    16 Јуни 2010
    Машко
    Познавам техничари по локални кабелски, генерално сите велат дека Лан мрежа е потешка за одржување. Ваков тип на мрежи(нудење на интернет услуга преку јавна лан мрежа) е ретко застапена во развиените земји, па информации на интернет се доста оскудни.
    Тие велат дека еден од почестите проблеми кај лан мрежите е тоа што свичерите често зафркаваат(една порта работи, па по некое време не работи), што автоматски бара екипа да дојде и да го прештека лан кабелот од бандерата. Ако еден свичер откаже, цела улица снемува. Потоа на пониски температури, исто така некогаш опремата затупавува(што е и очекувано).
    Од централата до тебе единствено што можат да измерат е ping. Кај коаксијален, се мерат и куп други работи како downstream/upstream SNR и power level. Нема потреба од најава, и пријавување на нова MAC адреса во случај да менуваш рутер.
     
    На shemko и bxxxn им се допаѓа ова.
  10. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,107
    4,388
    4 ноември 2013
    Машко
    Овај проблем ке го имаат се додека користат кинезарија од 150 денари, иста мака мачат и локални кабелски оператори во мојов крај.
    Неколку пати имам сетирано опрема на кабелскиве оператори и сум се сретнал со тие Switch-еви, по катастрофално нешто немам сретнато во мојов живот.
     
    На Sukhoi и bxxxn им се допаѓа ова.
  11. krema

    krema
    Professor

    9,489
    9,194
    24 Јуни 2009
    Машко
    Пред неколку дена го имав овој проблем кај мене (Blizoo LAN zona), неколку дена по ред ми снемуваше интернет по неколку саата за да подоцна пак се врати во нормала, Реагирав во кол центар, дојдоа момците, едниот се качи на бандера и проблемот го реши инстантно.
    Прашав што беше проблемот, ми одговорија дека само го уштекале LAN кабелот во друга порта на свичот од бандерата.
    Мене ми одговара LAN зона заради симетричната брзина :)
     
    На Andrejrulz и Sukhoi им се допаѓа ова.
  12. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Тоа е фрката со LAN решението (LOCAL area network, но не е и за вакви решенија) - за да реши проблем мора да искача на терен. Кај DSL технологијата само во пошта те мењаат од еден на друг порт во DSLAM-от...
     
    На krema и Sukhoi им се допаѓа ова.
  13. dzikso

    dzikso
    Intern

    21
    8
    20 ноември 2008
    Е сега ја да прашам пак :D дали некој има искуство со оптиката на телекабел? Цените им се примамливи но колку е стабилен и пример што опрема ставаат?
     
    На lumixoid и farkizz им се допаѓа ова.
  14. kikret

    kikret
    Intern

    4
    0
    3 Јануари 2018
    Машко
    и мене ова ме интересира, ако знае некој нека каже,
     
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    3,016
    3,418
    18 Април 2007
    Јас го имам оптичкот од телекабел веќе месец дена, стабилен и брз е и техничката поддршка им е супер.

    Препорака.
     
    На dzikso и TexasUS им се допаѓа ова.
  16. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    284
    165
    29 oктомври 2016
    Машко
    Koja brzina ?
     
  17. smole

    smole
    Unstoppable

    3,016
    3,418
    18 Април 2007
    40/40
     
  18. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Телекабел можам да ги пофалам за у Штип оптиката им е супер, ги користиме од летото во фирмата, супер е. Стабилно, и практично статичка ИП со отворени портови (за VPN, Cloud сервиси и слично).
     
    На krema и smole им се допаѓа ова.
  19. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,602
    2,421
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Телекабел Струмица, оптика 40/40.
    Не знам зашо имам повеќе од 40Мега, ама интернето пука денес..
    Намерно ставам хостови од Скопје/Солун/Софија за да вади пореални брзини.
    Скокнав од 15/1 на 40/40 во Мај и од тогаш мислам дека сум имал само 2-3 дефекти кои биле санирани за рекордно време, а пред скокот бев готов да ги носам у три лепе оти стариот за 500 денари смрдеше скоро пола година. Сега со оптиката душата ми е мирна.

    Од Август до сега.
    speedtest.net_telekabel-strumica.png
     
    На Lokvan и Krkac им се допаѓа ова.
  20. Ab@ace

    [email protected]
    Gaining Experience

    424
    387
    21 Мај 2016
    Машко
    Исто Телекабел оптика од Мај месец констатно 40/40, од Мај до сега имало 3-4 дефекта кој биле санирани во рок од саат ипол дури и помалце

    [​IMG]
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  21. hebocig

    hebocig
    Gaining Experience

    653
    139
    7 Јануари 2010
    Машко
    Вреди ли од Телекабел да се префрлам на Вип?
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  22. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,041
    1,159
    11 Март 2011
    Јас истото го прашав пред некој месец и не се сеќавам некој да кажа да :)
     
    На hebocig и Astraion им се допаѓа ова.
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,695
    3,075
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Јас би рекол категорично не!
     
    Ron0n, bxxxn и на mrmarko4fun им се допаѓа ова.
  24. mrmarko4fun

    mrmarko4fun
    Gaining Experience

    131
    84
    26 Јули 2017
    Машко
    студент
    Ако си на оптика таму седи си. На вип којзнае кога ќе стават оптички, коакс кај мене последниве денови направи голем проблем, пингот рипнуваше и до 900 на одредени периоди и имаше пакет лосс, пријавив, дечкото виде дека не може да пристапи до модемот од таму и прати техничка счужба, баш кога дојдоа се смири, си отидоа, саат време не помина и пак истото имаше проблеми и со 1080п 60фпс стримчиња, за 4к нетфликс да не зборувам... ќе им вртам па кога ќе дојдам од одмор не иде така...
    Прашав и за ipv6 ни тие не знаеа кога би се тоа реализирало, нити доксис 3.1

    Испратено од SM-G950U1 преку IT.mk форум апликација
     
  25. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,184
    521
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Мене Телекабел ми остави непрофесионален впечаток, крајно се неодговорни.
    Подобро префрили се на Неотел.
     
    toplel, Astro и на Oktar им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Chejo
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    4,748
  2. mishkovski
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    5,125
  3. HijackHacker
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    8,466
  4. IVS
    Одговори:
    18
    Прегледи:
    8,287
  5. mkextremer
    Одговори:
    48
    Прегледи:
    5,263
Вчитување...

Сподели

Вчитување...