flashgordon007
Practice makes perfect
- 15 септември 2012
- 1.008
- 1.110
На прашањето од последната реченица не можам да ти одговорам оти не знам дека нешто такво имало во МК.Мислам дека ќе те заинтересира видеово, или барем прикажувањето на злоупотребата на мешањето помеѓу телефонските канали пратени по една линија (мултиплексирани) за да се воспостави бесплатен контакт меѓу две (или сто) лица. На некои места имало толку лошо мешање што навистина можело да се разговара... Во 70-тите, еден куп тинејџери се јавувале на американскиот еквивалент на "телефонскиот број не постои" за да си прават муабет меѓусебно и да запознаат нови луѓе.
View: https://youtu.be/eiQ2MwMdYPk
Ме интересира дали истото го имало и во Македонија кога телефонијата уште беше аналогна.
На нашите централи немаше dial tone. Имаше двојници, оти идиотите штедеа да стават кабли со повеќе жици.
За евтино long distance call едноставно се одеше кај тате, мама, вуче, чиче, тетка, вујна, стрина на работа во фирма и можеше да разговараш на нивна сметка. Оти фирмите беа државни и се можеше. Од дома ретко кој телефонираше надвор од местото на живеење (или се вртеше после 20 часот кога беше импулсот двојно подолг)..
Во америката фирмите беа приватни и се мачеле луѓето, измислувале како да го играат системот.