1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телефони за SIP и IAX2

Дискусија во форумот 'VoIP' започната од METhAMORPH, 27 Јуни 2009.

  1. METhAMORPH

    METhAMORPH
    Intern

    19
    4
    27 Јуни 2009
    Кои телефони би ги препорачале за поврзување на Asterisk.
    Од тоа што можев да најдам во Логин има Linksys SIP телефони
    Код:
    http://www.loginsistemi.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=257&categoryID=89
    , а во СИМТ има некои што поддржуваат и SIP и IAX2
    Код:
    http://www.simt.com.mk/Content_MK/telecomunications-VOIP-phones.html
     
  2. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    626
    98
    10 Мај 2007
    http://www.grandstream.com/
    Во една година секојдневно користење од 50 телефони имаше проблем со еден ( адаптерот цркна ). Не знам точно каде имаат застапници тука ама ќе ти кажам во понеделник или вторник точниот модел што го користиме и од каде се земени. Иначе да, asterisk pbx користиме.
     
  3. Dr.Loop

    Dr.Loop
    Intern

    36
    0
    21 Април 2007
    SPA 921 ке брка работа, користам 35 комада и до сега (повеке од 2 години) сум немал никаков проблем, додека Grandstream (BT201) ти е поевтина варијантам имам и 5 такви од кои 2 рикнаа од чиста мира.
     
  4. nikomnet

    nikomnet
    Intern

    6
    0
    17 Јуни 2008
    Многу добра работа ќе завршат и ГСМ адаптери, компатибилни на Астериск: http://mobigater.mk/mini.html . Така ќе можете да имате пристап на централата од било каде низ МК директно од мобилниот телефон, т.е. истиот ќе биде како локал на Астериск централата која ја поседувате :) .
     
  5. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    626
    98
    10 Мај 2007
    Не ја гледам поентава во уредов.
    http://fring.com/
     
  6. nikomnet

    nikomnet
    Intern

    6
    0
    17 Јуни 2008
    Поентата е во тоа што се вклучува директно на Астериск сервер, се става во него СИМ картичка, автоматски добиваш ГСМ локал, преку кој можеш да бараш од било каде да си во МК од мобилен телефон, да ги добиваш сите корисници кои се поврзани на тој сервер (нормално, сим картичката треба да ти биде со бесплати разговори, знаеш, мојот круг и слично). Исто така, можат и сите корисници на серверот да те добијат каде и да си, преку уредот, директно на мобилниот телефон. Можностите се многубројни, од тоа да се искористи и за trunking, Inbound DID, до многу други. Секој подобро запознат со Астериск, ги знае овие работи.
    Значи, на кратко, уредот е мултифункционален, а ти дава мобилност пред се.
     
  7. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    626
    98
    10 Мај 2007
    Моја грешка, не разбрав за што точно станува збор. Имаме еден на работа, требаше да го наместиме уште пред 5, 6 месеци ама не дошол редот ... :)
     

Сподели

Вчитување...