1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Телефон до 5000 ден.

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од pauly, 3 Јуни 2014.

  1. pauly

    pauly
    Intern

    49
    12
    3 Јуни 2012
    Здраво,

    Дали може предлог за smart phone до 5000 денари (може и кинески телефончиња). Генерално ќе се користи за зборување, viber, skype и сл.

    Поздрав.
     
  2. temelk4

    temelk4
    Gaining Experience

    178
    86
    19 Август 2013
    Машко
    Половни ли бараш или нови?
     
  3. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
  4. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,515
    11 Декември 2008
    Машко
  5. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,777
    1,890
    8 Мај 2007
    Машко
    за 6500 имаш нокиа 520 во мобилекс или како и да се викаше мобиларата.
    нов, со 1 година гаранција.
     
  6. pauly

    pauly
    Intern

    49
    12
    3 Јуни 2012
    Фала за препораките. Барам нов телефон, дополнително со батерија што ќе држи барем 3-4 дена во standby со малку разговор.

    @olikomerc го имаш пробано телефончето?
     
  7. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,476
    1,925
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Мое мислење, 5000 за нов телефон се џабе фрлени пари и губење нерви со истиот телефон. Друго, нема да најдеш смартфон што држи батерија барем* 3-4 дена. Со нормална употреба, батеријата максимум ќе трае ~2 дена.

    Доколку си во можност, додај +1500 и земи го 520-ката за 6500. Нема подобар телефон до таа цена. Во спротивно, почекај некое време додека да присобереш уште 1500 или, барај нешто половно.
     
    На STEFF и Oktar им се допаѓа ова.
  8. pauly

    pauly
    Intern

    49
    12
    3 Јуни 2012
  9. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,625
    1,287
    13 Август 2009
    Машко
    Бегај од кинески дигитрони. Земи си Xperia M или M2 на претплата.
     
  10. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,476
    1,925
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Кинески телефончиња има добри, но до 200 еур. До 5000 денари не би ти препорачал ниеден кинески телефон.
     
  11. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,515
    11 Декември 2008
    Машко
    Го имаме пробано, го земав за мајка ми пред 1 недела, пријатно се изненадив, солидна изработка, убав дисплеј, работи брзо, батерија држи околу 2 дена со нормално користење.
     
    На pauly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaDo|BT

    DaDo|BT
    Intern

    258
    13
    21 Септември 2007
    Машко
    доколку планираш телефон да ти трае 1 година земи си кинески ,зборувам од искуство ( не за конкретниот модел шо го имаш посочено )
     
  13. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,114
    1,935
    7 Април 2012
    Машко
    telefonot go nemaat na zaliha i neznaat koga povtorno ke go imaat (provereno bev da prasam) lumia 520 ima samo vo Anhoch po cena od 7980 denari
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Тоа olikomerc што го препорачува изгледа супер.
     
  15. pauly

    pauly
    Intern

    49
    12
    3 Јуни 2012
    А дали знаете од каде може да земам Bluetooth headset за hands free разговори или пак слушалки со mic за да може комотно долги разговори да се прават без да држам телефонот на глава? Фала однапред.
     
  16. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,476
    1,925
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Во повеќето мобилари можеш да најдеш секаква галантерија.
     
    На pauly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Ти најде телефон, па сеа уште и слушалки па си свршил работа ...

    Иначе да се вратам на темата, на место да даваш пари за слушалки сигурно би коштале над 1000 денари таквите како што ги бараш ти... дури да даваш пари за нив дај ги тие пари за телефонот, и земи некој поскап и подобар.

    Мада нема да земиш телефон како што очекуваш да биде за тие пари :D

    Од смартфон до смартфон има разлика не сум будала јас или другите што сме платиле по 10.000 и кусур илјади за телефон и башка секој месец претплата по 500-600 денари.

    Плус брачка не знам како ке ти излези есапот со припејдот на смартфонот, конкнретно зборам за во врска со интернетот.
     
  18. pauly

    pauly
    Intern

    49
    12
    3 Јуни 2012
    Хаха, па искрено не ми се даваат пари за луксуз. Имам подобра варијанта, си собирам пари за квалитетен лаптоп. Искрено, не знам зошто би ми бил телефон од 10.000 денари кога горе доле со 5000 денари ќе купам телефон што ќе биде со слични перформанси ама без бренд.

    Друга работа, мислам дека тие што лупаат по 500-600 денари се будалести бидејќи 90% не користат тоа што го нуди пакетот. Што дека има 500 минути разговор кон други мрежи кога ти правиш 50 мин разговор во месецот. Повеќето паѓаат на овие маркетиншки трикови. Мене не ми требаат тие глупости, ако сакам долги разговори имам skype или viber. Мобилен интернет не знам за што ви е потребен во оваа мала наша државичка. Најверојатно за да дремете по кафичите на facebook.

    Мое мото, KISS (Keep it simple and stupid)

    Поздрав.
     
    Creed_Bratton, goranzoran и на DrMTR им се допаѓа ова.
  19. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,311
    6,429
    27 Март 2014
    Давање над 6.000 ден за телефон е тешка глупост, која што ја прават напалени дечишта од 15-18 години, кои што во својот живот не заработиле свој денар, па ги лупаат парите на нивните родители за телефони од 250+ евра. Телефон како телефон, воглавно ги има скоро истите функции, телефонирање, смс пораки интернет. Разлики има во квалитетот на изработка, или во екранот на телефонот. тоа и го прави неговата цена.

    Друго по кој основ заклучи дека не си будала? Тоа што си дал 10К+ те прави паметен или?

    Македонија е земја во која што социјалниот статус се мери по тоа кој ке купи поскап телефон и ке го стави на маса во кафиќ, за да другите му завидуваат.

    Трето, тоа што ти плаќаш 500-600 денари преплата секој месец, е затоа што си го продал газот на операторот да те стриже секој месец по 10-тина евра. Никој со сила не те натерал да даваш толку пари за преплата.

    Не грешка си. Кај нас важи едно друго правило, за да не ти се смејат другите што плаќаш толкава преплата, а трошиш по 50 минути месечно, почнуваш да му се јавуваш на другарот по 50 пати на ден за да го прашаш што прави, се разбира додека не те од*ебе, затоа што неможе да појде во WC од твоите повици.
     
    goranzoran, pauly и на makaramkd им се допаѓа ова.
  20. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко

    И си во право, но и не си. Бидејќи најбитниот сегмент го забораваш, а тоа е меракот. Повеќето на форумот имаат делови за кои 90% од останатите луѓе би рекле... “Што ?? ти си будала... Си фрлил толку пари за тоа чудо?? иди лечи се.. “ И тие донекаде се право, но и не се. Секој си ги троши парите на она што го сака... некој не се замара дали телефонот му сецка, дали има ниска резолуција, дали е спор, дали има тапа камера... друг се замара и сака да го има најдоброто и тоа е тоа... на крај краева се работи за пари.. за хартивчиња со бројки, кои секако на нешто ќе се потрошат. Некој се задоволува со просечното, друг го сака најдоброто и тоа што ти си во првата група, незначи дека треба да ги критикуваш оние од втората група...
    Бидејќи според твоиве коментари, ги направи речиси сите членови на форумов будали xD
    Впрочем за дечкото што ја постави темата. Би му го препорачал Xperia E1. Другарче му го има купено на брат му, и многу го фали телефонот, дека работи многу респонзивно и добро. А тој е тешка пицајзла и користи ајфон 5с, бидејќи го сака најдоброто.. па чим истиот човек го фали телефонот.. мора да е добар :) А и на јутјуб имам гледано видеа, и стварно за таа цена многу добро работи телефонот.
     
  21. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,311
    6,429
    27 Март 2014
    НЕ грешка си ! Не велам дека сите што сакаат добар и квалитетен телефон се будали, т.е работата е што поголемиот дел од таквите "љубители на мобилни теелфони" се деца од 12-18 години, кои што абер немаат колку пари кошта тој теелфон и по секоја цена сакаат да го купат, макар плаќале и по 1000 месечно кај некој од операторите. Истотака, не дека несакам добар телефон, само што си ги ценам парите што ги заработувам и знам со колку мака сум ги заработил (за разлика од некое детиште, на кое телефонот му служи да се пофали пред другарите), така да секогаш правам компромис кога станува збор за мобилен телефон. Не дека не сакам и не купувам скапи електронски работи. Едноставно сметам дека за телефон НЕВРЕДИ да се дадат над 100Е. Ова е мое мислење, немора сите да се согласите со мене.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас би рекол дека прагот е некаде 200-250 евра. За 100 евра не добиваш голем екран и брз чипсет, па работата на тој телефон ќе биде мачна.
     
  23. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,006
    18 ноември 2009
    :rolleyes:
    Се сложувам,давање над 6000 ден. за телефон е глупост,но давање над 250+ евра за смартфон не е глупост.
    Смартфоните се скапи,пред се поради мобилниот хардвер кој е поскап од овој за пц па не може да сватиме како телефонот е поскап од најчесто лаптопот што го имаме дома.

    Луѓето кои даваат 250+ евра за телефон очекуваат 90% од апп. да им работат одлично на телефонот,сурфањето да им биде како на пц,и на крај камера за да слликне нешто.

    Порано девојчињата собираа децка пошта,денес се на фб и инстаграм,не можеш да ги наречеш будали ради тоа,едноставно тоа е тренд сега.

    Ти кога беше тинејџер не бараше ролерки,вокмен,брзинец...?

    Тогаш било паметно да му се купат ролерки од 1000 марки на дете ? Не ама тоа било тренд.:noonecare:


    Башка кога ќе размислиш колку малолетни девелопери има на светов,ја би од 300евра телефон за секое дете.



    Порано исто комшиите се смееја на родителите кои на своите мали деца им купуваа компјутер,денес тие деца се програмери,веб дизајнери ,а децата на оние што се смееја дремат на фб.
     
    Последна промена: 8 Јуни 2014
    STEFF, Кристијан, Војвода и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    427
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Јас земам телефон, еднаш ама вреднаш!
    Е сеа јесте да, телефон ко телефон ги има истите функции, е сеа мене ми треба телефон за нешто повеќе од порака и јавување :D Прво зошто сум го платил скапо телефонот, затоа што едноставно не би сакал да се заебавам со некое евтино телефонче кое едвај ке ми брка работа, воглавно и јас нај многу го користам за скајп, и вибер, но едноставно во џебот имам и КВАТИТЕТЕН ДИГИТАЛЕН АПАРАТ, имам квалитетен мини компјутер во џебот за кој што можам да кажам дека едноставно многу ми има помогнато ми има олеснато и ми се има најдено.

    Плус, кога сме кај претплатата и кај разговорите, јас месечно трошам по 500, 600 минути кон останатите мрежи и по околу 2000 минути кон ОНЕ, јбг таква ми е работата, е сеа замисли сето тоа да го правам со бројче на припејд :D

    За мене лично луксузирање е да имаш 2/3 скапи телефони во џебот и тоа некој екстра скапи, некој скап сељачки парфем што би мирисал на 3 километри од тебе и т,н.... секој со своето мислење и секој со своето сваќање, секој си ги пушта нозете до каде што му е чергата.....
     
  25. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,311
    6,429
    27 Март 2014
    ОК различни размислувања, различни потреби. Крај краева, секој си има афинитети кон различни работи, некој кон ПЦ делови, некој кон телефони. Истотака забегавме од темата. Самиот корисник си кажа дека не планира да фрла над 5000 ден за телефон, така да муабетите од типот:"Дај купи нешто над 10К" не држав вода, барем за него. Јас еве лично ако имам 5.000 ден, би дал уште 1500 ден и би ја зел Нокиа Лумиа 520 од Мобиликс за 6.500 ден.
     

Сподели

Вчитување...