• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Tehnika.mk - нов огласник за технологија

Кое е вашето мислење за Техника.мк?

  • 1 - Вебсајтот има хендикеп и е осуден на пропаст

    Гласови: 3 6.0%
  • 2 - Добра идеја но не би го користел

    Гласови: 4 8.0%
  • 3 - Има некаков потенцијал и може да се доразвие

    Гласови: 26 52.0%
  • 4 - Многу добро функционира и работи, но фали...

    Гласови: 5 10.0%
  • 5 - Одлична идеја и реализација

    Гласови: 16 32.0%

  • Вкупно гласале
    50
  • Оваа анкета ќе се затвори: .
  • Ја почнал/а темата
  • #1
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
Ова беше една идеја на двајца другари која се претвори во некаков производ после 4 месеци работа и многу непреспиени ноќи. Мотивот беше да направиме квалитетно ќоше за луѓе што сакаат да огласуваат техника и електронски уреди на едно место. Фокусот ни е насочен кон чист, функционален и брз производ, како и континуирана поддршка и развој на сервисот. И така испадна Техника.мк

Се одлучивме за 6 главни категории каде што корисниците ќе можат да огласуваат предмети за продажба: компјутери и делови, аудио опрема, дигитални камери, мобилни уреди, тв и видео опрема, игри и конзоли. Имаме и една мини блог секција каде што планираме поретко да напишеме по некоја интересна статија.

Огласувањето е бесплатно и сеуште не сме размислувале на финансискиот аспект и монетизација на сајтот. Досега имаме нешто повеќе од 100 регистрирани корисници и помалку од 100 огласи (од 0 до 100 за 4 месеци) Последниот месец имавме 3.2к Users и 15k pageviews според Google Analytics, од кои повеќето се органски Google search eg. "keyword: tehnika mk". Сеуште не сме лансирале некои поголеми кампањи fb/adsense/etc. но размислуваме за тој правец понатаму откако ќе бидеме задоволни со финалниот производот и сите функционалности.

Во оваа фаза сакаме да добиеме конструктивни критики и и фидбек и дали мислите дека еден ваков сервис воопшто би имал некаква публика која ќе има корист од вакво нешто.

*Веб сајтот е базиран на osclass. Користиме php7.3, mysql, nginx на Ubuntu 18.04. Користиме GIT за контрола на верзија на код, trello за bugs/issues, Signal за комуникација.
 

dangthe

Practice makes perfect
5 септември 2008
1,170
1,481
Скопје
Вака на прва супер делува. Во поглед на монетизација, мислам дека ќе морате да проширите и на други категории, не знам дали би имале доволно огласи само од техника да ви биде исплатливо одржувањето.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
@dangthe Со тек на време и доколку има побарувачка се надевам дека ќе еволуираат и категориите. Сепак не сме понесени од главна цел да биде ова монетизирано, фокусот е ставен повеќе на развој и употребливост.
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
938
929
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
> Направено со ♥ во Скопје

смени го во

> Направено со ♥ во Македонија
 

nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
484
550
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10

nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
484
550
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
Одлична идеа. Само мислам дека е мал пазарот.
ако успеат да ги имплементираат телефониве од мобиларите шо ги даваат на старо, „демо“ итн. ќе има доволно содржина за луѓе да следат на дневна база
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
@mdeni 1 ден, 1 еур цените автоматски се ставаат во „По Договор“. Јасен ми е проблемот. Но, имаме огласи каде што неможе да се дефинира прецизно цена (пр. продавам делови од лаптоп во еден оглас, секој дел е посебна цена, тогаш оди „По договор“).

@nashio во развој се профили за „продавници“, посебен homepage само за продавницата, со пребарување.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,244
28,427
kalco.ru
Е јас во 2014 имав ваков сајт itberza.mk ама го исгаснав пошо немав довоно време да му се посветам. Така да оргиналонст 0, корисничко искуство два 2 функционалност 7
 

Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
176
123
Skopje
Супер е. Тоа што ме интересираше - отворив -разгледав - си има цени телефони за контакт на огласите - (некогаш што е попросто - подобро е). Браво Поздрав
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
145
302
1 ден, 1 еур цените автоматски се ставаат во „По Договор“. Јасен ми е проблемот. Но, имаме огласи каде што неможе да се дефинира прецизно цена (пр. продавам делови од лаптоп во еден оглас, секој дел е посебна цена, тогаш оди „По договор“).
Никогаш не се јавувам на оглас ако стои цена „По договор“ (или уште полошо: „1 ден.“ или „1 ЕУР“)! Дури и да има илјада делови, нема логика јас да му го олеснувам животот на огласувачот - ако не стои цена на секој опис или фотографија, не ми паѓа на памет да се јавам. Огласувачот има зорт, не јас.
Верувам дека и останатите го делат моето мислење.
 

petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
172
123
..... Огласувачот има зорт, не јас....
абе ако си стигнал да го читаш огласо, односно бараш нешто...шознам, дискутабилно е на која страна е зорто.
(се е релативно...една минута седење на ќенефо одма поминва, ама една минута чекање пред заклучена врата на нужник, ко цел век можи да изгледа...)
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,226
4,432
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
...ако не стои цена на секој опис или фотографија, не ми паѓа на памет да се јавам...
Потполно се сложувам. Моето искуство кажува дека во тие огласи што се по договор или со 1 евро, производот најчесто има повисока цена во однос на исти или нему сличните огласени производи.
Сум престанал да се јавувам на такви огласи бидејќи обично продавачот пет минути ме убедува дека тоа што е огласено е подобро, оригинално или уникатно, за да на крај ме плесне со некоја нереална цена...
 

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,114
5,603
Мелмак
Огласници мора да имаат огласи. Секогаш тој што е најкористен ќе биде најдобар, и тешко да ги префрлиш луѓето од еден на друг. Зошто некој би одел на огласник само за техника коа има огласник за се? Проблемот главен е ова:

1615280341319.png

Прво што нема огласи во категориите, а второ што нема да ги натераш обичните луѓе да се префрлат тука коа нема огласи и нема кој да им ги гледа огласите.

Вториот проблем со сликава е правописна грешка со „сеуште“.
Мислењето е автоматски споено:

Да дополнам - најголем проблем што јас го гледам со огласници во моментов е тоа што многу од обичните луѓе огласуваат на фејсбук каде видливоста/пронаоѓањето на огласи е упм тешко. Значи на тие ФБ огласник групите ако треба да барам нешто не можам ни по категорија да сортирам (бар колку што јас знам). И иако е толку глупо пак се најкористени во моментот.

Едноставно кај што има највеќе луѓе таму се огласува и кај што е најлесно.
 

CHukio

Gaining Experience
7 март 2013
133
56
Прилеп
churlinoski.mk
CHukio's setup  
Processor & Cooler
AMD Rayzen 5 2600x
Storage
Kingston A2000 500GB, Kingston A400 240GB
RAM
2 X Kingston HyperX FURY 8GB 2600MHz
Video card
AMD Radeon RX 550X 4G
@Техника Сајтот си е топ, идејата одлична. Единствено би било добро да во самата search фрома има и бирање на категории како на пр: RAM, MB, CPU итн, а не да бидат како тагови сепак сметам дека на тој начин побрзо и полесно ќе дојдам до она до што барам.

@SiteOstanati Денеска владеј капитализам, то значи дека секој има право да си кажи цена или пак има право да не си кажи цена и да пиши по договор. Како што и сами кажавте, ако сакам и ако ми е итно ќе го барам и ќе прашам цена, ако не и не морам на крајот на денот.
 

nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
484
550
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
@Техника Сајтот си е топ, идејата одлична. Единствено би било добро да во самата search фрома има и бирање на категории како на пр: RAM, MB, CPU итн, а не да бидат како тагови сепак сметам дека на тој начин побрзо и полесно ќе дојдам до она до што барам.

@SiteOstanati Денеска владеј капитализам, то значи дека секој има право да си кажи цена или пак има право да не си кажи цена и да пиши по договор. Како што и сами кажавте, ако сакам и ако ми е итно ќе го барам и ќе прашам цена, ако не и не морам на крајот на денот.
Тоа е точно така, но каква средина ќе биди сајтот одлучват дечките погоре. На нив е да ја развијат културата и како сајтот се доживува.
Односно, дали ќе биди реклама5/пазар3 за помалку работи, или ќе биди напредна верзија од огласникот на форумов.
И Америка и Норвешка се капиталистички земји, па начинот на живот е многу различен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
@toshex Грешката е поправена. За „проблемот“ на немање на огласи, мора од некаде да се почне а тоа е од 0 во овој случај. Иницијативата треба да биде и на самите корисници доколку мислат дека платформата има потенцијал. Јас сум екстремно благодарен што воопшто има некаква тракција и првите јузери веќе ставаат контент, без разлика на посетеноста или шансите за продажба. Мора од некаде да се почне за да се создаде ваков community а тоа го можат само корисниците. За „проблемот“ со огласи Facebook - тотално непрактично. Дури видов дека има МК групи кај нас и по 100-150к корисници, но 90% од работите што се продаваат се германски аута со 190.000 :)

@CHukio Имавме и таква варијанта но се одлучивме само за главните категории. Проблемот е што сеуште немаме доволно огласи, и многу од поткатегориите се празни, така да во почеток би било лошо корисничко искуство :)

@nashio Во право си, битна е средината, културата и впечатокот кој ќе го добие корисникот. Сакаме тие што ќе дојдат да се осеќаат дека се во добро друштво со истомисленици и љубители на tech.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
145
302
абе ако си стигнал да го читаш огласо, односно бараш нешто...шознам, дискутабилно е на која страна е зорто.
Дефинитивно зортот е на страна на оној кој продава - ако не му е гајле, ќе го фрли тоа во подрум да скапува и воопшто нема да го огласува.
Јас повремено читам реклами од љубопитност, не затоа што нешто ми треба - иако три-четири пати сум се „излажал“ да купам нешто што ми се видело интересно, иако не ми било неопходно. Слично, познавам мноштво луѓе што редовно читаат за автомобили од 350.000 евра - таквите исто така немаат зорт, читаат од љубопитност и сигурно ќе ги нервира ако не ја пишува точната цена на новото Lamborghini.
Од друга страна, оној кој навистина има зорт да купи нешто одредено, сигурно знае со колку пари располага за тоа, па не гледам логика да губи време да се јавува по телефон на оглас „Цена по договор“ и да се изненади од безобразно високата цена, кога може набрзина да ги прегледа огласите со јасно објавена цена, па ако му се бендиса некоја одредена цена, ќе се јави само еднаш.
Мислењето е автоматски споено:

Проблемот главен е ова:
....
Прво што нема огласи во категориите, а второ што нема да ги натераш обичните луѓе да се префрлат тука коа нема огласи и нема кој да им ги гледа огласите.
Тоа е стартен проблем на сите нови огласници на почетокот - и Реклама 5 и Пазар 3 исто така почнале, со нула понуда во некои категории.
Можам само да посакам среќа и успех на новиот огласник за техника.
Совет: понудете нешто што останатите огласници го немаат, на пример прецизно пребарување (search) по клучни зборови од содржините на огласите.
Мислењето е автоматски споено:

@Техника Сајтот си е топ, идејата одлична. Единствено би било добро да во самата search фрома има и бирање на категории како на пр: RAM, MB, CPU итн, а не да бидат како тагови сепак сметам дека на тој начин побрзо и полесно ќе дојдам до она до што барам.
Сега го видов ова. Да, еве уште една потврда дека треба search функција.

@SiteOstanati Денеска владеј капитализам, то значи дека секој има право да си кажи цена или пак има право да не си кажи цена и да пиши по договор. Како што и сами кажавте, ако сакам и ако ми е итно ќе го барам и ќе прашам цена, ако не и не морам на крајот на денот.
Ако јас, како потенцијален купувач, треба непотребно да губам време да се јавувам на огласи „Цена по договор“ кога постојат едно чудо други огласи со истакната цена, тогаш некои не го сфатиле капитализмот и ќе си останат со непродадени уреди. Оние што го сфатиле капитализмот, ќе огласат: „Цена 350 евра, но јавете се да се договориме (т.е. цената не е фиксна)“.
 
Последна промена:

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,548
10,764
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
@wolverine @nashio што си е сигурно, сигурно си е :)
Тоа е жалното, затоа не не бива зошто на сите ви е страв прашинка да ви падне.

Туку, каде ги гледам пораките ако сум му пишал на огласувачот?
И што е разлика меѓу огласи и премиум огласи?

Башка нема никаква врска дали пазарот бил мал или голем, идејата е добра и јас не гледам пречка да функционира.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
@Astro Моментално пораките одат директно на е-пошта кај продавачот. Имавме систем со поштенско сандаче во кориснички профил ала месенџер, но таа опција моментално е исклучена затоа што го доработуваме дизајнот и некои функционалности. За кратко ќе биде вратена опцијата и ќе може членовите меѓусебно да се допишуваат. Тие што не се регистрирани исто ќе можат да пратат порака до твојот инбокс.

Моментално, „премиум“ огласи се handpicked од администратор, инаку би требало да бидат платено промовирани огласи од корисниците.
 
Последна промена:

mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,908
3,636
@Astro Моментално пораките одат директно на е-пошта кај продавачот. Имавме систем со поштенско сандаче во кориснички профил ала месенџер, но таа опција моментално е исклучена затоа што го доработуваме дизајнот и некои функционалности. За кратко ќе биде вратена опцијата и ќе може членовите меѓусебно да се допишуваат. Тие што не се регистрирани исто ќе можат да пратат порака до твојот инбокс.

Моментално, „премиум“ огласи се handpicked од администратор, инаку би требало да бидат платено промовирани огласи од корисниците.
Златен мејл, какви сандаци црни.
 

Tomislav96

On your way to fame
7 февруари 2013
856
967
Дарк мод обавезно... блешти plain бела боја :(
Само што поставив оглас, но некоја порака што бргу ја снема се појави доле лево, и огласот го нема,
претпоставувам е нешто во стил Треба да се провери огласот од администраторите, али беше збутала доле, мала
и брзо заврши. Незнам што се случи со мојот оглас :)
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #25
16 февруари 2021
13
29
Скопје
tehnika.mk
@Tomislav96 dark mode обавезно, на todo list е

Мислам дека е формата со нотификации трае околу 5 секунди, а и мала е некако на голем екран. Ќе го поправиме за брзо :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,487
Мислења
845,343
Членови
29,298
Најнов член
Karakonzon
На врв Дно