Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Tape loops

musicenthusiast

Gaining Experience
15 октомври 2021
187
266
Здраво, неодамна почнав да се интересирам за tape loops (ако некој знае како се вика ова на македонски слободно нека каже), интересно ми е како се прават, како звучат, и аудио и визуелното искуство ми се доста интересни. Дали некој од вас пробал вакво нешто, да сподели да слушнеме можеби :)

Јас би пробал ама немам досега видено некој да продава вакви снимачи тука како Portastudio-то на Tascam, а и касети не знам дали се продаваат некаде тука, можеби сум премлад за тоа :)

Поздрав со еден пример за тоа што го зборувам

View: https://youtu.be/spI4RREbRoY?t=98
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.448
8.086
Мелмак
Па нормално немаш видено да се продава Портастудио со касети кај нас моментално пошо во 1979 излезе уредов и можда се има продавано во продавници преку сила до средина на 90ти. Модерните верзии си снимаат во меморија:

Ова шо го гледаш на видеово спаѓа во категорија „креативност“ или алтернативни примени на стара технологија. Не е музички правец или нешто шо ексклузивно мора да се прави баш со касети. Гарантирам дека истото може да се изведе на други начини со модерниве уреди.

Со други зборови прави нешто ликов за да привлече интерес и лајкови.
 
Па да, секако мислев на старо. Колку што имам видено на запад полесно може да се најде.

Точно е дека е далеку од сопствен музички правец и дека може да се реплицира дигитално во секој DAW, но не се добива истиот лофи звук како од овие постарите аналогни уреди (знам дека има плагини кои пробуваат тоа да го направат)

А дека ова е само за лајкови не се согласувам, не е само овој што го прави ова а и не е нешто ново, Brian Eno го има правено ова (со малце поскапа опрема) уште пред да излезе Портастудио
 
Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
630
Истово го правеле и Халим Ел-Даб во 1944 година и Пјер Шефер во 1949 година.
Јас израснав со грамофони и касетофони, тогаш персоналните компјутери (и CD-плеерите) не беа измислени, уште од времето на Битлсите познати ми се тие финти со магнетните ленти, па затоа ми е несфатливо зошто денес некој би се зезал со касетофони (иако одлични студиски) со намера да прави музика, кога сега на компјутер сето тоа може да се направи милион пати побрзо и подобро.
 
musicenthusiast

Gaining Experience
15 октомври 2021
187
266
Истово го правеле и Халим Ел-Даб во 1944 година и Пјер Шефер во 1949 година.
Јас израснав со грамофони и касетофони, тогаш персоналните компјутери (и CD-плеерите) не беа измислени, уште од времето на Битлсите познати ми се тие финти со магнетните ленти, па затоа ми е несфатливо зошто денес некој би се зезал со касетофони (иако одлични студиски) со намера да прави музика, кога сега на компјутер сето тоа може да се направи милион пати побрзо и подобро.
Не го знаев овој првиот, фала ти :)

Инаку не се добива ист звук дигитално на компјутер, и самиот факт дека полош звук се добива е дел од привлечноста. Некои работи е многу тешко, па и невозможно да се реплицираат добро дигитално. Знам дека на времето кога биле актуелни овие уреди и техники на снимање сите тие деградации, артефакти, шумови од касетите пробувале да ги отстранат а сега има цел музички правец за лофи иако снимање со добар квалитет од дома е прилично достапно за секој. Сепак има некој шарм во ова, барем според мене. Не само звукот што лично ми се допаѓа, но и визуелно ми е 100 пати подобро отколку зјапање во монитор.
 
Vladimir Filevski

On your way to fame
17 февруари 2019
273
630
Мило ми е што меѓу младите има заинтересирани за креативна работа, особено што е поврзана со аудиотехниката или музиката.
Го разбирам шармот на vintage уредите (можеби и подобро во однос на помладите луѓе), но сега на компјутер сето тоа лесно се добива во дигитална форма. Знам дека до скоро дигиталните симулации не беа на доволно високо ниво за потполно да ги eмулираат аналогните уреди, но новите плагини што сум ги слушнал се чудесни (не ги знам деталите, не се занимавам со тоа).
Исто така сосема ја разбирам потребата од LowFi звукот - тоа го прават буквално сите гитарски педали, независно дали се аналогни или дигитални (скоро сите дигитални гитарски педали само ги емулираат старите аналогни). Во секоја музика што има гитари, секогаш се употребени некакви педали што ги збогатуваат звукот и бојата на гитарата, иако тоа всушност го постигнуваат со „расипување“ на звукот - доволен пример е fuzz гитарскиот педал.
Оние што сакаат да научат нешто за аналогните гитарски ефекти-педали (историјат, принцип на работа, шеми...), напишав цела серија статии за нив во списанието ЕМИТЕР, во четири продолженија:
Гитарски ефекти – педали (1)

овде, во најавата, има бонус: раритетна видео снимка од 1951 година со Les Paul, како употребува магнетофони за гитарските и вокалните ефекти:
View: https://youtu.be/NkGf1GHAxhE

а има и две статии за самоградба на педалите Marshall Guv’nor (Гитарска педала Marshall Guv’nor) и Ibanez Tube Screamer TS808 (Гитарски педал Ibanez Tube Screamer TS808)

Студентите на ФЕИТ имаат бесплатен пристап на електронските изданија на списанијата ЕМИТЕР.
 
Последна промена:

Да, за гитарски плагини според мене моментално NeuralDSP се најблиску до реалистичен тон. И кога спомна fuzz, мислам дека е еден од најтешките да се реплицира дигитално, и општо за дисторзија немам слушнато плагин кој 100% го доловува тој звук - посебно нешто како звукот кој се добива кога еден од овие касетофони ќе се пуштат на max volume

Фала ти за линковите, не знаев за Емитер, ќе прочитам :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.817
Мислења
1.001.528
Членови
36.639
Најнов член
Dina M

ит маркет

На врв Дно