Tamron 24-70 f/2.8 или Nikon 24-120 f/4

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Boce!, 15 Април 2018 at 14:15.

  1. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    82
    96
    4 Август 2017
    Дилема... Зедов D750, топ состојба со двата споменати објективи, од другар што е мераклија ама му беше голем и тежок.
    Има 3000 shutter count, направени со Тамрон-от.
    Никон-от (дојден во кит) е неупотребуван.

    За да знам што да задржам а што да продадам, направив серија фотографии на статив, со VR/VС off, spot metering, на еден бор, од околу 50 метри.
    Резултатот го потврдува DxOmark тестот - Тамрон-от има повисока резолуција (DxO вели 18 мп спрема 14 мп).
    Максимално отворени даваат сличен резултат, ама Тамрон-от стопиран на 4-ка е подобар од Никон-от на 4-ка.

    НО, големо НО, во сенките Никон-от фаќа видно повеќе детали.
    Всушност, сликите, дури и raw, кај Тамрон изгледаат како да се оштрени.
    Shadows recovery не враќа детали како што дава Никон-от.

    На око, Тамрон на Ф2.8 изгледа исто од Никон на Ф4, а на Ф4 изгледа подобро.

    Што да задржам?
    Размислувања од различни аспекти и искуства се добредојдени.
     
    На omegaRED и gokica им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    7,405
    8,086
    13 Јуни 2009
    Со здравје да си го служиш. Убава набавка на која одамна и се мислеше. Немам искуство но мене ми изгледа дека би бил посреќен со никонот. Посебно читајќи го она НО.

    Можеби сум пристрасен ама тамрон никогаш не ми правел мерак. Сигма да ама тамрон многу потешко би се решил. Не дека нема добри.
     
    На Boce! му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,746
    6,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    И јас би те советувал да се држиш до никонот. Тамрон, Токина, Сигма (без АРТ) се value for money, компромис. Плус имаш ФФ сензор, каде ф4 е сосема солиден отвор за таков тип на леќа, all around (ф4 на фф е одприлика како ф2.5 на кроп). А и секад можеш да кренеш малце ИСО ако ти затреба во темница, ФФ е, а бокето од 2.8 можеш да го постигнеш со зумирање на 120 и на ф4, одприлика исто ке биде. Не сум имал директно искуство со конкретниве леќи, јас сум канонџија, ама јас така би размислувал.
     
    fikiki, Boce!, omegaRED и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    235
    191
    29 oктомври 2009
    Го имав 24-70 тамронот на D810 и бев задоволен со резултатите, го продадов пред 2 месеци. Тамронот е со 82мм филтер па ќе ти се малку поскапи убавите филтри ако веќе немаш. Мислам дека 24-120 е soft на 120мм но сепак имаш 50мм поголем обсег за разлика од тамронот. Ако е само за ќеиф и сликање по дома задржи го никонот заради поголемиот зум. Ако си нешто профи ф2.8 си е ф2.8
    Исто види од тестот што го правеше кој објективе по светол. Стави ги и двата на Ф8 или сл на исти мм зум и види кој ќе извади посветла слика. Па сподели разултат чито ме интересира. Знам од искуство може да има разлика и до 3/4 ф-стоп
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    82
    96
    4 Август 2017
    Посветол изгледа Тамронот. Ќе прикачам слики подоцна.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    235
    191
    29 oктомври 2009
    Тогаш оди со тамронот, ќе имаш повеќе од 1 ф-стоп светлина, па може да пониско ИСО или пократка експозиција да имаш.
     

Сподели