Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Take-away задачи, Leetcode, live-coding интервјуа etc..

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1.265
1.501
Здрави дечки,
ме интересира кое е вашето мислење за горе споменатите принципи за време на интервјуирање?

Особено спарено истото мислење со вашиот сениоритет во индустријата (јуниор, мид, сениор, ++)

Сум имал ситуации каде што сум одбил компанија поради нивните супер комплицирани процеси меѓу кои и non-sense Leetcode задачи.
 

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
632
504
Од можни 300 интервјуа во Македонски фирми со ваков начин на вработување, само 2 беа добри и добронамерни да се покажам колку знам. Другите беа задачи што немаат врска, дали со работната позиција, дали со јазикот кој ми беше спомнат да се спремам со, дали ќе ти стават некоја библиотека што мораш да ја користиш, дали програма што сами си ја развиле задолжителна потребна да работи со развивачката околина со некои од програмските јазика, дали задачата имала премногу мал рок да се направи добро и прецизно, дали не му се допаѓал мојот начин на имплементација (или бил премногу сложен или премногу прост), дали изгледот им сметал на нивниот вид, немало двојазична подршка, коментарите што сум ги пишувал во кодот за означување на методологијата/алгоритамот/процесот биле „детски“ или „несоодвтени“. Од тие критики можам да речам дека секогаш личело како комисија да те падне на прво градско полагање-возење.
Ако ти се потребни примери што биле тие задачи, ќе бидеме тука цела недела да пишувам есеи :)

Се сметам помеѓу средишен и виш програмер, ама сум специјализиран за мрежи отколку за обично програмирање.
 

acekorg

Gaining Experience
5 октомври 2010
300
472
Слабо одзив на темава.

Јас се нафаќав да решавам, не одбив никого мада ако не ми фаќа око не губам многу време.
Од 4 вакви интервјуа лани (2 live coding, 2 take home) се покажа дека сите беа недефинирани, не знаеа што оценуваат во еден случај.
Пример
1. Не ти кажуваат спреми IDE, туку рандом се избација едни ај отвори IDE и куцај… и ти во тој еден саат губиш време еј чек секунда кое IDE да не видат проект што не треба да го видат, па од митинг во Browser можам ли screen share, па замисли тек да ми текнеше да се уклучам на митинг од друг лаптоп/таблет и да немав IDE…
2. Take home assignment е доста често недефиниран до крај за да видат и како толкуваш requirements. Или па не мора се да се направи па сам приоретизирај.
И на крај ти коментираат зошто не си документирал нешто или ти фалат тестови (можда па како да се фатат за нешто да не испаднеш совршен, нема да може да те уценат за плата после).
Мислам дека и временските рамки се скоро секогаш недоволни и очекувам фирмата да го цени потрошеното време пошто и 8h не се малце особено ако си фамилијарен човек.

Во принцип и пак не би одбил,, некако ок ми е да покажам coding/system design/problem solving skills.

А инаку во последно време приметувам доста во мое опкружување луѓе што не прифаќаат. Имаат mindset сениор сум, 10 години искуство, што има да ме тестираат или пак ќе решавам ако ми платат за времето…
Има логика и ова до негде ама што знам… не сум толку надмен јас…
 
Последна промена:

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
198
429
Скопје
davorminchorov.com
Јас сум имал многу интервјуа до сега, но многу ретко ми се погодило да решавам измислени задачи од типот на Leetcode.

Пред некој месец имав интервју со тие Proxify за Senior Laravel Developer и ми дадоа и задача во онлајн браузер што задачите беа реални од секојдневие но техничкото интервју беше од типот “прочитај ја приказнава со различен крај”. Не ја одбив, не знаев да ја решам на памет во 45 минути ама од друга страна кога ги видов прашањата знаев дека џабе го губам времето.

Според мене, ок се задачите поврзани со алгоритми и структури на податоци да знаеш да ги решаваш, има корист во одредени ситуации, но за жал, во реалноста дали еднаш се имам сретнато во последниве 8 години.

Немаат никаква допирна точка со реалноста во поголем дел од случаите. Кога и да ми даде некој таков тип на задачи, не го сфаќам сериозно, затоа што нема тоа да го работам на таа позиција, особено кога знам дека многу од луѓето што се фрејмворк девелопери немаат појма надвор тие граници да размислуваат.

Поголем дел од задачите што ми ги давале биле правење на мали апликации и тие најчесто сум ги поминувал без проблем. Имало технички прашања што ме прашувале и што не сум ги знаел но биле корисни и сум научил нешто ново, иако знаеле дел од тие да бидат прашања од документација или нешто што ретко се користи.

Интервјуата се игра на бројки, така што не се замарај и само продолжи напред, ќе се најде некоја фирма што ќе праша корисни секојдневно користени работи и што ќе те засака како карактер.

Не ги кривам тие што даваат досадни задачи, може и тие самите не знаат систем дизајн или да решат задача па само прашуваат тоа што мислат дека кандидатите треба да знаат.
 

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.261
1.480
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Можеби задачи од типот на Leetcode, HackerRank и слично немаат допирна точка со реалноста, но мене ми овозможија лагана работа со шест цифрена заработка во долари. Во суштина овие задачи испитуваат колку можете да размислувате како вистински програмер. Под ова подразбирам податочни структури, алгоритми, динамичко програмирање и други концепти. Не верувам дека постои таков програмер што може ги изреши тие задачи, а да не знае еден контролер во Laravel да направи и некоја логика да сврзе тука.
 

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
198
429
Скопје
davorminchorov.com
Можеби задачи од типот на Leetcode, HackerRank и слично немаат допирна точка со реалноста, но мене ми овозможија лагана работа со шест цифрена заработка во долари. Во суштина овие задачи испитуваат колку можете да размислувате како вистински програмер. Под ова подразбирам податочни структури, алгоритми, динамичко програмирање и други концепти. Не верувам дека постои таков програмер што може ги изреши тие задачи, а да не знае еден контролер во Laravel да направи и некоја логика да сврзе тука.
Парите што ќе ти ги дадат зависи од буџетот на компанијата или клиентот, ако го најдеш правиот, нема врска со знаењето Leetcode или HackerRank до толку, има многу фактори.

Многу покомплицирано е градењето на продукт, не е само знаење алгоритми и структури на податоци.

Имаш систем дизајн, имаш принципи и шаблони, менаџирање и оддржување на комплексен код, смислување на како ќе го напишеш тој код, архитектури и слично.

Мене ми се има случено два пати да влезам да работам на проект без техничко или задача ако е за тоа дали ти треба знаење или не ама тие ретки случаи.

Релевантното искуство е многу покорисно.

И да, постојат програмери што знаат алгоритми ама немаат релевантно искуство за да се справат со горенаведените работи што се дел од градење на продукт.
 

dddragan

On your way to fame
12 август 2014
393
527
Каков глуп муабет се напраи, алал… “не бе, кај ти 100к, нема шанси, глеј Микрософт во Србија какви плати дава”.

На муабетот, сум имал и Leetcode, и take-away, и live coding, и system design. Се погоди еднаш и да ми дадат интервју од типот на Leetcode задачи што требаше да трае 6 саати :D затворив таб и продужив даље, од старт знаев дека нема да е фирма по мој вкус.

Дали ќе превртуваш бинарни дрва и ќе имплементираш стек или поврзана листа од 0 на работа? Нема. Ама начинот на кој би размислувал да го решиш проблемот, макар и да заглавиш, тоа е битното и тоа можеш да го покажеш на интервју макар и да не го решиш целосно проблемот. Исто, јас ако сум работодавец и утре ти дадам некој комплексен проблем или проблем во домен што не ти е познат, битно ми е да знам дека си спремен да го загрееш столчето за да ја завршиш задачата. Leetcode е тоа - покажи ми дека си напишал домашна. Ако јас ти барам Leetcode и ти сакаш да работиш за мене, покажи ми дека си спремен да потрошиш саати на нешто што ќе те донесе до целта. Друг муабет е што ако вработуваш тазе девелопери, ти си тука да ги научиш на design patterns, reusability и дали е секогаш битно или не, па може take-away задачи да се голем залак за нив или да ги натераш да ископираат све од некој друг. Е сеа, тоа што некои гледаат само дека тестовите ти прошле 10/10, а не 7/10 е друг муабет. Се губи малце поентата овде…

Take-away задачи се кул, можеш да им го препознаеш стилот на кодирање, да видиш дали го знаат стекот, дали имаат багови итн. Ама немаш прегледност дали они во напишале кодот и како се снашле, како размислуваат. Ова може да се замени со live coding, ама некој да ми глеа у тастатура постојано дур куцам е стресно. На работа колега да седи до мене ќе се здркам, ќе забораам променлива како се дефинира, не па на интервју за работа. Работење под стрес е исто валиден тест, ама шо знам, некако подруго е ова…

Систем дизајн ми се омилени пошто има најмногу дискусија и во секој момент може да излезе нешто ново или интересно. Ама не можеш да ги дадеш овие на јуниор, зошто мораат основата прво да ја знаат, а и обврските ќе им бидат стриктно изџвакани таскови, нема да седат и да мислат каков тип на round robin да користат во balance loader-от. Далеку се они од тоа.

Поентата ми е секој тип на интервју има своја примена и се додека се користат според намената за која се предвидени ќе си ја завршат работата - на јуниор да му дадеш system design е исто толку глупо колку на сениор да му дадеш Leetcode. Ама јебига, проблем е кога компаниите им даваат на сениори да вршат интервјуа без простор за спремање - ти пази го дедлајнов што секако ќе го утнеш и ќе работиш 10 саати на ден, ама уз пат и провери ги 15те дечки што ти ги пратив и вработи ми 3ца. Секако ќе го одберат најлесниот пат - фрли им 3 задачи, види кој најбрзо ќе ги реши и вработи ги.
 

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
198
429
Скопје
davorminchorov.com
Take-away задачи се кул, можеш да им го препознаеш стилот на кодирање, да видиш дали го знаат стекот, дали имаат багови итн. Ама немаш прегледност дали они во напишале кодот и како се снашле, како размислуваат.
Многу лесно се решава ова.

Дај му тест, нека го реши и после тоа прашувај го на интервјуто што и како решавал заедно со дел општи технички прашања поврзани со секојдневието.

Јас вака правев интервјуа пред неколку години и се покажа ефикасно затоа што имаше еден од Pakistan што тврдешњ дека работел со Microservices во Alibaba ама не знаеше што е repository или некој друг дизајн шаблон, покрај тие теотертските прашања или пак дел од работите што ги искористил во задачата или пак како да ја припреми / постави за на долг рок. Додатно, дечкото немаше меки вештини.

Слично сценарио им се случи на колеги кои бараа наш човек за пракса. Дошол дечкото со готова задача од некој што му ја дал ама не знаел што искористил.
 

DonFrozex

Practice makes perfect
9 јуни 2011
1.265
1.501
Well said, well said.

Лично јас до сега најмногу сум „уживал“ во take-home задачи во стилот: „Еве го нашето (тест) репо, ова а продуктот, искористи ја постоечката структура да додадеш уште Х функционалности, а во меѓувреме види ако мислеш дека има простор за подобрување на постоечките.“
На крај имаш уште еден состанок каде објаснуваш што како си направил и зошто си тргнал по овој пат а не тој...
На овој начин им го гледаш и кодот, и начинот на работа и работиш на „реален“ проблем што утре кога ќе се вработиш ќе ти дојде како таск, а не превртување на бинарни дрва, како што кажа погоре.
 
Последна промена:

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Лајв кодирање не сум имал на интервју, сите биле „за дома“ кои после сме ги дискутирале на техничко интервју.
Неколку од тие имам и одбиено. Од причина што не биле задача за тест, туку извадиле таск од џира. Или во полош случај цел ебан проект за 4ца да го прават.

Во сегашната фирма ми пратија задача за решавање, но со многу општи барања. Кое искочи дека е намерно па беа импресионирани дека освен директ само кодот покриено беше и по нешто плус, тестови, докерфајл, к8с...
Натака на техничкото интервју ме „изрендаа“ со прашања околу код(от), зошто Х а не Y, архитектура, микросервиси, сдлц, итн.
 

no_retreat

On your way to fame
22 јануари 2011
497
996
Многу интересна тема започнавте, како лик кој што активно учи програмирање и е на пат на промена на кариера со нетрпение очекувам нови коментари.

Во име на сите заинтересирани за темава, ве молам не му обрнувајте внимание на новиот член кој што ја отера темава во друг правец.
 

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
632
504
Кога Аце рече слаб одзив на темава, мислев немало многу примери во Македонија па јас викам експериментален глушец со пуста шанса сите да не ми се погодат. Се појави "Македончето" и почна да тропа на вратите како Јехови сведоци дека 6000000 денари е невозможна плата за граѓанин на Македонија во Американска или странска фирма од западот. Ако си меѓу првите и ретките по некоја област во стопанската гранка, ќе бидеш пристојно платен и сосема е очекувано да компанијата ги земе во обзир минимална плата, просечна плата, потрошувачката кошница за таа држава и придонесите за твоја пензија. Има и такви кои вработуваат мизерни балканци, источни европјани, индијци, кинези... што заштедуваат многу место да вработат граѓанин од нивната држава. Не значи дека треба да се тврди дека апсолутно е невозможно да биде наш граѓанин платено достоинствено поради ретките примери.
Ајде сега да се вратиме како да решаваме троен интеграл во интервју за Севус.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.265
32.121
roka.mk
Човек ќе реши на одмор да отиде да потроши тие 100к што ги зиам годишно, и ете одма некој ќе дојде да ми се искака у тема. Наместо да лежам на плажа да ме ладат две мулаткињи ја треба со100посто македонци да се расправам и да бришам офтопик глупости... не сте фер :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.273
Мислења
977.689
Членови
35.572
Најнов член
mkd2020
На врв Дно