- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
Влезот на брендот „Т-хоум“ на македонскиот пазар на граѓаните и на бизнис-корисниците од средината на овој месец им носи нови можности за користење на најновите светски телекомуникациски стандарди. Новиот пакет услуги за граѓаните е тарифниот модел „Кол комфорт“, кој за фиксна месечна доплата од 199 денари на веќе постојната месечна претплата овозможува неограничени локални и национални разговори во рамките на мрежата на „Македонски телеком“. Корисниците можат да користат бесплатни разговори од 19 до 8 часот, и тоа во текот на сите денови од неделата.
„Офис комфорт“ и „Офис комфорт плус“ се нови тарифни модели кои нудат низа поволности за корисниците од сегментот на мали претпријатија. Станува збор за наполно нови шеми на тарифирање, креирани врз основа на телекомуникациските потреби на малите претпријатија. Моделите нудат можност за рационализација на телекомуникациските трошоци на малите и на средните претпријатија преку вклучување дури 400 минути бесплатен разговор преку мрежата на „Македонски телеком“, бесплатни разговори помеѓу интерните линии на претпријатието, како и попусти на другите видови сообраќај кои достигнуваат дури до 20 отсто. (А.С.)
Извор: Утрински