Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

„T-Mobile“ и „Космофон“ не смеат да земаат пари за „говорно сандаче“

Статус
Затворена за нови мислења.

D

Администратор
31 март 2007
3.977
4.142
www.aqtos.com
КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА
„Те-мобајл“ и „Космофон“ не смеат да земаат пари за „говорно сандаче“

Мобилните оператори „Те-мобајл“ и „Космофон“ ја злоупотребиле доминантната позиција на пазарот така што услугата „говорно сандаче“ ја тарифирале од моментот на отворањето на сандачето иако автоматската говорна порака е дел од сервисот, утврдиле во Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во КЗК им забранија на двата оператори автоматски да им наплаќаат на корисниците доколку се јават кај претплатник што ја активирал услугата говорно сандаче. Оттаму им наложија на операторите во рок од 90 дена да воведат нов начин на тарифирање на оваа услуга со кој на повикувачот ќе му се даде можност да избере дали сака да ја користи услугата „говорно сандаче“ и да остави говорна порака која ќе му биде тарифирана како воспоставен повик. Доколку не го почитуваат ова решение, „Те-мобајл“ и „Космофон“ ќе заработат прекршочни пријави.
„Со ваквиот начин на тарифирање за услугата „говорно сандаче“, повикувачот нема можност да избере дали сака да ја користи услугата, т.е да остави говорна порака која ќе му биде тарифирана како воспоставен повик кон мрежата на операторите или да не ја користи оваа услуга и да не биде воопшто тарифиран. Со тоа, всушност за повикувачот настануваат трошоци за повикот, иако целта на истиот не била остварена, а повикувачот воопшто не бил предупреден дека и покрај недостапноста на повиканиот број, тој сепак ќе биде тарифиран“, се вели во образложението на одлуката.
Според мислењето на комисијата, преку начинот на активирање и тарифирање на услугата „говорно сандаче“, „Те-мобајл“ и „Космофон“ ги принудувале повикувачите да прифатат за нив неповолни и искористувачки услови.

В.Н. - Vreme.com.mk

P.S. Со кој памет е напишано „Те-мобајл“!?!?!?!
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Ја еднаш праќав сигнал од Хрватска во Македонија и ми се уклучи мејли. Ми зема 80 денари тогаш :(((((((((( Мамето нивно!!!!
 

staki

Intern
26 јуни 2007
147
3
Одлука за подршка. Само една работа во законот мислам дека е погрешна зошто рокот е 90 дена. Со оглед на нашиот менталитет мислам дека ќе се чека до последниот ден.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Редно беше. И самото наметнување на услуга која се плаќа без согласнот од корисникот, и без оставање опција дали сака или не да ја користи услугата (вклучена под "default") треба да се санкционира.:tazhen:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.046
Мислења
1.004.887
Членови
36.671
Најнов член
gverus

ит маркет

На врв Дно