Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Т-Home оптика

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.288
4.919
Ајде да ви ја решам дилемата, зашто незнам како и до сега преживеавте.Новите МагентаТв боксовите трошат од фиксниот интернет,без разлика вифи/кабел.
Ооо, одлично. Каде го пишува тоа, те молам. И да ми кажат колку месечно ќе ме кошта тоа задоволство, и зашто да ме кошта кога никаде не го пишува тоа. Да не се разбереме погрешно, трошат трафик така? Ако имам ддозволено месечно 2ТБ со ТВ боксовите ќе ми изедат карикирам 500ГБ. Брзина што трошат тоа е веќе јасно, пошто не се повеќе на различен канал.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
TexasUS

On your way to fame
25 февруари 2017
972
934
@Rejzerot друже без директна навреда кон тебе или било кој тука доколку бил друг но уште пред 5 месеци кога го водев разговорот како и дали да си ја задржам старата опрема но со нов договор кој и да беше тука од Телеком со сигурна информација “демек” ми тврдеше дека старата опрема НИКАКО нема да ми дозволат да ја задржам или нова или да си мењам оператор беа одговорите од вас тука. Недела дена пред да идам во салон се оставив од објаснувања на мејл да ми дадат за во салон само да им ја покажам комуникацијата дека ми е дадено од повисоко ниво. Идам во салон здраво здраво за обнова на договор и одма со напомена дека имам добиено дозвола да ја задржам старата. Таа ме гледа ми вика зошто сте се мачеле секако дека може нема да отворам налог за промена. Еве до ден денес нит се јавил некок нит ништо, 2 макств рисивери и Хуавеи си цепам. Па добро бе кој кого е*е овде…

Истата приказна ја гледам повторно исто после 6 месеци со членот кој ја доби новата опрема па ја вратија старата.

На страна тоа иако пак ништо не ми е верно бидејќи у ситуацијава уште не се знае кој пие кој јаде ако е точно дека влага во сообраќај, ја уште не можам да разберам кој е тој високоинтелектуалец во Телеком што одлучи се ова да е вака? Ако е така ако троши од нет брзина од нет сообраќај зошто не им работи од бриџ? Тотално нема логика бидејќи од ова што гледам и читам ова не е ништо поразлично од обичен иптв.

Во германија од кај што им е земено од што читав по форуми скоро сум сигурен дека не им фунционира вака и дека си е поделен на различен сообраќај исто како и на МаксТВ.
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.310
1.493
На страна тоа иако пак ништо не ми е верно бидејќи у ситуацијава уште не се знае кој пие кој јаде ако е точно дека влага во сообраќај, ја уште не можам да разберам кој е тој високоинтелектуалец во Телеком што одлучи се ова да е вака?
Мислам дека е затоа што сега е посебна апликација на андроид тв, не е посебен уред кој си има засебна порта на рутерот, и сега они не се способни на нивните рутер и да го препознаат трафикот и пакетите што доаѓаат преку Вифи до нивниот рутер, тоа е доста комплицирано, да се даде приоритет на пакетите ов ТВ апликацијата, наместо од Јутубе или ХБО Макс, па ако ги вклучиме и телефони, лаптопи, тоа е доста комплицирано ми се чини, за разлика од претходно со засебен рутер.
 
И претходно немаше посебен рутер. А и не ми е гајле дали они нешто можат или не можат. Нека напишат експлицитно како им е тарифата и потрошувачката и сѐ, па да си знае и одбере корисникот пред потпишувањето.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
acikaaa

On your way to fame
22 октомври 2018
1.015
977
Скопје
ОК, супер. А со бендвит како е. Троши од пакетот или не? Уште тоа остана не одговорено од сагата МагентаТВ и Контакт центарот на Телеком

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Не знам што да кажам, али гледам до денеска (6 октомври) сум потрошил 110 гигабајти, а немам нешто трошено посебно дали еден филм имам гледано на Стремио (не повеќе од 20гигабајти) и една игра на пС5 имам апдејтувано колку што паметам
 
dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.565
5.791
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Не знам што да кажам, али гледам до денеска (6 октомври) сум потрошил 110 гигабајти, а немам нешто трошено посебно дали еден филм имам гледано на Стремио (не повеќе од 20гигабајти) и една игра на пС5 имам апдејтувано колку што паметам

Јас имам 200 потрошено а не глеам телевизија :)
Мислењето е автоматски споено:

Телевизијата е мултикаст. ИПТВ.
За да работи со бриџ мод, мора да има igmp proxy на рутерот што ќе го проксира мултикастот внатре во локалната мрежа. Тоа е еден проблем.
Веројатно има на рутерот на @Oktar па затоа му работи.

Проблем 2: Мултикаст во ВИФИ прави проблеми. Прави премногу непотребен трафик. За таа цел, некои рутери прават финта кај што мултикастот го преправаат во уникаст. Веројатно нивниот го прави тоа и затоа работи на вифи.
Затоа е бавно кај некои.

Информацииве се теоретски, вака работат сите IPTV на светов а и сите индикации покажуваат на тоа.
Ако некој зајми апараче на пар денови, ќе ви кажам дали може да работи со IGMP Proxy и со unicast.
 
Последна промена:

acikaaa

On your way to fame
22 октомври 2018
1.015
977
Скопје
Јас имам 200 потрошено а не глеам телевизија :)
Некаде си ги јаде :) Пред некој месец баш следев, без некакво трошење секој ден си ги трошеше по 10 гига фиксно, сега гледам во сметката што стигна за минатиот месец вика Фиксен интернет 265956 [MB]
 
JamesKirk

Unstoppable
12 февруари 2015
2.322
2.074
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Ајде да ви ја решам дилемата, зашто незнам како и до сега преживеавте.Новите МагентаТв боксовите трошат од фиксниот интернет,без разлика вифи/кабел.
Ова се коси со одговорот од телеком (маил и чат) пред некој месец, за кабел тврдеја дека не се троши од месечниот нет а за wifi не беа сигурни.
Не е толку битно дали троши или не, просто ме заинтересира муабетов :)
Мислењето е автоматски споено:

Не знам што да кажам, али гледам до денеска (6 октомври) сум потрошил 110 гигабајти, а немам нешто трошено посебно дали еден филм имам гледано на Стремио (не повеќе од 20гигабајти) и една игра на пС5 имам апдејтувано колку што паметам
Кај мене вака е до денес: 3.096,76 / 3.221,22 GB преостанати податоци
 
Атачменти

  • Screenshot 2024-10-06 182233.jpg
    Screenshot 2024-10-06 182233.jpg
    18 KB · Прегледи: 49

TexasUS

On your way to fame
25 февруари 2017
972
934
Јас имам 200 потрошено а не глеам телевизија :)
Мислењето е автоматски споено:

Телевизијата е мултикаст. ИПТВ.
За да работи со бриџ мод, мора да има igmp proxy на рутерот што ќе го проксира мултикастот внатре во локалната мрежа. Тоа е еден проблем.
Веројатно има на рутерот на @Oktar па затоа му работи.

Проблем 2: Мултикаст во ВИФИ прави проблеми. Прави премногу непотребен трафик. За таа цел, некои рутери прават финта кај што мултикастот го преправаат во уникаст. Веројатно нивниот го прави тоа и затоа работи на вифи.
Затоа е бавно кај некои.

Информацииве се теоретски, вака работат сите IPTV на светов а и сите индикации покажуваат на тоа.
Ако некој зајми апараче на пар денови, ќе ви кажам дали може да работи со IGMP Proxy и со unicast.
Ова е и целиот проблем што страници и недели уназад го вергламе а тоа е дека секој со свое знаење и искуство на форумов заедно повеќе допринесува отколку цела корисничка поддршка па и технички тим на најдобриот провајдер ака Телеком у случајов.

Па добро бе скоро година ја имаат, не се најде никој од тие што правеле што го имплементирале бар у најлош случај да објави точни технички информации/упатства на страна за поддшка или било каде? До толку пропадна Телеком што од 4 нивни извори ти кажуваат повеќе од 4 тотални различни информации? Или откако ќе се направи имплементира остана дувло од неписмени што врска немаат што да прават како функционира како да се конфигурира? Истата работа со твто недели пуштаат крш квалитет слика се утепуваш од пријави 4-5 дена пошо пиксели гледаш упорно ти тврдат нема проблем за после уште толку дена да ти кажат абе знаеш имаше некое проблемче мало го решивме сега валда ќе биде океј валда не, ако е океј топ ако не замарај се ти пак 4-5 дена у лавиринти да сфатат дека е до нив проблемот и да најдат човек што знае до што е и да го реши.

Еве ајде кога обновував реков ајде ново е ќе се уходаат треба време. 4 месеци поминаа тотално истите ствари се дешаваат кај други корисници кои допрва се приклучуваат/обновуваат. А сите викаа бегај од тк, бегај од а1, бегај од локален иди на Телеком бог да те види... How the turntables :)

Еве наједноставен пример старото Хуавеи од тие првите белите откажа, почна само од себе да се рестартира најрандом време дојдоа ми го сменија со ново од тие подебелите в5 што е. Што сега ова ако цркне? Како да ги договорам дека сакам исто, ќе побарам едно, ќе дојде техничар од 3та компанија друго ќе ти каже, ќе се јавиш у техника одма после 3то ќе ти кажат, ќе пријават на повисоко 4то ќе ти каже, ќе дојде друг техничар 5то ќе направи. И така прошла недела. Ало бре нормални ли сте?

Убаво си имаат во хрватска со закон донесено дека и за приватни операторите задолжително јавно мораат сите параметри да ги наведат за конекција на било каква услуга и да може се тоа да работи и конфигурира на сопствена опрема. И за чудо таму и бриџ и магенти и се работи. Ама овде ќе скапаат со изговори дека не може како што беше за опремата во мој случај и во случајот на техниколор кога на краи испадна дека имало опција за бриџ пастру, пошо некој шеф што нема поима така рекол и така мора да биде. Овде да се поведе таква иницијатива или АЕК да почне, ќе скокаат ко кенгури и поише од Телеком и А1 дека тоа не е во ред дека се нарушува интегритетот итн итн. Уште од прв ден кога некои и најавија ги поставував истиве прашања ама немаше некоја реакција од никого, епа сега баравте магента андроид боскчиња, гледајте.
 
Последна промена:
18 септември 2020
712
628
Македонија
Ова е и целиот проблем што страници и недели уназад го вергламе а тоа е дека секој со свое знаење и искуство на форумов заедно повеќе допринесува отколку цела корисничка поддршка па и технички тим на најдобриот провајдер ака Телеком у случајов.

Па добро бе скоро година ја имаат, не се најде никој од тие што правеле што го имплементирале бар у најлош случај да објави точни технички информации/упатства на страна за поддшка или било каде? До толку пропадна Телеком што од 4 нивни извори ти кажуваат повеќе од 4 тотални различни информации? Или откако ќе се направи имплементира остана дувло од неписмени што врска немаат што да прават како функционира како да се конфигурира?

Еве ајде кога обновував реков ајде ново е ќе се уходаат треба време. 4 месеци поминаа тотално истите ствари се дешаваат кај други корисници кои допрва се приклучуваат/обновуваат. А сите викаа бегај од тк, бегај од а1, бегај од локален иди на Телеком бог да те види... How the turntables :)

Убаво си имаат во хрватска со закон донесено дека и за приватни операторите задолжително јавно мораат сите параметри да ги наведат за конекција на било каква услуга и да може се тоа да работи и конфигурира на сопствена опрема. И за чудо таму и бриџ и магенти и се работи. Ама овде ќе скапаат со изговори дека не може како што беше за опремата во мој случај и во случајот на техниколор кога на краи испадна дека имало опција за бриџ пастру, пошо некој шеф што нема поима така рекол и така мора да биде.
Банана држава, секој што ќе оди по партија го ставаат директор на таков некој оддел кој што треба да го води стручен човек кој е специјализиран за таа област.
На крајот си кркаат плати кои што ние нема да ги видиме во животот, тераат некако како што тераат, се што било квалитет заминало од Телеком, ја запустија оваа државна компанија која ја продале, а се градела инфраструктура со пари на луѓето. Прашувам во салон, има можност за VDSL, прашувам на чат кажуваат дека има за ADSL, согласност - 1%, бакар има.
Заради арамии и крадци во оваа држава, ништо не е нормално, сега нов грабеж, не смееле ни казните да му ги кинат во полицијата, свашта ќе му текни, друго на се живо данок ќе напраеле.
Кај гласаме, кај појдовме, ништо не е нормално средено, се лажат, на крај ќе продадат пак нешто од Телеком на третиот оператор и од таму ќе земаат пари од што џебот му е ,,празен".
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
4.049
4.927
Мислам дека е затоа што сега е посебна апликација на андроид тв, не е посебен уред кој си има засебна порта на рутерот, и сега они не се способни на нивните рутер и да го препознаат трафикот и пакетите што доаѓаат преку Вифи до нивниот рутер, тоа е доста комплицирано, да се даде приоритет на пакетите ов ТВ апликацијата, наместо од Јутубе или ХБО Макс, па ако ги вклучиме и телефони, лаптопи, тоа е доста комплицирано ми се чини, за разлика од претходно со засебен рутер.
Сѐ што треба е сообраќајот кон нивните сервери за телевизија да не го бројат. Не е важно дали се гледа преку вифи, кабел или нешто трето.

Не е ниту нешто ново ниту невидено.
 
JamesKirk

Unstoppable
12 февруари 2015
2.322
2.074
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.055
1.410
Скопје
Тотално не се синхронизирани Call центар, салони и луѓето на терен. Исто како што пишаа погоре, требаше да обновувам договор, од сите добив различен одговор.
На крај во салон ми рекоа дека нема потреба да се менува опремата и така потпишав нов договор. Имам од најстарите црни Huawei модеми со 4 порти. Првите 3 порти ми се за интернет, 4тата ми е МаxTV switch на кои се врзани 5 ресивери. МаxTV исто го имам најпрвиот, црн, најгабаритен, со 180GB HDD ако добро памтам. Ако не се лажам опремава работи 24/7 од 2009-2010 (меѓу првите оптики во Скопје сум). Надживеа 3-4 high-end рутери поврзани на неа.

Сега проблемот кај мене беше што пакетот ми е 300/150, а излезите на модемов се 100mbps. Доколку сакам 300mbps да извадам, треба да ставам нова опрема (модем/рутер + андроид бокс) и да изгубам bridge mode.
Делумно го решив овој проблем со WAN Aggregation, со 2 кабли од 2 порти од модем кон рутер и имам 200mbps download.

Исто така доколку инсистирате и се убедите може да добиете бел користен Huawei рутер (bridge mode).
 
TexasUS

On your way to fame
25 февруари 2017
972
934
Исто така доколку инсистирате и се убедите може да добиете бел користен Huawei рутер (bridge mode).
Фала богу! *се дур има залихи. Луксуз ќе стане имањето на Хуавеи.

А како уште не се синхронизирани тоа е тек друга работа, и нормално на крај секако ти го кркаш стапот и треба да се расправаш објаснуваш со денови.
 
Ervo

Gaining Experience
7 септември 2008
287
442
Месецов ми истекува договор, планирам да продолжам, има некој информација што ќе биде новогодишната промоција? Се надевам на промотивни 1/1 Gbps повторно.
 
18 септември 2020
712
628
Македонија
Месецов ми истекува договор, планирам да продолжам, има некој информација што ќе биде новогодишната промоција? Се надевам на промотивни 1/1 Gbps повторно.
Почекај нека излезе, еве лани имаше зголемен интернет на претплатите, повеќе бонус и такви работи. Можи ќе имаш можност само до 300/300 Mbps на Магента, оти нема уште официјален гигабитен пакет со сите 4 услуги во еден пакет, туку само со телевизија.
Ако пуштат промоција за активирање без дополнителен надомест, ќе имаш без гајле биди, ама ќе почекаме што ќе излезе на крајот.
 
malloy

Intern
4 декември 2015
20
32

ХБО сигурно ќе пуштат месец дена бесплатно, можеби и АренаСпорт+СпортКлуб. За гигабити скржави се.
 
TexasUS

On your way to fame
25 февруари 2017
972
934
И јас сум во К4, немам фиксен нет а во еден момент немаше ни мобилна мрежа.
Исто К4 имам мобилна ама е тиња на моменти и тоа.

Сега барав, на 122 ставиле порака дека е во прекин Карпош, Аеродром, Кисела Вода.
 
  • Тажно
Реакции: thrw

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.164
Мислења
991.228
Членови
36.267
Најнов член
Eli__
На врв Дно