IT member
Intern
Постојат различни ставови и мислења околу тоа кој празник да го славиме, Трифун или Валентин. Сепак овие два празника имаат нешто задничко а тоа е ПИЈАНСТВОТО!!! За некои тоа е од љубов а за некого од вино.
Св. Трифун
Меѓу поголемите зимски празници кај македонското население спаѓа и Св. Трифун празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се оди во црква каде што попот пее молитва и осветува вода. Од оваа вода која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земаат во шишиња и ги прскаат лозјата при што го изведуваат и обредното закројување.
Историја на денот на вљубените
Секој февруари, во секоја земја, вљубените си разменуваат бонбони, цвеќиња и подароци во име на Свети Валентин. Кој е всушност мистериозниот светец и зошто го славиме овој празник? Историјата на денот на вљубените, и нејзиниот светец заштитник, се обвиткани со мистерија. Она што го знаеме е дека февруари долго време се сметал за месец на љубовта.
Денот на вљубените, или Свети Валентин, како што се нарекува денес, содржи траги и од Христијанската и античката Римска традиција. Кој бил Валентин и како се поврзува со овој антички обред? Денес, католичката црква признава најмалку три светци со име Валентин или Валентинус, од кои сите биле измачувани.
Една легенда пренесува дека Валентин бил свештеник кој служел за време на третиот век во Рим. Кога императорот Клаудиј Втори одлучил дека мажите кои биле ергени биле подобри војници отколку оние со жена и семејство, тој го забранил бракот за млади мажи кои биле потенцијални војници.
Валентин, сметајќи дека тој указ е неправеден, му се спротивставил на Клаудиј и продолжил да склучува тајни бракови на вљубените. Кога биле разоткриените постапките на Валентин, Клаудиј наредил да го убијат...
Poveke na http://tocka.com.mk
Izvor: tocka.com.mk:bye1: