1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Суплементи/здрава исхрана

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Alucard, 6 ноември 2015.

  1. Avid

    Avid
    Guru

    4,278
    6,373
    21 Јануари 2009
    Нема ти што тука рајата да ја омаловажуваш дека нагалено кажувала нешто.
    Коронавирусот си е вирус од категоријата... bear with me... коронавируси. Covid-19 е болеста која ја предизвикува вирусот.
     
  2. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    575
    2,537
    21 Април 2016
    Машко
    "Ова е само почеток" - Michael Osterholm

    View: https://youtu.be/E3URhJx0NSw

    Talijanski liječnik: Za koji tjedan će svugdje biti kao u Italiji

    "Pacijente iznad 65 godina ili mlađe od 65 s drugim bolestima se ni ne pregledava na intenzivnoj, i ne mislim da ih se ne intubira, kažem da ih se ne pregledava i da ih osoblje intenzivne ne obilazi kad im nastupi zastoj srca."

    "Došlo je do toga da ćemo morati birati koga ćemo tretirati, a ta odluka najčešće pada na liječnike na terenu koji bi zbog toga mogli imati etičke nedoumice"

    "Nekoga se intubira i ide na intenzivnu njegu. Za druge je prekasno... Svaki respirator postaje poput zlata."
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Avid

    Avid
    Guru

    4,278
    6,373
    21 Јануари 2009
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Tријажа, така мора да биде. Не можат да ги спасат сите, бираат кои се помлади и поздрави. Објаснува убаво италијански доктор во ова видео интервју.
    Овде кај нас ќе биде клептократска тријажа, или „клептијажа“®.

    Пази Ломбардија е богат регион, со современо и добро опремено здравство. И здравствениот систем им колапсира. Колку апарати за дишење имаме овде?
    Колкав капацитет во интензивна нега имаме?

    Во комбијација со неодговорни луѓе што си искачаат по кафичи и не се замараат. Надлежни институции што сметаат дека забрана на работа на кафичи и кафани после 6 попладне е доволно добра мерка за спречување за ширење на заразата.

    Вирус кој има инкубација од 2 до 3 недели, за кое време заразените често се асимптоматични и ја шират заразата без да знаат... Наеднаш десетици илјади болни ќе им треба медицинска нега во Здравство кое нема капацитети ни за мал дел од нив.
    Овде ќе биде хорор.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не сум нарачувал од промената во пресметувањето царина, како функционира сега со лимитот до 90 евра за царина на пратки? Полесно поминуваат пратките?
     
  6. dino

    dino
    Gaining Experience

    414
    103
    5 Јули 2009
    Мене ми стигнаа 2 пратки, нарачките беа $92 и $97, не платив ништо дополнително.

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Маша

    Маша
    On your way to fame

    237
    512
    24 Април 2007
    Женско
    На првите две пратки ми наплатија 100-200 денари за проверка само (без данок), после другите доаѓаа без никаква надокнада. Потешките пакети или до врата ми ги носат или ми се јавуваат и ги подигнувам од ЕМС. Полесните, класика со картонче.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Tреба почесто да го почестувам мојот поштар... :)
    Слабо го начекувам, пошто кај мајка ми остава пошта. Никогаш не оставил картонче човекот, пратките ги носи по дифолт.


    Туку поназад посочив видео за Цинк, како го оневозможува разможувањето на корона вирусите (следствено и на SARS-CoV-2). Во следново видео се објаснува дека Quercetin помага за влагање поголеми концентрации на цинк во клетките.
    Нарачав веднаш.


    View: https://www.youtube.com/watch?v=vE4_LsftNKM
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Quercetin, зголемува апсорпција на скоро се што постои, обавезно да се чека 1.5/2h пред да се користи некаков медикамент.
     
    На Lokvan и Маша им се допаѓа ова.
  10. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Претпоставувам дека истото важи и во обратна насока: Треба да се земе цинк заедно со куерцетин, без ништо друго, ни оброк, како би се добила максимална абсорбција?


    едит: Пошто целта е зголемена концентрација на цинк внатре во клетките, не само абсорбција во серум... Истражувањата баш тоа го покажуваат, само нејасно ми е дали куерцетин треба да се земе со цинк, или без па цинкот што веќе го има да влезе во клетките (во поголема концентрација).
     
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Комбинацијата на напредни форми на цинк, со кверцетин го прави процесот да се зима на гладно непрактичен, ризичен итн. Зимај со храна и не се замарај.
     
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да да, едитирав да појаснам. Во видеото објаснуваат дека кверцетинот пред се дава за да зголеми концентрација на цинк внатре во клетките, со што се инхибира репликацијата на вирусот.

    Инаку цинк на гладно и без „појачувач“ е прилично неперијатно чувство... :)
     
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Смени на picolinate, мене и на неколку познаници, ни се десија прилично непријатни работи од цинк на гладно во минатото - picolinate е поднослив и скоро да нема никакви несакани ефекти на гладно, мада не е потребно, затоа ги праат напредни форми, да работат без разлика како се користат.

    Целуларна апсорција, за да се земе во предвид треба да се направи таква студија на напредни форми за да знаеме дали, како и што....за обичен оксид или глукона можеби.

    Eдит, запази го слајдот, па и како седнале раздвоени демек за да спречат ширење, што се не крепи земјава, low carb собир....

    Screenshot_54.png
     
    Последна промена: 15 Март 2020
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008



    Нема една позитива на продукти од животинско потекло, буквално се ужасни од секој аспект, еколошки, етички, здравствен.
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Идеолошко излагање, во принцип човеков прави строумен аргумент и го напаѓа. Би сакал да видам од каде вади податоци дека до пред 10.000 години немало вирусни епидемии - и ако немало дека тоа било заради тоа до тогаш луѓето не се бавеле со сточарство... Дали Др. Грегер кажува дека до пред сточарството луѓето не јаделе месо па затоа немало епидемии? :)

    Ако навистина немало епидемии, тоа било затоа што пред почнувањето со сточарство и земјоделство луѓето биле ловечко-собирачко (hunter gatherer) општество. На тоа ниво нема вишок на храна, нема голем наталитет и нема големи групирања на луѓе. Се претпоставува дека hunter gatherer групите не биле поголеми од 30-50 луѓе. Допир со други луѓе имале малку, или евентуално кога се тепале и бореле за ресурси со други групи. Ако hunter gatherer групите се заразат со исклучително смртоносен вирус тие попрво ќе изумрат сите отколку што ќе пренесат болест на други групи.



    Сето ова може да се прoвери во пракса. Пошто сеуште постојат луѓе кои живеат со технологија од камено доба. Нека отиде Др. Грегер сега во Амазонија и нека провери некое рандом hunter gatherer племе дали некој од нив е заразен од SARS-COV-2. Ќе имаат други вируси ама тој нема да го имаат (освен ако не ги зарази Др. Грегер). Патем нека провери и дали вегани опстојуваат таму во џунглата.

    Да аргументира дека заради неширење на вируси сточарството и јадењето домашни животни треба да се искорени е глупаво - цивилизацијата воопшто не би се развила ако луѓето во минатото од идеолошки причини не ги користеле сите ресурси што им биле достапни... Мислам друже, ти си го одбрал патот и тоа е твоја работа - ама премногу си паметен дечко за да си дозволиш со вакви идеолошки забегувања да си го презентираш светогледот.



    Не е спорно дека вирусите менуваат домаќини, а за да можат да мигрираат домаќинот треба да биде барем делумно компатибилен. Од тој аспект нормално е дека нема да фатиме вируси од билки туку вируси ни преоѓаат од другите Цицачи. Но глупаво е тоа да го земеме како аргумент за идеолошко откажување од еволуциско и генетско наследство за исхрана. Етиката не е фактор во еволуцијата, а нашите претци дефакто еволирале да јадат и месо и билки. За секој аргумент против јадење месо, има барем еден противаргумент за јадење месо. На крај се е компромис.

    Ако веќе зборуваме за НАУКА, и за аргументи за нејадење животни тогаш би требало да се задржиме на фактите. Ете има некои животни кои не треба да се јадат: Лилјаци. Според некои истражувања излегува дека малите мамоеба*и имаат толку јак имун систем, што во нивните организми еволуираат некои од најзаебаните вируси - пошто вирусите успеваат да се адаптираат. Лилјаците немаат проблем со тие вируси, ама кога истите ќе дојдат во допир со луѓе... Лоши работи се случуваат.

    Coronavirus outbreak raises question: Why are bat viruses so deadly? Bats' fierce immune systems drive viruses to higher virulence, making them deadlier in humans
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    575
    2,537
    21 Април 2016
    Машко
    Make Your Immune System Bulletproof Now

    View: https://youtu.be/F91E9SoIUHo

    Во ова кризно време, императив е билдање на имунитетот. Авионскиот собраќај е стопиран и не можеме да сметаме на услугите на Ајхерб и Витакост. Понудата на важни саплементи кај нас е очајна, но и таа ќе ја снема во наредниот период.

    Ќе треба да се потпреме и на исхраната како важен извор на витамини и минерали, како и ферментираните производи со пробиотици.

    - Телешки џигер. Тој е концентриран природен извор на бакар, витамин А (чист ретинол), селен и т.н.

    - Јајца. Од жолчката се раѓа цел еден нов живот, значи ги има сите потребни витамини, минерали, како и есенцијални масни киселини. Да, има и "холестерол", бидејќи без него нема живот. :)

    - Ферментирани млечни производи. Кефир и кисело млеко се сосема доволни, особено ако се домашно произведени. А тоа е толку лесно, што мислам дека секој може да ги произведе. Пробиотици што не се купуваат со никакви пари, калциум, магнезиум, К2 (во мали количини) и т.н.

    - Конзервирана морска храна (мислам дека свежата тешко ќе се наоѓа во скоро време). Обични сардини или школки се одличен извор не само на Д, калциум и магнезиум, туку и на јод (во јод ништо не вирее, најмалку корона вирус), бакар, селен и т.н.

    - Многу разновиден зеленчук. Колку повеќе, толку подобро, тоа и веганите го разбираат. Проблемот е што цените ќе се триплираат, а негова набавка ќе значи и изложување на ризици од инфекција со последниот корона вирус...

    - Ова со зеленчукот важи и за овошјето. Лимунот во одредени маркети веќе се продава по 200 ден за 1 кг. Среќа доаѓа пролет, па можеме да сметаме на нашите сезонски овошја.

    - Мешункасти плодови и семки. Овие би требало да ни бидат главна храна, без конкуренција. :)
    Лесно се складираат, се приготвуваат според потребите и со нив можеме да живееме најдолг временски период. Одличен извор на протеини, минерали, есенцијални масла и нешто витамини.

    Се што ќе фали или треба да се појача, ќе го покриваме со резервите од саплементи, колкави и да се.

    Веќе крајот на месец Мај ситуацијата би требало да се стабилизира и полека да почнеме да се враќаме во нормала.

    Здравје на есен ќе правиме нова стратегија, а некои од нас ќе се одлучат да бидат опитни зајачиња на новите вакцини (not me). :innocent:
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Друже, општо познат факт е дека грото од пандемии или како сакаш кажи ги потекнуваат од зарази пренесени од животни, материјалот е лесно достапен на секаде низ Pubmed. И не се фаќај само за етиката или за тоа што Грегер е против тој тип на исхрана, самите имиња на заразите ќе ти кажат се, птичји грип, кравјо лудило, свински грип итн. Иначе Грегер спомна на 2-3 пати дека на времето не сме ја имале истата пракса при чувањето на животни, немало масовна употреба на антибиотици а нити било распострането како сега кога огромен број на животни се во прашање, низ земјиве од ЕУ се користат повеќе антибиотици за животни него за луѓе, масовна резистенција се ствара на глобално ниво - затоа реков дека нема нити еден бенефит, т.е. мислев дека далеку повеќе негативни аспекти има од овој тип на исхрана него позитивни.
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Два фактички моменти, кои Грегер целосно ги игнорира:
    1. Главна причина за ширењето на заразите е глобализацијата и збиеноста на човечкото општество. Вухан каде почна заразата е исклучително густо населен. Дури и таму сите да биле вегани (!) само еден љубител на чување животни, или научник, можел од љиљак да се зарази и да ја пренесе заразата. Или домашен љубимец или товарно животно, да се зарази и да пренесе. Или јадење овошје контаминирано од лиљаци. Има примери за се што спомнувам. Потоа ако вирусот има голем R0 фактор заразата лесно и бргу се шири затоа што луѓето се густо населени, и многу често и евтино се патува низ цел свет. Затоа има епидемии и пандемии, и затоа ги немало во hunter gatherer времето.
    Вирусите неминовно наоѓаат начини да преминат на човечки домаќин.
    2. Човештвото во моментов и во блиска иднина не е спремно да се префрли на 100% исхрана со билки, дури и ако развојот на технологијата и науката некогаш можат да го дозволат тоа - одлуката во најголем дел ќе биде идеолошка/етичка.

    Грегер слободно нека ја напаѓа индустријата за храна, ќе има целосна подршка од мене исто како што со кеиф го гледам кога пренесува студии како хлорофилот од храната со излагање на телото на сонце се претвара во нутриенти. Но кога ќе почне со увод дека сите епидемии почнуваат од кога човекот пред 10.000 години почнува да се занимава со сточарство, веднаш е јасна агендата на предавањето.


    Во ред е фактот дека вирусите се пренесуваат од животни. Но последна работа што му е на ум, на Грегер, е вирусологија и епидемиологија. Овде тој првенствено имплицира дека нејадење месо е решението за заразите, другото се е пропратно (и површно, и фактички делумно неточно).

    На крај, мислам дека сега не е време за вегани/месојади/омнивори расправии. Попаметно би ни било да се фокусираме на дискусии за актуелната зараза и подобрување на имуниот систем.
     
  20. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008



    :cry: Ужасни сцени, ми се заеба денот.
     
    Последна промена: 20 Март 2020
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,627
    3,643
    12 Јануари 2016
    Машко
    Лошо, ама ќе биде уште многу полошо.

    Mногу луѓе препорачуваат витамин Д за подобрување на имуниот систем, како што неколку пати спомнавме овде. Еве уште едно видео за витамин Д:


    View: https://www.youtube.com/watch?v=W5yVGmfivAk




    Инаку еве како се шири вирусот:





    едит: Нешто има проблем со поставувањето твитови, еве директно слики (ова е од пред неколку дена):
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Последна промена: 21 Март 2020
    Маша, Chicco69 и на psyside им се допаѓа ова.
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Есенцијални масла базиран Листерин vs конец за заби,

    Comparative effectiveness of an essential oil mouthrinse and dental floss in controlling interproximal gingivitis and plaque. - PubMed - NCBI


    Eсенцијални масла базиран Листерин (или слично средство) vs регуларни средства без есенцијални масла,

    The long-term effect of a mouthrinse containing essential oils on dental plaque and gingivitis: a systematic review. - PubMed - NCBI


    Партали правење....


    Воедно, нова потврда дека Apo-B (дел од LDL) е главниот предизвикувач на срцева болест, дури и ако се контролира за триглицериди, хдл, дури и самиот LDL не е ни приближно битен ако Apo-B не е покачен,

    Evaluating the relationship between circulating lipoprotein lipids and apolipoproteins with risk of coronary heart disease: A multivariable Mendelian randomisation analysis

    Screenshot_62.png


    Студијата го потврдува истото кое веќе се потврди во претходната студија која ги евалуираше главните ризик фактори за развој на срцева болест.

    Association of Triglyceride-Lowering LPL Variants and LDL-C–Lowering LDLR Variants With CHD Risk
     
    Последна промена: 24 Март 2020
    На Metuzalem и Lokvan им се допаѓа ова.
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Почнаа доктори да препорачуваат плацебо, и мегадози, такво лицемерие нити една професија нема видено до сега, ем си има се во храната, ем се плацебо, ем мега дози се препорачуваат.

    :)
     
  24. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    575
    2,537
    21 Април 2016
    Машко
  25. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,298
    1,589
    5 oктомври 2007
    Машко
    За оние што ќе гледаат само да знаат дека оној Германецот е одамна познат Антиваксер, HIV/AIDS не признава дека постои, исто и ХепЦ, Ебола, Сарс итн. Иначе е интернист, нема допирна точка нит работел никад нит со инфективни болести, и работи у едно мало градче у германија и замисли у неговата болница немал пациенти. Чим се е така безазлено нека оди во Италија или Шпанија да речам да помогне. За него значи тоа е се завера, на СЗО и останати стотици илјади доктори, и фарма компаниите заради профит. Па тресе нешто за ПЦР што нема везе, па тресе нешто за вакцините дека се најпрофитабилна работа у свет (што не е точно), и дека уствари нема нови вируси него се ова е од пестициди, тешки метали, остали глупости и стрес :D
    Др. Маркоски нема да го коментирам, добар инфектолог, и ништо слично некажа со оној погоре. Мада и он е малце од онаа страна на неверниците у нови вируси или опасни мутации на веќе постоечки. Тоа се покажа во минатото кога не верување во Свинкиот.
    Многу ме нервира она, „Ако не тестиравме немаше ни да се плашиме“. Е да де. Тогаш ќе беше, од што умре овај.... Од смрт. Ај нека замислат да не тестираме за Сида? За Маларија? За Денга? Глупоштини.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...