1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Суплементи/здрава исхрана

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Alucard, 6 ноември 2015.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Кул подкаст, барем кул е посочениот интервал на крајот (другото ќе морам да го одслушам во друга прилика). Не би требало сега (касно и интоксицирано) да коментирам ама факит, ајде:

    - интересни муабети за LDL, посебно од аспект на твојот светоглед... Питер Атиа не е таков задртавен „антивеган“ како што мислеше, нели? Ништо не е црно/бело, и во сивото може многу заеднички ставови да се најдат.

    - ај малку поозбилно: познат момент е дека ~петина од популацијата има генотип што лошо реагира на исхрана со високи количини заситени масти. Треба следење на реакциите на организмот но веројатно треба ова да се мери после пола година евентуално до година од промената во исхранта. Слушам Атиа не се согласува со ова, но идејата е дека дури и од тие 20-те проценти здрав организам нема многу последици да има во толку долг период. А потребно е за утврдување на фактите. Кај многумина потребно е одредено време на прилагодување, неколку месеци, пола година, можеби цела година, потоа резултатите се воглавно позитивни.

    - тука се вбројувам себе, година и половина после промена на low carb, резлутатите од тестирањето се добри резултати од аспект на мерење холестерол, триглицериди, притисок, кардио, итн се по ред... Ова мерено на систематски преглед во болница. Две години претходно резултатите од прегледите не беа баш добри (не ужасни, ама дефинитивно не добри како сега). Плус едно 20 килограми.

    - моите искуства се слични на муабетот од ~1:08:39

    - треба почесто правење на липо-протеин панел (или како се викаше тестот)

    - покрај Питер Атиа, кој е вториот соговорник? Тој што го води разговорот, водителот? Веројатно треба да го одслушам подкастот од почеток...

    - интригантно е како вака фасцинантно интересни видеа имаат толку малку прегледи - 79 заедно со нашите два прегледи, навистина?

    - крајот...
    „...and if you are neither a patient nor a physician I don't know what you are, and therefore this podcast probably is not for you.“ :p


    Повеќе другпат ваљда...
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
    Петар (по нашки) никогаш не бил анти-веган, него бил хардкор кето, до толку што се потсмеваше на врвни научници, се додека неговиот добар пријател врвен експерт мислам главен на една асоциација за липиди во Америка, призна дека LDL е значаен ризик фактор иако претходно Петар проба на секој можен начин да го дескредитира, и да се фаќа за која може сламка и да го негира неговиот удел во кардиовкасуларните болести. Петар сега изјавува дека е диета - агностик, се додека неговите пациенти на спајкаат после оброци (гликоза/инсулин) и другите биохемиски параметри се ок, не инсистира на некоја диета наспроти други, иако е пропонент на кето диети, и генерално ги препорачува. Секој кој негира липиди како ризик фактор, поготово оние напредните липопротеин маркери, за мене од старт не заслужува да биде земен во предвид како целосно добар и реален фактор во светот на нутрицинозимот, порано кога со слушав Петар, го игнорирав за диета, а го слушав за метформин, статини, ресвератрол, експерименти во лабаратории итн, што се вика филтрирав кои информации ги земав како релевантни, а кои не.

    Мојот став не бил никогаш против секоја форма на кето, него против класичното. Ако истото е plant based, или со минимална концентрација на животински продукти, поготово риба (сардина и слични) немам проблем од здравствен аспект и препорака кај тие лица. Проблемот кај заситените масти не е само со LP(a) APO-B и ред други биомаркери, него и со дисфункција на ендотел, а за мене тоа е најбитниот маркер за здравје, ако тој иде надоле, се што е поврзано со здравје оди надоле, зборам надоле под солидно ниво, не дека не иде воопшто надоле понекогаш дури и од солидна исхрана знае акутно да се намали од xxx причини, но она што е загрижувачки е што многу пати е потврден тој ефект кај заситени масти - животински продукти, поготово кога се споредуваат со растителни оброци (не е само game changers, тој феномен е добро познат во кардилогијата и липидните експерименти)

    За жал, сега доаѓаме на муабетот кој иде во моја полза, како што ти спомна дека треба да си прилично едуциран за да бидеш здрав веган/plant based сега согледуваме дека и луѓето на омнивор/кето диета треба да се едуцирани, поготово за биомаркериве кои 99% од докторите не ги препорачуваат, па така ако избегнуваш шеќери, а јадеш значајна количина животински продукти и масти потенцијално си во голем ризик ако не се тестираш релавтивно често, (секои 3 месеци) а да се потсетиме дека еден липопротеин пакет + HS-CRP чинат 2.000 денари, каде се MPO, ferritin, fibrinogen, итн, е сега спореди го тоа со зимање на б12, витамин Д, и омега 3.

    Периодот на адаптација ми е и мене недоволно добар аргумент, не може телотo да се адаптира цели 6 месеци или година, што ако за тој период ти се деси некој срцев удар од превисоки липиди? ако отидеш plant based за 1-2 месеци липидите се стакло, на кето не може или е скоро невозможно да бидат стакло, LDL <60, ApoB, и LP(a) во оптимални нивоа од мое искуство на кето се само фантазија за 95% од популацијата. Да се потсетиме дека збориме за хипотетичко оптимално здравје, не за просечни референтни вредности, на пример LDL 3.0, наместо 3.5, него LDL 1.5 наместо 3.5

    Најинтересно е што кога се смениле на моно/поли масти, сите проблеми исчезнале, ако ова не е уште еден ултимативен доказ, не знам што е, особено што Петар спомна дека кај доста пациенти го средиле на ист начин.

    П.С. Извини, ама без напредниот панел не можеш да знаеш дали ти иде добро или не, јас последен пат имав супер добар LP(a)

    Screenshot_6.png
     
    Последна промена: 23 Декември 2019
    Sharlovski, Lokvan и на Маша им се допаѓа ова.
  3. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Видеото е поставено на Dec 22, 2019, има време ;) Јас на пример него го слушам или на Spotify или на Google Podcasts.
    Овoj на пример паметам ми беше прилично enjoyable, за n00b како мене :) И соговорникот ми беше пријатен и аспектите кои ги начнаа од почеток до крај.

    Ако веќе се фалиме :p
    1.jpg
     
    На psyside и Lokvan им се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008


    Најдоброто видео на Петар.
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Тука го засакав ;)
     
    На Lokvan и psyside им се допаѓа ова.
  6. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    573
    2,510
    21 Април 2016
    Машко
    На Маша и Metuzalem им се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
    Во контекст на дискусијаа на последнава страна од темата,

    Effects of red meat, white meat, and nonmeat protein sources on atherogenic lipoprotein measures in the context of low compared with high saturated fat intake: a randomized controlled trial


     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    573
    2,510
    21 Април 2016
    Машко
    Друштво, сум ја грешел работата. :innocent:
    Купонот за 15% е за сосема друг сајт. :(
    Да пробам да се извадам, има 15% попуст на Life Extension, Solaray, и одреден број производи од Now, 21st Century и неколку други фирми.
    Трае до среда вечер (19h). :)

    Понудата на трајал производи со 40% попуст и понатаму си важи.
     
    На Lokvan и Маша им се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Oва ме интересира! :)
    Додуше не толку од аспект на месо, повеќе од аспект на заситени масти пошто повремено се обидувам да истражувам за ефектите од исхрана со заситени масти. Како и да е, во линкот имаш само абстракт. Ја најдов целата студија, и ја приклучив како пдф долу во поракава.
    Дефинитивно треба повеќе да ги дискутираме работиве со холестерол, има многу контрадикторни моменти (барем за мене, нубски гледано).

    Неколку работи што би ги посочил.
    Извадок од студијата:
    Прво истакнуваат потреба од понатамошно истражување на поврзаноста/ефектите од заситени масти и потеклото на протеинот, на работите кои не интересираат - atherogenic lipoprotein и исто така clinical CVD outcomes кај особи со високи липиди и масти во крвта. Тоа во истиот контекст, дека поврзаноста на хроничните срцеви болести (CVD) со LDL холестеролт е прецената, најмногу заради и врз база на постоечките препораки за исхрана (кои се застарени и базирани на куп необјективни епидемиолошки студии).

    Второ, резултатот кој и ти го цитираше и го истакна, самиот посочува дека: „This was due primarily to increases in large LDL particles, whereas small+medium LDL and total/high-density lipoprotein cholesterol were unaffected by protein source (P=0.10 andP=0.51,respectively)“.
    Значи ако знаеме дека големите LDL партикли не се лоша работа, тогаш откаде заклучокот дека истражувањево покажува на тоа дека plant based исхрана е подобра? :)

    Освен ако некако не те извадив од контекст (за заклучокот), во кој случај се извинувам. (чисто да ги разгледаме сите аспекти, инаку и мојата исхрана е plant based само не е 100% plant based)


    едит:
    Исто така, многу интересен е за дискутирање делот кој е корегиран овде:
    Corrigendum: Effects of red meat, white meat, and nonmeat protein sources on atherogenic lipoprotein measures in the context of low compared with high saturated fat intake: a randomized controlled trial. Am J Clin Nutr 2019;110:24–33
    The revised section should read: “It remains unclear to what extent the lipid-lowering effects of the nonmeat diet can be ascribed to components inherent to plant-based foods (e.g., plant-derived phytochemicals, micronutrients, differences in amount and type of dietary fiber) compared with the removal of red and white meat. Also, since plant protein sources lack dietary cholesterol, we did not, in the present study, adjust for cholesterol content across diets. Based on the Katan equation (Katan Calculator - Martijn Katan), the lower dietary cholesterol content of the nonmeat than of animal protein diets would be predicted to reduce total and LDL cholesterol by 0.08 and 0.07 mmol/L, respectively, suggesting that the cholesterol-lowering effect of the nonmeat diets may, in part, be attributed to their lower dietary cholesterol content. Nevertheless, the present findings provide robust evidence for the equivalent effect of red and white meat on both standard and more detailed plasma lipoprotein measures, and the absence of an interaction of these effects with intake of SFAs in healthy individuals.”
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 24 Декември 2019
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avid

    Avid
    Guru

    4,158
    6,192
    21 Јануари 2009
    otkogo e sponzorrirana studiata??
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Од 1 јануари ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра

    Ова ќе ги олесни работите со нарачките од Ајхерб, сега може и Витакост да влегува во опција (нешто го принтаа шипингот повеќе одошто реално го наплаќаат, ако добро паметам).

    Кој има потреба од купување, добро ќе му дојде и акутелната понуда на Ајхерб. Ваљда со нарачување во Новата Година нарачката ќе подлежи на новата одредба за макс сума на нарачките, а понудава е до 2-ри следниот месец.
    [​IMG]
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Останува одредбата за даночење се што е над ~22-25 евра?
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,980
    26,681
    4 Септември 2008
    За данок е се исто како и порано, мерката е само за царина
     
  15. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Педери.
    За суплементи не беше 5% данокот?
     
  16. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Витакост имаат флет рејт шипинг од 9.99 до 1.6кг.
    Шипингот (толку колку што е) се принта на фактурата, која стои внатре во кутијата. На самата кутија се принтаат само продуктите.

    Ако ти постојат продуктите во кошница ден-два без да ја комплетираш нарачката, ти стигнува купон за -10%
    Па на сума од околу 50$, добивав -5$, со што "плаќав" пола шипинг. Тој ми беше модус операнди бар до сега :)
     
    На Chicco69 и Lokvan им се допаѓа ова.
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Пред некоја година еднаш нарачував од Витакост, нешто испринтаа повеќе одошто беше (дали вкупната цена, или шипингот) и тоа ме однесе над лимитот и заради тоа ми беше наплатено царина и данок. Баш Псај предупреди на ова (принтање поголеми суми од реални), и токму така и се деси.

    Инаку и со царината пак ми дојде поевтино (за таа пратка) во однос на нарачка од ајхерб, баш заради флет рејт шипингот, нарачував големо пакување турмерик во прав плус уште нешто така поголемо.

    @Маша тебе точните наплатени суми (за производите) ти беа испринтани на пратките, или поголеми?

    Исто така ако знае некој колку проценти е деклариран данокот за суплементи, би било убаво да се заокружи како информација.
     
  18. Avid

    Avid
    Guru

    4,158
    6,192
    21 Јануари 2009
    А сте ги контактирале тие Витакост да кажат зошто го прават тоа??
     
  19. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Во последниве 4-5 години, колку и да се до сега, не сум имала таков проблем. Ниту пак екстра давачка сум платила за данок/царина. Ако ти го отвори царина пакетот и оди според фактура, тогаш влегува и сумата за шипинг. Па тука може да е куршлусот.
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ok, фала.
    Инаку се има десено и со ајхерб беља, на два пати испринтаа поштарина иако испораката беше бесплатна. На повеќемина истото ни се деси, пишувавме поназад на темава. Се жалевме до ајхерб, ама пошто набргу ги укинаа бесплатните испораки за надвор од САД, никогаш не расчистивме што се дешаваше и дали го решиле.
     
  21. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Последно од ајХерб ми повлекоа пари а ми ја откажаа нарачката "because we didn't receive your payment". Па уште чекам да ми ги вратат парите, бидејќи они тврдат дека повлекуваат пари само откако ќе ја шипнат. И сега ми врти тајмерот во Paypal Resolution Center...

    Зборот ми е не би ни глорифицирала, ниту демонизирала една наспроти друга компанија. Гледам да искористам предности и од двете.
     
  22. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    На сметка од Зегин, Now Foods K-2 е искуцан со 5%
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    573
    2,510
    21 Април 2016
    Машко
    Ако решат да те глобат, има две варијанти:
    - Ако е вредноста до околу 50 долари (нема правило), ти лупаат само 18% данок и со сите давачки (уплатници и проверка) ти доаѓа околу 10 евра.

    - Ако вредноста е поголема или ги швркне нешто, ти рачунаат царина (мислам дека беше 20% + данок 5%. :confused: На крај се на куп ти доаѓа околу 20 евра.

    Во двата случаи на фактурата како основа за царинење ти пишува "Супљементи" и тоа ти е тоа. Џабе ќе бараш логика, ја нема...

    Главен услов пратката да заврши на царина е тежината. Затоа гледам нарачките да ми бидат околу 500 гр. Може да има залепено декларација и во вредност од стотина долари, никој не ги погледнува.
    Некогаш и таква пратка знае да заврши на царина, но скоро секогаш ми поминуваат со 12х денари царинска контрола (секоја десета или петнаеста пратка).

    Сите тешки пратки 700 - 1600 гр ми завршиле на царина, без исклучок. Си спремам 600 или 1200 денари и не се замарам зошто и како...
    Мене ми стигнуваат со налепени декларации. Имаше проблем пред некое време, знаеа да стават и шипинг и тоа 20 долари, и покрај тоа што плаќаме $10. Слични глупости знаат и Ајхерб да направат.

    ~~~~~~~~~~~~~~
    Денес подигнав две пратки, едната од Витакост ($50), другата од Ајхерб ($42). Двете си поминаа глатко. Мојата "финта" (500 гр ор лес) си функционира турбо, освен што многу ограничува во изборот. :(

    Повремено свесно танкам една тешка нарачка (омеги, магнезиум во прашак, таурин и сл) и однапрет си калкулирам 20 евра за царински давачки. Гледам тоа да биде кога има некој сериозен попуст, кој реално ја покрива глобата на царина.

    Дури и така производите излегуваат 50% поевтино него да се купуваат кај нас, да не зборуваме за изборот...
     
    На Маша и Lokvan им се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,586
    3,588
    12 Јануари 2016
    Машко
    Значи процентот за данок законски е 5% ама надлежните по кеиф и од ракав го вадат. Не сум изненаден. :-/

    Инаку мене последната пратка ми беше над кило и половина и ми дојде на врата без поштарина, без данок. Им промакнува по нешто.


    Ова на сите докази? (скриншотови од пејпал, банка, итн)
    Многу бирократски однос имаат во службата за подршка, видов и јас кога се „допишував“ со нив за принтањето непостоички суми за бесплатната поштарина.

    Сега и кога нарачувам шипинг сејвер производи, гледам никако поштарината да не биде 0. Додавам нешто да има некој долар поштарина, така барем знам дека нема да има непријатни изненадувања.
     
  25. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    218
    462
    24 Април 2007
    Женско
    Ахам. Скриншотови, броеви на трансакции, чуда, врагови...
     

Сподели

Вчитување...