1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Суплементи/здрава исхрана

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Alucard, 6 ноември 2015.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,290
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ќе го погледам, мислам дека има потенцијал за интересна дискусија. Но судејќи според трејлерот... :)

    Сериозно, цел трејлер им е со досетки и искуства од набилдани ликови. Но да не прејудицирам можеби во филмот сепак има и нешто наука, студии, научници/доктори, итн.
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,171
    25,491
    4 Септември 2008
    Последна промена: 8 oктомври 2019
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,788
    5,544
    21 Јануари 2009
    Целиот текст се совпаѓа со тоа што го дрндаш и во кое што веруваш (хехе, не го дрндаш, тоа е реалноста/вистината, тоа се фактите, нема што да веруваш) ама сигурно си се навлажнил уште на првава реченица:
    According to the 2019 Global Burden of Disease Study of 195 countries, dietary factors are the single leading cause of death, exacting an even greater health burden than smoking.
     
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,171
    25,491
    4 Септември 2008
    giphy (26).gif
     
    На aleksuperior му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,788
    5,544
    21 Јануари 2009
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,290
    12 Јануари 2016
    Машко
    OК, го гледав. :)
    ...и да, интересно не е лош збор за да се опише ова парче пропаганда. ;)


    Неколку моменти:
    - Споредуваат директно месојадство со веганство (плант-бејсд, се извинувам), наместо да споредуваат веганство наспроти сештојадство (месо/масти+зеленчук/овошје минус рафинирани јагледнихидрати). Всушност во „експериментите“ во филмов и не станува збор за месојадство, туку месо/масти плус рафинирани јаглени хидрати (бело брашно во облик на лепче за хамбургер, односно лепче за бурито, и господ знае какви шеќерни сокови пиеле со оброкот или после него). Заситени масти и јагледнихидрати се смрт, кога се комбинираат во истиот оброк (на пример плескавица со помфрит сендвич од 7-ца, пропратена со кока кола).

    - Еднострани аргументи, дури и лаги. Тоа со гладијаторите (дека биле вегани) не е студија, туку само изјава на археолог. Од студии што се цитираат, ликот што е главен наратор го кажува следново:
    And when it comes to gaining strength and muscle mass, research comparing plant and animal protein has shown that as long as the proper amount of aminos acids are consumed the source is irrelevant.
    Еве ја студијата, а еве и еве нешто од истата студија што ликот не го кажува во филмот: “as a group, vegetarians have lower mean muscle creatine concentrations than do omnivores, and this may affect supramaximal exercise performance.

    - Кога кажувам еднострани аргументи, мислам (на пример) на споредување на еден нутриент и игнорирање на куп други нутриенти. Споредува зелка и риба, зелката имала повеќе антиоксиданси. Точно, но што со: омега 3 масни киселини, колин, есенцијални аминокиселини (таурин на пример), витамин Б12, итн, итн...

    ...и зошто со рибата/месото да не се јаде и зелка? И друг зеленчук?
    На крај бенефит и важби нутриенти има и во месото, и во зеленчукот/овошјето. Паметниот избор не е едното или другото, паметниот избор е ДВЕТЕ.

    Филмов е измет, а кој сака квалитетни информации подобро нека го погледа ова:

    View: https://www.youtube.com/watch?v=ULtqCBimr6U

    Двајца соговорници, две различни гледишта. Наместо еднострана приказна и пропаганда од документарецот. Во дебатата една работа со која целосно се согласија и Кан и Кресер (едниов е веган а другиов омнивор, и двајцата научници/доктори) е - дека секој оброк треба да биде барем 75% зеленчук.



    Интересно е секако како се бутка пропаганда во документарецов. За никој не е спорно дека вегани можат да бидат добри спортисти, спорно е тврдењето дека јадењето месо е исклучително лошо и штетно. Само кога ќе се видат продуцентите и спонзорите, многу работи стануваат појасни. Можам опширно да дискутирам за ова, само форумов некако не претпочита долги излагања. Затоа на кратко уште еднаш: многу еднострана, провидна пропаганда.



    П.С. Во филмов никаде не спомнуваат веган, „плент-бејсд“ е новата ствар. :D
     
    На Avid и Chicco69 им се допаѓа ова.
  7. aleksuperior

    aleksuperior
    On your way to fame

    669
    909
    6 Декември 2012
    Машко
    Пропаганда која што ти покажува дека можеш поздраво да се храниш, а во исто време да не експлоатираш, мачиш и убиваш чувствителни животни, за на крај да правиш помалку штета на околината.

    Wow какви ли зли умови го мислеле ова
     
    На Lokvan и Avid им се допаѓа ова.
  8. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,023
    2,290
    28 Јануари 2017
    Машко
    Plant based е веган 2.0 и џабе се извина погоре :hay: Можиш да си веган а да се храниш исклучиво со џанкфуд, за разлика од тоа, plant based си кажува самото име и е сосема спротивно.

    Примерите во филмов ја опфаќаат најзастапената исхрана во Америка (процесирана храна) бидејќи таму лежи проблемот во нивното здравје а не во тие што јадат “чисто“ месо со разноврсен зеленчук и овошје.

    Многу се зафаќаш за едноставни факти што ги презентираа ко тоа со зелката, ако требаше да наведат кој призвод што има, ќе траеше 5 часа.
    Со студииве нема да навлегувам дали ни треба месо за сите протеини бидејќи двајца доктори не можеа да се разберат 4 сати, ние овде нубој на форумов уште помалку. Инаку Роган жестоко навива за докторот месојадец, прво самиот тој е ловџија а второ пола спонзори му се од месната индустрија.

    Документарецов не е само за здрава храна туку и да се фрли светло на тоа колку месната индустрија ја направија бетар од земјоделството за одгледување и е една од главните фактори за околината, башка колку е лошо самото месо со антибиотици и разно разни глупости.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,290
    12 Јануари 2016
    Машко
    Чекај малку, чипсот не е 100% „плант-бејсд“? Кока кола не е 100% плант-бејсд? :hay:
    Тие „веги-бургерите“ (во леб од процесирано бело брашно и со трансмасти како маргарин) тие не се плант-бејсд?

    И да, навистина во филмот примерите ги даваат со SAD (стандардна американска исхрана), ама пораката не е „јадетете квалитетно“. Пораката е „не јадете месо“.

    Инаку тие двајцата на дебатата кај Џо, 100% се согласија за пар важни работи: да се јаде зеленчук во сите оброци, и да не се мешаат заситени масти и шеќер (и пошироко, рафинирани јагленихидрати). Џо е релативно добар модератор во дискусиите на неговиот подкаст, дури и некогаш да се има впечаток дека некогаш навива (со што се согласувам и јас, само не во овој пример) сепак факт е дека релативно подеднакво им дава шанса и на двете страни целосно да си ги искажат аргументите. Во случајов ги подбра и двајцата кога избегнуваа директно да одговорат... Мала разлика беше што Кресер требаше 3 пати да го праша за да признае грешка, а Кан мораше (веганот) барем 15 пати го праша зошто единствено старите епидемиолошки студии ги зема во предвид, а ги игнорира поновите студии базирани на randomized controlled trial. Во оваа анализа добро е илустрирано тоа што го зборуваме.

    Да секако, тоа е пораката... Само што ни овде кога зборуваме за здрава исхрана треба да се раководиме од факти и научни сознанија. Не од поп филмчиња со тра-ла-ла содржина.
    Здрава исхрана и тоа како може да вклучува месо. Исто како што веганска исхрана може да биде (и најчесто е) нездрава исхрана. Јас лично знам еден куп вегани, од кои сите - само еден едуцирано знае што прави. Другите си ебаваат матер на здравјето дури и полошо од просечен месојад омнивор кој претежно јаде традиционална домашно зготвена македонска исхрана од непроцесирана храна.

    Назад на филмот, тоа што го прави „месната индустрија“ истото (и полошо) го прави индустријата за производство на житарки и зеленчук. Само знаеш што? Сето тоа е една те иста индустрија, индустрија за производство на храна. И се е отидено во ПМ.

    Само пораката на филмов не е „освестете се за реалноста, се е отидено во ПМ“.
    Пораката на филмот е „не јадете месо“. Пошто агендата на филмот не е освестување за реалноста за штетното влијание на индустријата за производство на храна. Агендата на филмот едноставно е промовирање на нејадење месо. Тука е мојот проблем со филмот, кој (повторно) е само еднострана пропаганда за буткање идеолошки цели.


    Тебе може да не ти допаѓа, ама твоето мислење за „чувствителните животни“ не ги менува фактите како еволуирал животот на планетава.

    Со досегашниот развој на технологијата, човек може да биде здрав како веган - само ако е неколку пати поедуциран од просечен доктор по медицина - и ако вложува многу, навистина многу време во сопствената едукација за нутриционизам. Нормално, сето тоа кошта и многу пари, пошто еден куп нутриенти мора да се суплементираат со суплементи (и да се знае како да си го заебеш здравјето со несоодветни дози, или неквалитетен избор од суплемент).

    Човештвото (или поточно неговите владеачки класи) имаат проблем со долгорочни планирања на ресурсите на планетава. Но дури и ним им е јасно е дека веганска исхрана на целата популација не е одржлив правец на долг рок (иако засега тоа им е корисно, па финансираат пропаганда). Токму затоа веќе со години од институции како ОН се промовира преориентација на исхраната со протеини од инсекти. Еве што препорачуваат Обединетите Нации преку нивната организација за храна и агрикултура: Insects for food and feed
    upload_2019-10-12_10-34-30.png
    Ај инсектите и реално имаат нутриционистичка вредност - иако прекумерна популација на планетата носи и други проблеми освен базичната потребата да се нахрани. Но работите идат дотаму (преку ивицата на разумот) да веќе сериозно почнуваат да се буткаат и некои суреални агенди како канибализам:
    Swedish professor suggests cannibalism could help fight climate change
    Swedish scientist advocates eating humans to combat climate change

    Дека не е заебанција туку работите навистина се отидени во ПМ се гледа по тоа што и имиња како Ричард Докинс промовираат канибализам како да е најнормална работа:
    View: https://twitter.com/RichardDawkins/status/969939225180364805



    Само ова не ти го кажуваат во филмот, нели?
    Не се замарај со реалноста, ти само не јади месо и се ќе биде во ред... Тоа е приказната која ти ја кажуваат во филмот.
     
    Avid, Sludge.Factory и на Chicco69 им се допаѓа ова.
  10. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,023
    2,290
    28 Јануари 2017
    Машко
    @Lokvan друже, имаш проблем друже со егото.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,407
    3,290
    12 Јануари 2016
    Машко
    ^ ^
    Каква врска има твоето мислење за моето его - со муабетов погоре, и со точноста и поентата на тоа што го напишав?
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    556
    2,402
    21 Април 2016
    Машко
    Интересни попусти во iHerb следниве денови. :)

    Омега 15% до 20-ти.
    pomegbanner1113en-us.jpg

    Singles's Day 11% на цела понуда, до 12-ти.
    Singles's Day.JPG
     
    Lokvan, Маша и на psyside им се допаѓа ова.
  13. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    556
    2,402
    21 Април 2016
    Машко
    Викенд понуда на куркумин, 40% оф. :)
    Capture2.JPG
    Дозволува само еден производ, но и така е одлична понуда да се искомбинира со омега3 (-15%).
    Јас си ја одбрав (според мене) најдобрата омега што се нуди кај билкарите и првиот куркумин со -40% на кој имав право.*
    49-3.JPG
    * Прв избор ми е ЦГН, но бидејќи сум го нарачувал во минатото, не ми дава попуст на него.
    Овој од Jarrow е сличен (Curcumin C³ Complex), но без екстракт од бибер. Секако, понудата е огромна.
     
    На Lokvan и psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,171
    25,491
    4 Септември 2008
  15. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    556
    2,402
    21 Април 2016
    Машко
    Според овој извор, има многу подобри варијанти ако зборуваме за апсорпција.
    Curcumin Variants.JPG
    Со секоја понапредна форма (BCM-95, Meriva, и т.н.), цената скока во облаци.

    Важно е да си го земаме куркуминот со бибер и малку мрсничко (најдобро со оброк), а со разликата во цена да си приуштиме и нешто друго интересно како Астазентин, Витамин К2, QoQ10 и сл. :)
     
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,171
    25,491
    4 Септември 2008
    BCM 95 има турмерони, другите се претежно куркумин без нив.

    мерење на серимско ниво на биодостапност е недоволно добро, целуларна апсорпција е далеку побитна.
     
    Последна промена: 9 ноември 2019
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...