1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Сугестии околу проекти за МК клиенти

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од coNNectMKD, 1 ноември 2019.

  1. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    244
    177
    13 Март 2017
    Машко
    Ме интересираа различни мислења од наши луѓе во случај кога наоѓате проектчиња или ве наоѓаат самите клиенти, македонски клиенти, без разлика за кој сектор се работи.

    Стрикно ме интересира договорот околу цената (како го заклучувате, од старт фиксно или со тек на време додека трае работата, ако е 2рово, има ли несогласувања со цената?).

    Во мојов случај, се работи за „клиенти“ кои сакаат да им се изработи веб страна (вордпрес стрикно) или да се едитира веќе постоечка. На почеток му давам цена, да речеме дека прифаќа и почнуваш со задачите.

    Е сеа што правите кога во текот на работата, веќе обврските што сте ги договориле однапред, очигледно се дополнуваат констатно, каде одземаат можда не многу, но сепак се троши време и енергија.

    -Пример: договорена е X цена, каде треба да се инсталира темата, да се среди да личи како „оргиналот“, да се направат 4-5 банерчиња и да се додаде некое мени. Во текот на неделата, ти бараат ај да ставиме пејџови, абе ај контакт форма сакам, сакам да има лизгачко мени со X категории и X подкатегории. Па ти кажуваат ај сеа тргни го слајдерот од почетна, па проредот на текстовите е голем/мал, смени го, па фонтот не бил добар на кирилица смени го, итн. итн. да не набројувам.. вакви, ситници да ги кажам, се менуваат или прават брзо, но сепак, не биле кажани на почеток на договорот. Не дека сум идиот да не мрдам од тоа што сме кажале, многу пати од мерак додадам или менувам +, него некогаш нема стоп со некои луѓе. Па и после 2 месеци ќе ти се јават дека имаат нешто да сменат, ај смени ти викаат.

    Според некои правила, треба да се додаде и ова во цената, но со нашиве некако неможеме да најдеме заеднички јазик. Ако на старт сум кажал цена, и после тоа што и се прави неможам да наплатам (ако треба повеќе). Како вие доаѓате до разбирање?

    По телефон, со сите „пријателски“ настроен муабет и се е ок, ама кога ќе дојде време за плаќање, слабо. Нема карањер, него лигавење.. и едноставно веќе се откажувам со објаснување за цена и глеам да го завршам ако е можно истиот ден. Можеби е така дека цело време наоѓам работа со приватни мали бизниси или некои поединци што сакаат некаков веб па затоа.. Не се некои фирми со буџети. И да, не сум некој гуру..онака од хоби:p
     
    Последна промена: 1 ноември 2019
    На mdeni и zdravkovskii им се допаѓа ова.
  2. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    562
    933
    16 Јануари 2016
    Машко
    Најубаво е да си ставиш клаузула во договорот дека било кои измени/додатоци кои би ти одземале повеќе време/работа од предвиденото се наплаќа соодветно дополнитено. Е сега доколку гледаш иднина со некој конкретен клиент секогаш има одстапки и компромиси. Поготово со наши луѓе да се разбереш е три пути потешко, некогаш е подобро и да попуштиш но никогаш не им оставај впечаток дека би работел за трошки. Помалце поквалитетни проекти е позначајно на долги стази од поише недовршени, ненаплатени. Треба да процениш во која позиција си и да преговараш посериозно, во и за повеќе детали околу проектот пред самиот да започне. Портфолиото ти изгледа супер скоцкано за да би работел и за странски клиенти каде што проблемиве се поретки и доколку ги има би си ги наплатил полесно.
     
    На boban984 и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  3. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    825
    771
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Јас до сега со македонци сум немал работа но принципот е ист и за странци.
    Генерално, ако збориме за проект со фиксна цена, уште пред да почнаме со работа убаво ги испрашам што и како им треба, потоа им дефинирам цена заедно со булет поинтс што се е опфатено во таа цена и дека се надвор од тоа се доплаќа. Scope creep е најгадно нешто што може волјата за живот да ти ја одземе и да ти се одмили целата работа. Мора јасно да нагласиш што добиваат за таа цена и дека се друго е ЕКСТРА ПО ТВОЈА ЦЕНА, оваа клаузула обично прави да размислат два пати дали сакаат уште џиџиња. Секако мораш да имаш механизам за наплаќање, те нема давање фајлови/пристап пред целосна исплата.

    Ако е тешко да се дефинира опфатот на работата тогаш само по саат, да видиш тогаш како сакаат само побрзо да завршат таквите клиенти.
     
    Astraion, artweb и на coNNectMKD им се допаѓа ова.
  4. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    53
    82
    5 Јули 2007
    Пола пари унапред ако е фиксна цена договорена за проект или по фази, со тоа шо секогаш ќе си наплатиш за фазата унапред.
    Со МК клиенти е тешко, секогаш имаат некои грандиозни муабети дрн дрн ... повеќе од пола нема да се јават втор пат, откако ќе им кажеш да платат.

    Со среќа
     
    DrMTR, artweb и на coNNectMKD им се допаѓа ова.
  5. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    685
    2,278
    27 Јануари 2014
    Машко
    Еве вечерва конкретно треба да идам да работам за наши клиенти. Работата е викендов (3 дена), а исплаќаат после 2-3 месеци. Со нив односот од почеток бил ваков, ама сум сакал да ги задржам како долгорочен клиент. Договорот е секогаш едно, на терен искача друго, а они на крај си бараат трето.

    На почеток сум направил отстапки и сум дозволил менување на договор без доплати, додавање таскови и слично. Ама со тек на време почнав да си ги наплаќам тие работи. Во договор додаваш дека секоја дополнителна измена ќе се наплати и тоа е тоа.
    Јас сум заклучил дека овие клиенти за мене се супер, одлично плаќаат и можам да си ги ставам во портфолио. А, сум имал и клиенти што плаќале и унапред, ама па однесувањето и барањето измени 2 дена после комплетирање таск не ми се свиѓало, сум им наплаќал ама за идни соработки секогаш сум бил "зафатен" со други проекти.

    Едноставно е, си ги бираш сам клиентите таму кај што вреди да се жртвуваш малце, а каде не вреди...
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,185
    1,218
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Јас сум правел договор со точно наведени задачи, рок до кога да се завршат и која е надокнадата која ме следува.
    Од кога сите точки од договорот ќе се извршат од двете ствари, можеш да му понудиш на купецот 2 опции:
    1. Да му наплаќаш по завршена измена
    2. Да му наплаќаш месечно одржување без разлика дали имало измени или не, се додека не добиете краен готов производ.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    514
    437
    20 ноември 2013
    Машко
    Имам работено само со 3 МК клиенти и тука можеби би застанал (освен ако пак излезе нешто под број 3 :) )

    1. Направен добар план што сѐ треба да се направи, договорена цена во која имав вклучено 2 дополнителни измени и на крај на година имам плус ако имам идено за сапорт (серверот им гореше 2 пати итд...)

    2. Огромен проект, клиентот имаше замисла што треба да има но недостасуваа ситни детали, им кажав симболично колку ќе се движи но дека не е крајната цена и се договоривме по завршување да си кажам колку ќе треба, по 2 месеци работење и 8 пати им презентирав, поправав, додавав и врз се тоа им кажав доста ниска цена (читај близок човек) воопшто не беа задоволни...

    3. Исто близок човек, имаше од А-Ш план, се договоривме за цена, сите среќни и задоволни


    --
    Небитно за кого изработуваш проект, твојот труд највеќе ти ќе си го цениш, направи си договор и заштити се највеќе што можеш.

    од цигла..
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,093
    4,356
    4 ноември 2013
    Машко
    Имам работено со МК клиенти може 20 пати, секогаш цената им е висока и секогаш "мора" да ги чекам по најмалце 1 месец за да ми платат (има и такви кои плаќале после 3-4 дена и со нив работам и би работал и понатака).

    Имаше една случка со фирма од Скопје (нема смисла да кажувам за која фирма се работи), ме ангажираа да им конфигурирам неколку MirkoTik уреди, уште од сам почеток ги забележав по муабетот (и ценкањето за пари) дека не се баш стабилни, па откако си ја исконфигурирав опремата, на секој уред им ги disable-ував нивните јузери за пристап и си оставив јузер само за мене, на крај испадна да не ми платат (после 3 месеци чекање и ми бараа јузер за пристап но не им дадов), ми пукна филмот си пристапив на уредите и еден по еден ги ресетирав на дифолт, oд тогаш па навака си го практикувам тоа правило, откако ке ми платат им давам јузер за пристап во спротивно ресет/дифолт.
     
    На omegaRED, krashot, Daniel86 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  9. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,901
    2,141
    19 Јули 2013
    Ќе си направиш договор на хартија, заверен од двете страни, каде што јасно и недвосмислено ќе бидат наведени твоите обврски, рокови, ова она, како и износот и начинот за исплата. За секое ново барање, прво анекс на договорот, па после реализација. Саглам фирми и сами ќе го бараат тоа. Ако не се согласуваат бегај или биди спремен џабе да работиш, нервозата гратис.
    Муабети, ветувања и друга празна слама во кафана.
     
    На Astraion и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  10. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,062
    3,385
    7 ноември 2014
    Машко
    Проблемот кај клиентите е генералното потценување на сите услуги кои ги нудиш. Дел е бидејќи не разбираат што опфаќа, а дел бидејќи сметаат дека можеш да го завршиш во 30 минути и „за тебе тоа е ништо“.

    Според мене најдоброто решение во овој случај е она што го пиша @M.Pix , односно внимателна селекција на клиенти и раскинување на соработки доколку „се претера“. На пример, во ред е еднаш инцидентно да се побара нешто плус и како знак на добра соработка за долг рок да се даде од твоја страна - но доколку тоа не се цени, ќе стане пракса понатаму.

    Јас имам клиенти на кои за 1 минута плус работа им наплаќам, а имам и такви кои постојано сакаат да ми платат за плус активности, а јас им ги давам гратис и колку и да звучи смешно, се караат они мене да ми платат и пак не им дозволувам. Кога почнуваме соработка најчесто, бидејќи позицијата во моментот ми е таква, им кажувам дека не одбираат само они да работат со нас, туку и ние одбираме дали да работиме со нив.

    Има еден добар говор во ужаснион филм "The Gambler", каде што треба да се доведеш во ситуација да можеш да кажеш "FUCK YOU" на секоја работа која не сакаш да ја правиш - односно пробиј се на пазарот, имај доволно финансиски прилив на месечно ниво и потоа сечи ги сите глупости кои ти земаат време и нерви, особено со некултурни клиенти.
     
    На ivan88 и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,320
    3,029
    24 Септември 2012
    Многу едноставно.

    Треба да дадеш колку чини договореното, и дека дополнителните работни часови ќе се фактурирани дополнително по цена од 30еур работен час.

    Поточно.

    Тоа и тоа.
    - Договор за 60часа по 30еур 1800еур. дополнителните работни часови ќе се фактурирани дополнително по цена од 30еур работен час.

    Треба да се дополни и тоа и тоа плус.
    Одговор: тоа не ми е вкалкулирано во претходните 60 планирани часа. Дополната би одзела 4 работни часа односно 120еур. Потврдете ми дека е прифатлива оваа дополна за вас за да можам да започнам со работа.

    Ова треба да се работи стандардно. Крај. Саатите треба да се точни, и цената по час да е реална. Саатите НЕ СМЕАТ ДА СЕ КРАТАТ, колку се - толку се. За евентуални попусти само цената на часот може да трпи измени. Имено, бидејќи имаме долга соработка работниот час ЗА ВАС ќе го сметам по намалена цена од 30евра на 25евра. Но, да не се претерува со попустите. Бидејќи еднаш даден попуст е попуст даден за навек и нема враќање.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,863
    1,396
    10 Август 2010
    Машко
    Преферирам да работам на фикс цена, со 50% однапред и вторите 50% ги делам на уште 2 дела. Целата работа jа делам на 3 фази, од коjа првата е наjголема и не пристапувам со вториот дел додека не добиjам уште 25%. Третиот дел формално е само финализирање.

    ќе издвоjам уште неколку точки од договорот:

    Прво, да се има готов дизаjн и пожелно е да го има на Figma или во PSD/Sketch. Со флет (JPG, PNG) слики не работам. Делови во дизаjнот можат да се менуваат, само доколку не сум почнал со тоj дел да работам и се менува дизаjнот, но не и функционалноста.

    Второ, што буквално ги терам некои клиенти е преку еден ден да се слушнеме на Skype и да презентирам што имам и попратно да прашам тоа што ме интересира. Исклучок е првата недела, и се слушаме само по потреба.

    Трето, се што е out of scope се наплаќа според однапред договорена саатница, и се плаќа на краj од неделата (доколку сеуште немам завршено) или одма после завршување. Саатницата е доста солена и 2 пати размислуваат, дали реално им е потребно тоа или не.

    Сум имал доста клиенти кои се откажувале да работат со мене заради ваков договор, но затоа не сум имал ниту еднаш проблем со не плаќање. Бидеjќи фриланс сега не ми е примарна деjност, не ме мачи ако месецов ќе немам клиенти.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  13. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    244
    177
    13 Март 2017
    Машко
    Добри совети, и реално така треба да функционира системот како што сите наведовте, но незнам, можеби до мене е проблемот. Многу „фино“ постапувам и на повеќето давам позитивен одговор ако треба нешто да се додаде (дека реално барањата не се сајнс фикшн али ми ск*рчуваат). Но еве до сеа, бар од скромно искуство, на едно ако пристапам, уште 10 нови барања добивам.. и за тоа нема никаков респект. И ако им кажеш дека треба повеќе да се наплати, почнуваат недоразбирањата.

    Некако, почнува да ми се здосадува од домашниве, и почнувам да губам заинтересираност за работата кога ќе видам што треба и што бараат..а и башка тоа што неможеш асално да си наплатиш.
     
  14. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,863
    1,396
    10 Август 2010
    Машко
    Мислам дека речиси секоj почнувал со такви клиенти, кои му се качувале на глава, па сменил начин на работа. :)
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  15. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    244
    177
    13 Март 2017
    Машко
    Ајде, грубо пресметано, колку би наплатиле за следново (многу ме интересира како би се договориле во врска со дополнителното плаќање, ако веќе сте договориле една цена, па сте продолжиле со работа каде очигледно треба апдејт на цената, клиентот е известен дека нема да е исто но не сте заклучиле колку):

    Првичен договор т.е барање, додавање на woocommerce pre-order производи и поврзување со платежни сервиси. Цена договорена.
    Дополнителни барања:
    • Менување на слајдери, менување/едитирање на работи на почетната страна како нови редови, слики и сл.
    • Едитирање на маиловите што ќе пристигнуваат при нарачка (лого, текст полиња и сл.)
    • Додавање на кошничка во хедер (ја нема преку самата тема)
    • Нови маргини за почетна да не се споени со хедер и футер
    • Едитирање на buy копчето (големина, фонт и боја на позадина)
    • Шипинг класи со цени за одредени држави/континенти
    • Custom поле на child product за додавање на текст од страна на клиентот
    • Местење на сите текст полиња и копчиња на почетна со заоблена рамка, ист фонт и иста големина
    • Бришење на полињата во самиот шоп за сортирање
    • Бришење на additional information табот преку functions.php (они мораа да ја пастираат функцијата бидејќи немам фтп пристап па малце објаснување што како зошто..
    • Custom контакт форма (контакт форм 7) бидејќи треба заоблени рамки, позадина, hover боја, друг фонт
    Напраено се, потоа други барања:
    • Нов пејџ
    • Бришење на некој информации од продукт пејџот (категории, тагови, ску...)
    • Нови маргини за да се одалечи продукт пејџот малце од футер и хедер
    • Нови параметри за полињата бидејќи сите текстови идеа еден во друг ако се пише во нов ред (line-height му било стаено 2ка нз зошто)
    • Едит на копчето за пре-ордер со нова боја, рамка, големина, фонт...
    • Едит на полињата за шипинг информациите
    • Нов слајдер
    • Нов ред на почетна со нови слики
    • Едит на ново копче во контакт форма за да биде центрирано и со друга големина
    • Едит на бојата на цело мени, да биде една боја а кога ке се скрола да иде друга боја
    • 2-3 измени на зборчиња (друг превод)
    • По менување на копчето за пре-ордер, повторна измена, со друга боја, друга рамка, друга боја на hover па и менување на останатите какo update, coupon итн..
    • Менување на позадината во кошничката на селектираните производи
    На пола од вториве барања застанав, зошто незнам која цена да дадам а кога напоменав дека ќе биде променета цената, одговорот беше ок али нека биде разумна, ќе сме имале долга соработа (може ќе имаме, може никад нема да ми пишат ...).

    Колку од вас што работите WordPress би побарале (разумно) за вакви задачи? И ако може инфо од некој што не е апла wordpress (guru) freelance, бидејќи не спаѓам во тој круг (Просечен вордпресс љубител :D)
     
  16. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    825
    771
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Не паѓај на оваа финта, секој клиент што ќе проба да ти ја продаде оваа финта ќе гледа да те исцеди до максимум.
    За друг пат води си сметка колку време ти требало за промените, па мавај саатница. Можеш, а и богами со фкисни проекти, да си наведеш дека се што е надвор од договоренот се наплаќа од саат, по толку и толку.
    Влези во навика да си водиш сметка и да наплаќаш според саати сработени, оти се друго е многу субјективно.

    ПС ако немаш некој тракер обавезно инсталирај, ако ништо друго ќе добиеш пореална слика за потрошео време и ќе знаеш што цена да дадеш следниот пат. Јас користам manictime затоа што е автоматски и не морам да памтам да пуштам/стопирам штоперица.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,863
    1,396
    10 Август 2010
    Машко
    Види колку време ти било потребно (барем приближно) за да го исполниш првичниот договор, без времето потрошено за дополнителните работи што си им ги направил веќе (сам си се зезнал за без пари да го средиш), и колку ти е потребно за дополнителните задачи што сега ги бараат. Потоа можеш да ја пресметаш цената на овој начин:

    Доколку за првичниот договор ти биле потребни 10 саати и треба да добиеш за таа работа 10000 денари, а за дополнителните ти се потребни 5 саати, тогаш
    10000 + 10000 х 0.5 = 15000 за се или 5000 денари за доп. работа.

    Вака најлесно ќе ти биде да му објасниш зошто бараш таква сума, бидејќи неговиот поим за "разумна" цена != твојата разумна цена.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...