• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Студентските домови не може да се приклучат на Интернет

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,907
www.iwmnetwork.com
Не можеме да приклучиме цели студентски домови на Интернет, зашто во ниту еден од нив нема соодветна внатрешна инсталација, односно технички услови за тоа да се направи, велат од „Македонски телекомуникации“, по најавите на Сојузот на студенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (ССУКМ) дека владин тим подготвува проект за спроведување бесплатен Интернет за студентите.

Од Министерството за информатичко општество, каде што го подготвуваат овој проект, вчера не беа достапни да објаснат дали е планирано да се приспособат простори за интернет-кафулиња во домовите, или, пак, кон мрежата ќе се приклучува секоја соба посебно. Студенти од неколку скопски дома велат дека досега безуспешно повеќепати барале од македонските провајдери да приклучат цели домови кон мрежата.

- Зградата на „Пелагонија“ е изградена пред повеќе од 40 години. Точно е дека инсталацијата е стара и затоа не може да се спроведе Интернет во целата зграда. Баравме да не приклучат, но не одбија. Засега дел студенти на своја рака користат Интернет - вели Ристе Кокутанов, претседател на Советот на станари во студентскиот дом „Пелагонија“. Мал е бројот и на студенти во „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, како и во „Кузман Јосифовски Питу“ што користат Интернет. - Ни рекоа дека ако ја приклучеле цела зграда, ќе сме правеле многу злоупотреби, а и многу гигабајти дневно ќе сме трошеле. Тоа беа нивните образложенија кога баравме да ни стават Интернет - вели Александар Макариоски, претседател на станарите во „Гоце Делчев“.

Како што тврдат студентите, во „Стив Наумов“ веќе биле претставници од Министерството за информатичко општество, кои проверувале дали има простор и технички услови за да се монтира Интернет. ССУКМ пред извесно време најави дека посебен владин тим подготвува проект за бесплатен Интернет во домовите. Она што досега е познато е дека се подготвува технички елаборат, односно членовите на тимот проверуваат дали има услови за да се реализира проектот. Според првичните најави, студентите во домовите ќе почнат бесплатно и неограничено да ја користат оваа услуга од февруари.

Извор: Време
 

MARTIN_MKD

Intern
27 ноември 2007
419
2
- Зградата на „Пелагонија“ е изградена пред повеќе од 40 години. Точно е дека инсталацијата е стара и затоа не може да се спроведе Интернет во целата зграда. Баравме да не приклучат, но не одбија. Засега дел студенти на своја рака користат Интернет - вели Ристе Кокутанов, претседател на Советот на станари во студентскиот дом „Пелагонија“. Мал е бројот и на студенти во „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, како и во „Кузман Јосифовски Питу“ што користат Интернет. - Ни рекоа дека ако ја приклучеле цела зграда, ќе сме правеле многу злоупотреби, а и многу гигабајти дневно ќе сме трошеле. Тоа беа нивните образложенија кога баравме да ни стават Интернет - вели Александар Макариоски, претседател на станарите во „Гоце Делчев“.
Ајде де, зградата била стара.
До кога бе МТ нет ќе продаваат магла и ќе си го полнат џепот. Незнам дали на wireless-от му пречат старите згради.
А, што мислите вие?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,869
Членови
28,042
Најнов член
Puffy
На врв Дно