- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
Не само што студентите не купуваат компјутери и лаптопи туку и не ни доаѓаат, не се интересираат за она што им го нудиме, се жалат вработените во неколку скопски компјутерски фирми откако Владата им подели ваучери за компјутери на студентите во четврта година.
Оттаму се жалат дека обезбедиле компјутери на лагер зашто очекувале огромна навалица, но акцијата максимално ги разочара сопствениците на фирмите. Студентите, пак, велат дека чекале фирмите да понудат поевтини пакети, па потоа ќе ги искористеле ваучерите.
Во „Риверсофт“ велат дека студентите само доаѓале и се распрашувале за понудите, но не купувале ниту лаптопи ниту компјутери. Во оваа фирма досега реализирале само 15 отсто од ваучерите и стравуваат дека до крајниот рок нема да успеат да одговорат на сите побарувачки за компјутери со ваучери. - Не се остварени ниту 10 отсто од нашите очекувања за продажба.
Студентите не ни прашуваат за цените или за она што им го нудиме. Продажбата оди многу слабо - велат од фирмата АМЦ. Оттаму предлагаат Владата преку реклами или на друг начин да ги извести студентите дека треба да ги искористат ваучерите. Во „Нико компјутери“, пак, голема навалица очекуваат во последните денови од акцијата, која завршува на 15 декември.
- Очигледно дека студентите се уште чекаат. Има луѓе што само доаѓаат и прашуваат, но не купуваат компјутери. Ние одамна сме подготвени, имаме компјутери на лагер, но засега одѕивот на студентите е слаб. Очекуваме навалица во деновите до крајниот ден на акцијата, а лошо е што тогаш ќе има и навалица пред новогодишните празници. Стравувам дека нема да успееме да ги реализираме сите ваучери - вели Александар Медарски, менаџер за продажба во „Нико компјутери“.
Студенти на Правниот факултет велат дека не се брзале да купат компјутери. Тие чекаат некоја од фирмите да понуди поевтини компјутерски конфигурации. - Засега само собирам понуди и флаери од компјутерски фирми. Цената на компјутерската конфигурација што мене ми се допадна е околу 18.000 денари. За да го купам тој компјутер треба да доплатам уште шест илјади денари, но решив да почекам, има време. Се надевам дека ќе има уште намалувања на цените - вели Анета Бошковска, студентка на Правен факултет.
Антонија Поповска
Време, број 1231, 23.11.2007