D
Администратор
Училиштата во земјава до 15 декември ќе добијат обновени електрични инсталации за да можат да ги користат новите компјутери што Владата ќе ги обезбеди со програмата „Компјутер за секое дете“.
- Повеќе од 100 училишта во градовите низ земјава имаат стара електрична мрежа која не може да го поднесе напорот од нови корисници. Инсталирањето нови компјутери може да предизвика колапс на електричната мрежа и затоа екипи на ЕВН-ЕСМ почнаа да ја надградуваат инсталацијата во училиштата – објасни Ленче Карпузовска, портпаролка на ЕВН-ЕСМ.
Карпузовска вели дека сите поправки на електричната инсталација во училиштата ќе се одвиваат во договор со нивните директори. За целиот проект ЕВН-ЕСМ ќе потроши 250.000 евра.
Директорите на помалите училишта, освен за електричната инсталација, се жалат и дека немаат доволно простор и соодветни услови за чување и за користење на компјутерите.
- За еден компјутер е потребен најмалку 1,5 квадратен метар простор за биро и за столче за корисникот. Тоа значи дека за десет компјутери ќе треба да се ослободи цела училница. Освен тоа, просторијата каде што ќе бидат инсталирани компјутерите мора постојано да биде затоплена – велат во компјутерските компании.
Училиштата се загрижени и за безбедноста на компјутерите од крадци затоа што, откако ќе ги инсталираат, за нив ќе бидат одговорни самите училишта.
Во Министерството за образование велат дека со инсталирање на компјутерите ќе почнат откако ќе завршат работите во врска со електричната мрежа. За безбедноста препорачуваат компјутерските кабинети да бидат на повисоките катови од училиштата, за да ги заштитат од крадци.
Од 100.000 компјутери, кои Владата планира да ги набави за средните и за основните училишта, досега се обезбедени повеќе од половина. Набавката на останатите компјутери веќе е во тек, а со нивно инсталирање треба да се заврши до март идната година.
Дејан РИСТОВСКИ - Шпиц, број 448, 29.11.2007