AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

YouTube беше искритикуван од членовите на Британскиот парламент кои велат дека YouTube мора детално да ги прегледува сите содржини пред да бидат објавени на страницата.
Исто така заклучено е дека прегледувањето на содржините треба да биде "стандардна процедура" на сите страници кои хостираат содржини поставени од корисниците и дека содржините треба да се прегледуваат поактвивно и поажурно.
Сопствениците на YouTube одговориле дека на страницата имаат стриктно одредени правила и систем за пријавување на недозволени содржини.
Во извештајот Комисијата наведува дека биле шокирани од фактот што стандардната процедура за одстранување на клип со детска порнографија траела 24 часа.
Google, компанијата што го поседува YouTube, тврди дека страницата за споделување на видео клипови е потполно безбедна за децата.
"Имаме стриктни правила за тоа какви содржини смее да се објавуваат, и систем кој овозможува на секој корисник доколку забележи некоја содржина која не е дозволена, да ја пријави на нашата 24/7 служба за прегледување на видеата, и веднаш се реагира за конкретното видео"
Со оглед на обемот на содржините кои се објавуваат на нашио сајт, ние мислиме дека ова е најефикасниот метод за да недозволените видеа бидат сведени на минимум и што поскоро да бидат одстранети -вели портпаролот на YouTube.
Исто така на Комитетот им било предочено дека на страници како YouTube, за секои 10 минути се поставуваат видеа во траење од 10 часа и дека малку е нереално да се очекува секое видео да биде прегледано пред да биде поставено online.
На ова им било одговорено дека овој систем на одстранување на пријавените видеа не е ефикасен, бидејќи се случувало видео со детска порнографија да биде одстрането после 24 часа и дотогаш веќе било гледано од 600-700 корисници.
Исто така биле наведени и други веб страници кои содржат содржини за екстремни диети, само-повредување, самоубиства и сл.
Токму поради овие критики донесена била одлука да се формира Совет за заштита на децата на интернет, тело кое би се формирало при крајот на оваа година.
Извор: ВВС