• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Стигнува Envy 133 - потенок од MacBook Air

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Компанијата Voodoo PC, произведувач на ексклузивни компјутери за гејмери, сега во сопственост на HP), најави нов десктоп компјутер и интересен лаптоп, кои ќе се најдат во продажба веќе следниот месец.

Лаптопот го носи називот Envy 133 е наменет за деловните корисници, а треба да претставува конкуренција на MacBook Air и Lenovo ThinkPad X300. Понудени се процесорите Core 2 Duo SP7700 (1,8 GHz) и SP7500 (1,6 GHz), и двата со 4 MB L2 cache и 800-мегахерциен FSB. Чиповите наводно се со иста модифицирана изведба како Core 2 Duo процесорите кои се вградени во MacBook Air.



Лаптопот е потенок од Air (куќиштето од карбонатни влакна е дебело 0,7 инча), но го има истиот 13,3-инчен WXGA екран со LED осветлување и интегрирана графичка карта X3100. Доаѓа во комплет со 80-гигабајтен класичен хард диск, но и со 64-гигабајтен SSD.

Гејмерскиот десктоп компјутер Voodoo Omen поседува одлично дизајнирано куќиште од брусен алуминиум, со вграден 7-инчен LCD, заедно со засега најсилниот достапен хардвер. Процесорите се Core 2 Extreme QX9770 (3,2 GHz) или QX9650 (3,0 GHz), до 8 GB Corsair DDR3 меморија на 1600 MHz како и сите опции на сегашните и најавените Nvidiа SLI и ATI CrossFire графички конфигурации. Освен класичните дискови (до 3 TB капацитет), може да се вградат и шест 64-гигабајтни SLC SSD дискови Samsung со вкупен капацитет од 384 GB.

Компјутерите се достапни во куќишта во различни бои и детали, а цената останува адекватно висока. Почетната цена на Envy се движи од 2.100 американски долари, а Omen од 6.500 па се до 20.000 долари, колку што чини најопремената изведба.

Извор: ИДИВИДИ
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Потенок ? \/\/0\/\/, браво браво, со сепак ... све што е потенко е многу по кршливо, и не би сакал да поседувам некој производ на кој цело време мора да му мислам да не го дувнам или пак чукнам и такви ствари
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Потенок ? //0//, браво браво, со сепак ... све што е потенко е многу по кршливо, и не би сакал да поседувам некој производ на кој цело време мора да му мислам да не го дувнам или пак чукнам и такви ствари
Не е тука тој случај. Убаво ти пишува дека куќиштето е изработено од carbon fiber. Тоа е мн лесен, а цврст материјал, кој меѓу другото, се користи и за изработување некои делови на формула.
 

stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Ќе си купам еден, ма што еден бе два ќе си купам :D и еден за резерва само кога ќе имам пари :LOL::LOL:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,560
Мислења
820,548
Членови
28,218
Најнов член
macika
На врв Дно