• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Продадено SteelSeries Arctis 5 (2019); Jaybird X3

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,545
2,548
Со намера сум да набавам една-две нови аудио работи во наредниве месец дена, ама за да не ме избркаат од дома, морам прво да продадам нешто од ова што го имам. Барам проценка на двата пара слушалки од насловот, еве и по малку детали за нив и некоја слика.

1. SteelSeries Arctis 5 (2019)

Купени се нови на 2 април од Анхоч, и доаѓаат со гаранција од 2 години (до 02.04.2022). Во овие неколку месеци се користени по 2-3 часа на ден, 3-4 пати неделно, остатокот од времето стоеле во фиока.

Состојбата функционално е 10/10, како вчера од продавница да излегле. Козметички, на двете страни има малку wear and tear од контакт пластика-пластика (слика подолу), нешто што е неизбежно кај скоро сите Arctis модели на SteelSeries, па би им дал 9/10. Освен тоа, немаат ни гребнатинка.

Како модел, за гејминг се одлични. И звукот и микрофонот се супер, единствено што јас приметив од користењето е дека поради материјалот на перничињата, немаат баш најдобра изолација. Ама па од истата причина (плус headband-от) се и едни од најудобните слушалки кои сум ги пробал. Имаат и DTS Headphone:X v2.0, RGB што се контролира со SteelSeries Engine, микрофонот се повлекува и има физичко mute копче, а сите останати спецификации ги имате на линкот подолу.

Ги добивате со се што следи во кутијата, сите кабли/адаптери и документација, како и гаранцијата и фискалната.

Arctis 5 Gaming Headset

20200709_181823.jpg
20200709_181749.jpg

2. Jaybird X3

Се работи за wireless in-ear слушалки купени во октомври 2017 година од Германија, цената мислам дека им беше околу 130 евра. Користени се околу година дена, од кои месец и пол до два и за физички активности (теретана/трчање), по што ги ставив во фиока и ги заборавив дека ги имам.

Со оглед на тоа колку се користени и како се чувани, слушалките функционално се во состојба 10/10, а козметички имаат очигледни траги на користење, што се гледа и на фотографиите подолу.

За користење се покажаа прилично солидно. Доаѓаат со апликација со equalizer, батерија од 8 часа која и ден денес трае толку, и релативно удобен дизајн. Отпорни се на вода/пот/прашина, нешто што лично не сум го тестирал бидејќи ги чував прилично убаво, ама има доволно рецензии на интернет што го потврдуваат ова. Остатокот од спецификациите го имате на линкот подолу.

Истите ги добивате со вреќичката за storage, адаптерче за полнење (ќе ви треба micro USB кабел), и кутијата во која дојдоа, со се што имаше во неа.

Напомена: Иако кој и да ги купи слушалките, ќе ги добие потполно исчистени и дезинфицирани со етанол, од очигледни хигиенски причини нема да ги добие medium гумчињата кои ги користев јас, како и small Comply врвовите. Бидејќи имаат специфични врвчиња и не одговараат од други слушалки, се нафаќам да нарачам од AliExpress/eBay нови врвови кои ќе стигнат директно на ваша адреса, на мој трошок.

Jaybird X3 review | TechRadar

20200709_182045.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,545
2,548
Bump. Енибади?
 
Поради недостаток на проценки, и со ризик да ги промашам скроз цениве, ги ставам двата пара на продажба.

SteelSeries Arctis 5 (2019) - 5,000 денари
Jaybird X3 - 2,000 денари (со нови врвчиња порачани на ваша адреса)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,545
2,548
Bump.

Jaybird-от се повлекуваат од продажба.

SteelSeries Arctis 5 - 5,000 денари.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,545
2,548
Слушалките се повлекуваат од продажба. Може клуч на темата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,620
Мислења
821,820
Членови
28,267
Најнов член
Andrej98
На врв Дно