coki
:(){ :|:& };:
Читајќи коментари на една случајна објава, дознав дека моментално Oblivion е на 80% попуст на Steam. Игра во која имам поминато многу време пред многу години (наместо да копам биткоин
), од тепање на Daedra, до собирање на тревки и печурки и лутање низ отворениот свет на играта. На сето тоа интересно поминато време ме потсети еден обичен коментар и решив да ја купам и одвреме-навреме да ја играм пак и да се потсетувам.
Инспириран од ова, темава ја отворам со цел да се информираме за интересни попусти/промоции на Steam, дали за стари или нови наслови, дали за потсетување на некои побезгрижни времиња или за нови задоволства.
Oblivion е достапна на Steam во 2 изданија: Game of the Year Edition и Game of the Year Deluxe, со што второто има повеќе содржина и за моменталната разлика во цената, сосема вреди. На последниот попуст, Deluxe изданието било 1 евро поскапо од сега, со што со овој попуст ова издание има најниска цена во последните 2 години. Попустот трае до утре, 24.2, до 19:00 по нашки.
Извор: SteamDB