- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Граѓаните од денеска можат да го сменат телефонскиот операторот, а да го задржат стариот број, но за тоа ќе треба да им платат на компаниите што ги напуштаат.
Ценовници на најголемите фиксни и на мобилните оператори во Македонија за излез од мрежата и префрлање кај друг оператор, со вклучен ДДВ:
* „Мактел“ - 826 денари,
* „Ти Мобајл“ - 637 денари,
* „Космофон“ - 619 денари во мобилната, додека за фиксната телефонија не го објави ценовникот,
* „ВИП“ оператор - 354 денари.
Единствено „Он-тел“ нема да им наплаќа на корисниците кои ќе решат да се префрлат кај друг оператор.
Во Агенцијата за електронски комуникации не коментираат дали цените се високи, ќе почекаат пазарот да покаже.
„Доколку во пракса се покаже дека таа цена е дестимулативна, со други зборови многу висока, и дека ги предомислува граѓаните да се префрлат на друг оператор токму заради тој еднократен надоместок, АЕК како регулаторно тело има право да воведе една регулирана цена“, изјави Виолета Цветковска, портпарол на АЕК.
Услугата „преносливост на броеви“ од поодамна е широко распространета во Европа, а во Македонија доцни една година. Токму оваа опција, според познавачите, е шанса да се намалат цените, да се создаде вистинска конкурентска битка и да се разбијат монополите.
Со опцијата слободен избор на оператор со задржување на стариот број најмногу профитира оној што ќе даде најевтина понуда.
Извор: А1