• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Starlink проект - Сателитски интернет (powered by SpaceX)

Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.971
2.928
Скопје
Веќе некое време го кориситиме на работа, на неколку наврати правам спеедтест и на неколку наврати резултатите се драстично различни.
Знае Download да падне и до 10 а upload и до 5, ова е најдобриот резултат кој схто го имам фатено на speedtest.
Важно пингот 91 !
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
4.564
4.052
многу голем е пингов, за гејминг катастрофа, ваљда ќе појачаат со екстра сателити.
А ваљда и нема. Постојат и други причини зашто е пингот толкав. Уствари и не е страшен кога се работи за сателитска комуникација.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Ron26

Gaining Experience
4 мај 2019
251
409
А ваљда и нема. Постојат и други причини зашто е пингот толкав. Уствари и не е страшен кога се работи за сателитска комуникација.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk

кои причини? фалш услуга. Треба уште сателити за услугава да заличи на нешто. Членот убаво рече дека паѓа брзината и до 5-10 мбпс.
 
Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.971
2.928
Скопје
кои причини? фалш услуга. Треба уште сателити за услугава да заличи на нешто. Членот убаво рече дека паѓа брзината и до 5-10 мбпс.
Леон абе кој мора (се наоѓа во викендица - планинарски дом каде нема услови) , за да заврши работа - ќе заврши. Ама за цената што треба да ја платиш - услугата е чиста нула.
Старлинк - само ако мораш !
 
Aowek

On your way to fame
14 април 2012
914
660

Живееш во држава која е минијатурна и која има речиси секаде покриеност со интернет, но живеј во Северна Дакота или пак Вајоминг каде што се страшно ограничени со интернет провајдери и имаат брзини на 2-5 мбп/с тогаш и те како ќе ти одговара Старлинк. Самата замисла на Старлинк е да носи брз и стабилен интернет до далечни региони кои немаат покриеност со оптика.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.164
7.653
Мелмак
Живееш во држава која е минијатурна и која има речиси секаде покриеност со интернет, но живеј во Северна Дакота или пак Вајоминг каде што се страшно ограничени со интернет провајдери и имаат брзини на 2-5 мбп/с тогаш и те како ќе ти одговара Старлинк. Самата замисла на Старлинк е да носи брз и стабилен интернет до далечни региони кои немаат покриеност со оптика.

Има поевтини и подобри сателитски интернет опции за тоа, кои со 3 сателити во повисока орбита покриваат цел свет и постојат уште од пред 10 години ко опции. Едино пингот и ним им е над 100 ама ко шо и е логично, не е за компетитивно играње сателитски интернет никако па ни овој на Елон нема шанси да биде никад пошо користи земјен итернет и го спроведува преку сателит. За другите проблеми нема ни да навлегувам сега. Истражи си, споделив доста линкови и информации во темава веќе.
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
4.564
4.052
кои причини? фалш услуга. Треба уште сателити за услугава да заличи на нешто. Членот убаво рече дека паѓа брзината и до 5-10 мбпс.
Коментирав за пингот. Бројот на сателити нема да помогне многу тука. Така да...

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
696
1.569
Има поевтини и подобри сателитски интернет опции за тоа
Кои се другите опции? Освен Viasat што ја имаш спомнато претходно...
За Европа ми треба и да можам како македонец да купам, со достава со се.
(не тролам Тошка, сериозно прашувам) :D
 
18 септември 2020
130
92
Македонија
PowerЖивееш во држава која е минијатурна и која има речиси секаде покриеност со интернет, но живеј во Северна Дакота или пак Вајоминг каде што се страшно ограничени со интернет провајдери и имаат брзини на 2-5 мбп/с тогаш и те како ќе ти одговара Старлинк. Самата замисла на Старлинк е да носи брз и стабилен интернет до далечни региони кои немаат покриеност со оптика.
Со мобилната мрежа сега барем секаде имаш покриеност за интернет. Нашите мобилни оператори имаат барем како што знам секаде покриеност, со Н+ имаш брзина некаде до 16 Mbps, а со 4G+ до 100 Mbps насекаде. Имам фаќано на планина сигнал и пак тераше добро интернетот на мобилен, е сега ако е ептен згустено со шума треба да се сечат дрвата што се многу високи и пополека да се ослободува простор тој сигнал подобро да пробива.
 
Точно во Македонија, но во Мејн не е така освен покрај главните автопати на друго место е срање интернетот на одредени места нема никаква мрежа.
 
hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1.771
1.649
sistrum.mk
Не знам кој нормален ќе замени оптички или 4Г/5Г со сателитски интернет кај нас во Македонија. Единствено за курназлк и фалење дека има антена на кров од Старлинк т.е. Тесла така го викаат фраерите.
За тие кои си имаат потреба од интернет во недостапни региони без покриеност од некој интернет провајдер, Старлинк е супер избор, Мала антена лесно за монтажа, убаво изгледа. Не сум видел подобро и поедноставно решение, другите сателитски провајдери бараат поголема антена, специјални ЛНБ, конвертори , модеми, појака струја итн итн.
 
kirev

Unbeatable
31 мај 2010
6.134
4.406
Има места каде што нема никаква врска или е катастрофално лоша. И ова би било одлична резервна варијанта ако мора погон или канцеларија да се закачат...
 
Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.971
2.928
Скопје
Точно во Македонија, но во Мејн не е така освен покрај главните автопати на друго место е срање интернетот на одредени места нема никаква мрежа.
Aowekot од Mаinе :p

Aowek

On your way to fame
14 април 2012
914
660
Aowekot од Mаinе :p

Па нема многу места кај што немам возено камион во УСА така да сигурно знам малце поише од тебе за мрежна покриеност. :D
 
psyside

Rising Star
4 септември 2008
29.444
30.410
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64

Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.971
2.928
Скопје
Па нема многу места кај што немам возено камион во УСА така да сигурно знам малце поише од тебе за мрежна покриеност. :D
Ако де - јас не се сомневам - ме зачуди само од каде баш Мејн - затоа се пошегував :)
 
godovic

Intern
5 септември 2007
40
20
Минатата недела ми стигна антената, здравје да се поправи времето па да ја пробам. Набавена е за неурбано место, каде што А1 и Телеком не можат или не сакаат да излезат во пресрет.
DHL, поштарина и царина е на терет на испраќачот од САД.
Од муабет со DHL сконтав дека имаат веќе донесено повеќе антени.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.166
6.169
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Минатата недела ми стигна антената, здравје да се поправи времето па да ја пробам. Набавена е за неурбано место, каде што А1 и Телеком не можат или не сакаат да излезат во пресрет.
DHL, поштарина и царина е на терет на испраќачот од САД.
Од муабет со DHL сконтав дека имаат веќе донесено повеќе антени.
Интересно, сподели резултати и слично кога ќе ја активираш.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.006
6.123
Скопје
www.facebook.com
Минатата недела ми стигна антената, здравје да се поправи времето па да ја пробам. Набавена е за неурбано место, каде што А1 и Телеком не можат или не сакаат да излезат во пресрет.
DHL, поштарина и царина е на терет на испраќачот од САД.
Од муабет со DHL сконтав дека имаат веќе донесено повеќе антени.
Кое е тоа место ?
 
Ile bocev

Gaining Experience
15 ноември 2015
310
237
Минатата недела ми стигна антената, здравје да се поправи времето па да ја пробам. Набавена е за неурбано место, каде што А1 и Телеком не можат или не сакаат да излезат во пресрет.
DHL, поштарина и царина е на терет на испраќачот од САД.
Од муабет со DHL сконтав дека имаат веќе донесено повеќе антени.
Кое е тоа место?

Jaс имам земено од тие уредите на А1 што ги даваа. Во викендица која никогаш претходно немало шанса да фати и сигнал, сега работи.
Баш ме чуди и мене. Мислам дека си можел да завршиш работа и со А1 ако си се распрашал малку подобро.
ама добро.
 
godovic

Intern
5 септември 2007
40
20
Кое е тоа место?

Jaс имам земено од тие уредите на А1 што ги даваа. Во викендица која никогаш претходно немало шанса да фати и сигнал, сега работи.
Баш ме чуди и мене. Мислам дека си можел да завршиш работа и со А1 ако си се распрашал малку подобро.
ама добро.
Да, имам 3 combobox уреди или officebox на таа локација.
Нема сигнал, слаб, плус имаат проблем после некое време работа со загубени пакети, заглупуваат. Мораш да ги рестартираш. А1 не сака да "слушне" иако користиме многу, многу повеќе такви уреди.
Локации има многу низ Македонија каде што имаме проблеми. Типот на работата е таков.
Ова решение беше ајде да пробаме, тестираме, па ќе заврши на некоја викендица додека не дозволат употреба за бизнис корисници во Македонија.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.891
Мислења
912.333
Членови
32.612
Огласи
840
Најнов член
yeyeyeye
На врв Дно