Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Starlink проект - Сателитски интернет (powered by SpaceX)

^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
fb7998f4d3b38bc9c8792ab0ae1e564f.png

Elon Musk, основач и извршен директор на SpaceX веќе започна со БЕТА тестови за проектот „Starlink“ - проект кој треба да обезбеди стателитски пристап до Интернет во целиот свет.

Веќе сношти имавме глетка и во Република Македонија, околу 20:35 часот поминаа уште 60 сателити во вселената кој се дел од интернет сателитската мрежа Starlink.

За да може да ги обезбеди своите услуги низ целиот свет, SpaceX има намера сателитите Starlink да формираат мрежа од најмалку 12.000 сателити. Секој сателит тежок е околу 200 килограми, а со оглед дека се поставени во ниската орбита, на околу 500 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врските се сведени на најмала можна мерка.

Во моментов, 442 од нив се наоѓаат во орбитата на Земјата, а заради перспектива, целото човештво досега има испратено вкупно нешто помалку од 10.000 предмети во вселената. На компанијата досега ѝ се одобрени за лансирање 12.000 сателити, а аплицираше за уште 30.000 лансирања.

Проектот чини 10 милијарди долари. SpaceX планира да започне со интернет услуги уште оваа година на корисниците во САД и Канада. Целта е да се заврши до 2027 година, но се верува дека многу побрзо ќе се одвиваат работите и дека за 2/3 години би бил достапен во целиот свет!

Малку повеќе едукација за проектот:

Епа дечки, добредојдовте во иднината! :cool:
 
Последна промена:

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.165
14.209
Ќе видиме таа работа ако не го утепаат Илон Маск прво. Типот раздвижи и растресе многу индустрии и го промени човештвото во 21-ви век за што повеќе алчни конгломерати му замеруваат. Ако обезбеди интернет низ цел свет само со помош на Старлинк, можам да замислам што ќе се деси со иљадници интернет провајдери во светот, ќе бидат практично непотребни.

Иначе Старлинк орбитираат на оддалеченост од 500км од земјата
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
Ќе видиме таа работа ако не го утепаат Илон Маск прво. Типот раздвижи и растресе многу индустрии и го промени човештвото во 21-ви век за што повеќе алчни конгломерати му замеруваат. Ако обезбеди интернет низ цел свет само со помош на Старлинк, можам да замислам што ќе се деси со иљадници интернет провајдери во светот, ќе бидат практично непотребни.

Иначе Старлинк орбитираат на оддалеченост од 500км од земјата
Фала за грешката, поправено.

Истото го мислам и јас околу провајдерите, нека си ги пакуват куферите :eek:

Ќе имат ли штетно зрачење овие сателити?
Не, ќе си работат како рутерите на 2,4 GHz.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.680
4.426
А како ќе се пристапува до интернетот од сателитиве?

На сателитскиот интернет од порано проблем беше комуникацијата нагоре и големите латенции. Ова како ќе функционира?
Ќе имат ли штетно зрачење овие сателити?
Сатилитите може не, ама ќе зрачат телефоните за да добацат до нив :)
 
Томислав

Practice makes perfect
7 февруари 2013
923
1.038
Лесно се гледаат веќе секој ден, и понатаму секогаш ќе ги има на небото. Ако порано сме гледале само звезди и по некој сателит (мислејки звезда) сега ке ги имаме како воз :) За секогаш е променето небото.
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
А како ќе се пристапува до интернетот од сателитиве?

На сателитскиот интернет од порано проблем беше комуникацијата нагоре и големите латенции. Ова како ќе функционира?
Ќе се пристапува со антена, ќе се постави антена која ќе гледа нагоре (накај небото) и имаш интернет :cool: Затоа ќе има и во авиони, возови и слично.

А можеби и поинаку, засега така е објаснето. Но јас верувам дека нема да застанат овде, сигурно ќе има некоја опција и за телефоните... преку WiFi да се конектираат. Целта е сосема јасна.

Нема да има никакви проблеми со latency, ќе има премногу сателити кој носат со себе 200 kg (Опрема + соларен панел).
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.680
4.426
Ќе се пристапува со антена, ќе се постави антена која ќе гледа нагоре (накај небото) и имаш интернет :cool: Затоа ќе има и во авиони, возови и слично.
Значи сепак ќе биде фиксен интернет, со оглед дека ќе треба антена и некаков уред кој би работел на струја.
Интернет во авиони, бродови и возови има одамна.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
2.105
2.957
Ќе видиме таа работа ако не го утепаат Илон Маск прво. Типот раздвижи и растресе многу индустрии и го промени човештвото во 21-ви век за што повеќе алчни конгломерати му замеруваат. Ако обезбеди интернет низ цел свет само со помош на Старлинк, можам да замислам што ќе се деси со иљадници интернет провајдери во светот, ќе бидат практично непотребни.

Иначе Старлинк орбитираат на оддалеченост од 500км од земјата
Многу битно мислење! Само да надополнам дека со Starlink ќе ги убијат и телефонските оператори. Додека со години се влечкаме да поефтини роамингот и СМС пораките (кои се во суштина најскапиот интернет за неколку бајти текст) Старлинк ќе им го земе лебот и на нив.

До сега Илон им нанесе тешки удари на неколку индустрии вредни неколку милјарди долари- автомобилска, нафтена, телекомуникациска, интерпланетарна? :)... и едвај чекам што ќе направи следно и како ќе се развиваат работите.
 
krema

Epic
24 јуни 2009
14.368
14.060
youtu.be

Баш така.

И јас затоа баш мислам дека можеби нема да биде на тој начин со антената (само за домашен интернет), сигурно ќе биде некоја копија на Гугљ што не успеа да го реализира проектот со балоните (Google Loon)

Цел свет да биде покриен со домашен, бежичен интернет... секако ќе тера до крај, дури и во мобилната технологија.
 
Mao

Practice makes perfect
5 јуни 2007
1.277
1.013
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Ќе видиме таа работа ако не го утепаат Илон Маск прво. Типот раздвижи и растресе многу индустрии и го промени човештвото во 21-ви век за што повеќе алчни конгломерати му замеруваат. Ако обезбеди интернет низ цел свет само со помош на Старлинк, можам да замислам што ќе се деси со иљадници интернет провајдери во светот, ќе бидат практично непотребни.

Иначе Старлинк орбитираат на оддалеченост од 500км од земјата

Бате мислам дека помина време на утепувања, а и оние што утепуваа до сега веќе се стари, нови времиња дојдоа, нивните практики и култури изумреа. Мислам дека се освестија "фаците" и сите прогресивно се движат во нови правци. Секако, увек има исклучоци.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.680
4.426
А овој интернет демек бесплатен ќе биде? И ќе биде најбрзиот можен?
Не сум запознат со поединости за проектов, затоа прашувам толку.
Затоа засега ми изгледа како начин да се донесе интернет на места каде сега го нема или е многу скап сообраќајот. Дека ќе го замени оптичкиот во високо урбани средини, тоа не ми изгледа баш веројатно.
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
А овој интернет демек бесплатен ќе биде? И ќе биде најбрзиот можен?
Не сум запознат со поединости за проектов, затоа прашувам толку.
Затоа засега ми изгледа како начин да се донесе интернет на места каде сега го нема или е многу скап сообраќајот. Дека ќе го замени оптичкиот во високо урбани средини, тоа не ми изгледа баш веројатно.
Секако дека нема да биде бесплатен, но ова значи сериозна конкуренција за провајдерите. Бидејќи нормално, ова ќе биде доста сериозен провајдер.

Ќе имаат целосна контрола на сателитите, враќање назад за нови батерии после 10 години, проблеми со опрема итн... и повторно враќање на истото место на сателитот.

Многу потешко е да се донесе оптика и 5G отколку ова. Плус 5G-то нема range.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.308
7.056
Скопје
www.facebook.com
Ќе имаат целосна контрола на сателитите, враќање назад за нови батерии после 10 години,
А се има вратено досеа назад сателит?
На сите сателити на којшто му е поминат рокот остануваат во орбитата вечно и праќаат нови.
Зашто тоа е така?
Затоа што помали се трошоците да направаат нов, да го лансираат отколку стар да го враќаат назад и пак да го лансираат па после ако се десе друг дефект па пак истата приказна.
Не е овоа мобилен телефон рикнал мрежниот чип и трк до мегамобил да го сменаат и користи го пак :)
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.680
4.426
Секако дека нема да биде бесплатен, но ова значи сериозна конкуренција за провајдерите. Бидејќи нормално, ова ќе биде доста сериозен провајдер.

Ќе имаат целосна контрола на сателитите, враќање назад за нови батерии после 10 години, проблеми со опрема итн... и повторно враќање на истото место на сателитот.

Многу потешко е да се донесе оптика и 5G отколку ова. Плус 5G-то нема range.
Конкуренција е секогаш добра и добредојдена.
Ама дека ќе ги затвори сегашниве провајдери, тоа тешко дека ќе се случи.
Затоа и реков, ова е решение за рурални и ретко населени области. За места каде веќе има оптика, тешко дека има шанси. За мобилен интернет исто, ако е предуслов да се има сателитска антена.
А се има вратено досеа назад сателит?
На сите сателити на којшто му е поминат рокот остануваат во орбитата вечно и праќаат нови.
Зашто тоа е така?
Затоа што помали се трошоците да направаат нов, да го лансираат отколку стар да го враќаат назад и пак да го лансираат па после ако се десе друг дефект па пак истата приказна.
Не е овоа мобилен телефон рикнал мрежниот чип и трк до мегамобил да го сменаат и користи го пак :)
Ако се на 500 км, кога ќе рикнат ќе паднат. Не се во геостационарна орбита за да останат таму.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.308
7.056
Скопје
www.facebook.com
Ако се на 500 км, кога ќе рикнат ќе паднат. Не се во геостационарна орбита за да останат таму.
Затоа имаат мотор за неколку пати да го отргнаат од орбитата. Си имаат они резерва за да го тргнаат засекогаш во длабоката вселена без да падне кај нас.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.680
4.426
Затоа имаат мотор за неколку пати да го отргнаат од орбитата. Си имаат они резерва за да го тргнаат засекогаш во длабоката вселена без да падне кај нас.
Ама што е полесно, пред да рикна да го симнеш од 500 км или да го качиш на 36000? Исто и за другиве, да ги турнеш малку ако навистина ги туркаат, ништо да не правиш и да остане таму, или да го симнеш од 36000 км?
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
Конкуренција е секогаш добра и добредојдена.
Ама дека ќе ги затвори сегашниве провајдери, тоа тешко дека ќе се случи.
Затоа и реков, ова е решение за рурални и ретко населени области. За места каде веќе има оптика, тешко дека има шанси. За мобилен интернет исто, ако е предуслов да се има сателитска антена.
Ќе видиме се зависи од политиката на фирмата, цените, брзините итн. Elon Musk е итар дечко, така да верувам изигра доста паметно.
 
gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.847
2.372
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 5800X - CM ML240L V2
Motherboard
Asus TUF B550 Plus
Storage
Samsung 990 Pro 1TB
PSU
1000W Corsair RM1000i
RAM
16GB DDR4 Kingston Renegade 3600Mhz
Video card
Zotac Geforce RTX 3070Ti 8GB AMP Holo Extreeme
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Neil deGrasse Tyson нешто се противеше на ова дека толку многу сателити ќе им оневозможат на телескопите непречено да работат од земја.

Мене ми се допаѓа идејата но не ми се допаѓа фактот што ништо од ова не ми изгледа регулирано колку што треба.

Елон е само показател колку алчни сме станале у генерала и нема никаков развој се е до парите, требаше еден Елон да направи нешто па сите као не изненади снег среде јануари ...
 
ArchangelMkD

Intern
4 јуни 2016
29
15
Dali se znae za brzina i cena, deka procitav negde ke bide okolu 100$ sto ne e eftino pa makar bilo 1gb up/down.
Vikaat deka ke ima mala latencija sto e dobro za trguvanje na berza.
Vo sekoj slucaj odvaj cekam da postoi kako opcija.
 
^^GoRiLLaZ^^

Gaining Experience
7 април 2008
208
138
Елон е само показател колку алчни сме станале у генерала и нема никаков развој се е до парите, требаше еден Елон да направи нешто па сите као не изненади снег среде јануари ...
Баш така. Интернетот моментално се гуши поради тоа што сите се дома. Наместо да се финансира и поправи, кривицата ја бараат во Короната.

После оваа вест, малку им фуфка.
 
S

Sukhoi

Гостин
Како што имам прочитано, сеуште се работи на решение за маскирање на сателитите.
Мое мислење е дека астрономите најголемите истражувања во иднина (а и сега) ги прават со телескопи што генерално не се на земја. Хабл како и новиот телескоп Џејмс Веб се телескопи што реално се многу помоќни и поважни за астрономијата пред се од аспект што никакви интерференции немаат од земјината атмосфера.
Е сега и тука не е се црно. Радио-астрономијата генерално не би требало да е загрозена од сателити во ниска орбита по мое мислење, па така проектите како што се снимање на црната-дупка, истражувања на SETI за екстратерестријален живот и друго, не би требало да бидат нарушени (ако се земе во предвид дека досега работеле без проблем, бидејќи веќе има доста сателити што работат и контактираат со земјата на различни фреквенциски опсези).

Инаку нема да има латенција огромна како сегашниве сателитски понуди, поради фактот што сателите се во ниска орбита на многу помало растојание од геостационарните сателите што ги прават погодни за мала латенција и поголеми брзини но има мана. Пример ако е потребно да кажеме 3 сателити во геостационарна орбита да ја покриеме целата земја, во ниска орбита ке се потребни многу повеќе (слично на бројката на Starlink или помалку, зависно од точната височина).
Оваа не е прв проект што има сателите во ниска орбита, проблемот тука е што се ептен повеќе од поранешните проекти.
 
Изменето од модератор:

yasho

On your way to fame
11 јануари 2014
476
633
Скопје
Старлинк сервисот е фиксен, со релативно голема латенција. Работи на Ка и Ku band, и со оглед на слабеењето, малку е веројатно да се обезбеди услугата без нешто налик на сателитска антена, т.е не е погоден засега за мобилна употреба. Од друга страна сателитот има phassed array антени, па ќе знае да направи прилично добар beamforming.

Некои 17-20Gbps е по сателит, што е доста, ама зависи од проектираниот животен век... за рурал е сосема ОК, за урбани средини ќе треба да се згуснува... одат со ласер за backhaul што е ОК, со тоа што 30тина мс ќе им одат на backhaul, плус пристапниот дел, пак сервисот ќе е ред на величина (веројатно нешто помалку од) roundtrip time од ред на величина 100тина мс. Пак end to end услугата зависи и од земските станици, каде/колку, локален капацитет за интернет пристап и сл...
Еstimated cost, 80US$-month + 100-300$ за леѓен + модем... не знам за кое ниво на сервис... за УСА и не е скапо можеби, за third world countries, ќе треба троа притисок на цената...
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.088
Мислења
955.121
Членови
34.493
Огласи
2.303
Најнов член
tonipeder
На врв Дно