• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Стари грамофони и делови

  • Ја почнал/а темата
  • #1

busav0408

Intern
17 декември 2015
59
15
Скопје
Имам ИСКРА ПОРТОРОЖ 1300. Грамофонот работи но не испушта звук (многу малку се слуша). Не е до звучникот. Одлично работи на радиото. Мислам дека е до иглата. Дали некој има идеја каде би можел да најдам игла. Радиото е во одлична состојба и би сакал да го ставам во функција и грамофонот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: b.a

nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
528
668
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
На ибеј има игли, види само каков модел користи
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
161
323
Вакви стари, евтини грамофони користат кристални или керамички игли , со прилично голема сила на притисок (тежина) врз грамофонската плоча (околу 10 грама!). Не препорачувам да се користат вакви грамофони, бидејќи буквално ќе ви ги изораат и упропастат плочите. Ако имате некои стари, неважни плочи - тогаш можеби е интересно да се пуштаат повремено плочи на таков грамофон.
Евтините грамофони од југословенско производство беа склопувани од кит-комплети увезени од Англија, од фирмата BSR и користеа керамички игли (кои се нешто подобри од кристалните). Квалитетните керамички игли/глави можат да се најдат кај специјализираните странски добавувачи (или од Amazon/e-bay), но тие се многу скапи. Кај Aliexpress може да се најдат евтини (2 - 4 евра) керамички глави со непознат квалитет, но можеби ќе има проблем физички да ги собере во рачката, а треба да се внимава и правилно да „легнат“ таму. Побарај на Aliexpress со клучните зборови: Ceramic Stylus Cartridge turntable phonograph.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,009
Мислења
854,585
Членови
29,637
Најнов член
petarS10
На врв Дно