1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

SSL сертификат сетирање

Дискусија во форумот 'Социјален Инженеринг // Физичка безбедност' започната од mimica, 23 Август 2016.

  1. mimica

    mimica
    Intern

    67
    15
    15 Декември 2010
    Женско
    Здраво на сите на мојот домен активирав бесплатен SSL сертификат. Но сајтот сеуште ми го отвара http наместо https. Ако рачно внесам https не ми вчитува css,js.
    Помош како да подесам автоматски кога ќе внесам домен да ми редиректира до https и се да биде вчитано како што треба?

    Благодарам.
     
  2. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Каков веб сервер имаш? IIS, Apache, nginx?

    Можеш да наместиш permanent redirect, сите HTTP линкови да ги пренасочиш на нивната HTTPS варијанта. Каков контролен панел имаш?

    За CSS/JS користи релативни линкувања, а не апсолутни, т.е. во HTML-от да нема "http://" или "https://" при линкувањето на CSS и JS елементи.
     
    Последна промена: 23 Август 2016
    На Oktar и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,168
    23,781
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Во .htaccess додади ова
    Код:
    RewriteEngine On
    RewriteCond %{HTTPS} off
    RewriteRule (.*) https://%{SERVER_NAME}/$1 [R,L] 
     
    Последна промена: 23 Август 2016
    На Oktar и mimica им се допаѓа ова.
  4. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    IP адресата ти е статична или динамична?
    Aко е динамична ништо неправиш, ти треба статична IP за SSL.
     
  5. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Не верувам дека користи динамичка, а и да користи - SSL сертификат се издава на домен, а не на IP адреса.
     
    mimica, P.Overdrive, HardCorec и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. mimica

    mimica
    Intern

    67
    15
    15 Декември 2010
    Женско
    @Luidgi Apache
    @Fatal1ty_ Го направив тоа, сеа си редиректира дирекно на https:// ама сеуште не ги вчитува css фајловите
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,168
    23,781
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Тогаш кажи што платформа имаш? како што ти кажаа погоре не користи апсолутни линкови. очигледно негде во база или config.php имаш рачно наместено http:// и од таму ти ги чита css фајловите.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mimica

    mimica
    Intern

    67
    15
    15 Декември 2010
    Женско
    Па моментално сум во Романија и работам на некој локален проект. Скриптата е custom и да линковите во html се со цел url :/
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,168
    23,781
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Епа измени ги фајловите. Во најлош случај тргни го само http:// пр.
    Код:
    <img src="//domain.com/img/logo.png">
     
    На mimica и Oktar им се допаѓа ова.
  10. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Нема потреба да го има доменот. Ќе работи, но не е баш идеално решение.

    Финтава е од старт кога се прави да се направи како што треба, за во иднина да се не се замараш дополнително.

    Еден од можните проблеми се: Што доколку се смени доменот? Јово на ново. Што доколку се премести тој дел од сајтот на саб-домен? Пак јово на ново.

    Ај вака, еве ти пример:

    Ги имаш следниве датотеки и папки. На сите index.html датотеки треба да се отвори сликата која се наоѓа во images/1.jpg.
    Код:
    www
          ---index.html
          ---images
                  ---1.jpg
          ---products
                  ---index.html
                  ---category
                           ---index.html
    Линкуваш вака:

    За /www/index.html
    Код:
    <img src="images/1.jpg">
    За /www/products/index.html
    Код:
    <img src="../images/1.jpg">
    За /www/products/category/index.html
    Код:
    <img src="../../images/1.jpg">
    Или можеш да користиш root-relative како најфино решение.

    За /www/index.html
    Код:
    <img src="/images/1.jpg">
    За /www/products/index.html
    Код:
    <img src="/images/1.jpg">
    За /www/products/category/index.html
    Код:
    <img src="/images/1.jpg">
     
    Последна промена: 24 Август 2016
    mimica, gdamjan, artweb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,168
    23,781
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Секако. пишав ВО НАЈЛОШ случај.
     
    На Luidgi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не секогаш, на некои хотови е на IP, сум имал таков проблем. Сo еден сајт мака за изнамачив и дури отпосле видов дека во упатството си пишува дека SSL неможe да се активира на динамчка IP.
    Но во случајов најверојатно не е тоа проблемот, туку тоа што се користени апсолутни урл-а, само траба да ги смени во релативни и нејверојатно ке биде ОК.
     
  13. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,095
    475
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Aко уште не е најдено решение за проблемот дај линк ќе провериме.
     
  14. zaphod

    zaphod
    Intern

    7
    3
    8 Мај 2016
    Ако е издаден сертификатот за IP адреса тогаш ќе имаш грешка ако пробаш пркеу домен да пристапиш, не гледам инаку како би можело да имаш и IP и домен освен со два сертификати.
     
  15. ThundeR

    ThundeR
    Gaining Experience

    240
    54
    7 oктомври 2009
    Машко
    1 - направи го главниот redirect HTTP > HTTPS
    ако имаш ресурси што се повикуваат со апсолутни URL-а на тие страни во browser-от ќе ти даде "mixed content".

    2 - Направи inspect елемент во browser-от и види кои се тие ресурси што се хардкодирани така и после на начините кажани погоре направи ги URL-ата релативни :)
     
  16. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,232
    508
    3 Април 2008
    тоа е бидејќи frontend web серверот не им подржувал SNI (Server Name Indication), т.е. можност клиентот да побара сертификат за некое конкретно име. па така морале за секој https сервер да имаат по една aлоцирана IP адреса.
    не е тоа прашање на „динамичка“ адреса туку на една адреса по https хост.

    … и секако нешто што е надминато од пред 10тина години (а скоро неизбежно во последниве 5 години). ако некој web hosting или http алатка (библиотека и сл) не подржува SNI тоа е сигурен знак дека треба да ги баталиш.

    не се даваат сертификати на ip адреса. но можеш да имаш сертификат со повеќе имиња. (тоа се вика
    SAN: Subject Alternative Name)


    референци:
    https://en.wikipedia.org/wiki/Server_Name_Indication
    https://en.wikipedia.org/wiki/Subject_Alternative_Name
     
    На Luidgi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,232
    508
    3 Април 2008
    @Luidgi добро објасни како треба да изгледаат url-ата, само како дополнителна препорака, ако користите некој framework (python, php, ruby и сл), најчесто имаат функција за генерирање на url-ата {нешто како url_for(controller, action) или url_for('static', 'filename.ext')}.

    Всушност, ако framework-от нема url_for или слична функција, тоа е добар знак дека треба да се бара друг framework.
     
    На Luidgi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimica

    mimica
    Intern

    67
    15
    15 Декември 2010
    Женско
    Ви благодарам дечки. Средив работа, ги изменив сите линкови (не беа многу) и сега работи одлично.
    Благодарам до @Fatal1ty_ @Luidgi

    Темата може да се затвори.
     
  19. zaphod

    zaphod
    Intern

    7
    3
    8 Мај 2016
    Би требало CN да може да пишеш IP то, не сум пробал, не дека е многу добра идеја...
     

Сподели

Вчитување...