1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија SSD SanDisk Ultra 3D SSD

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од SaleSk, 28 Февруари 2018.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    SanDisk еден од гигантите за производство на дискови, во партнерство со Toshiba, почнуваат да работат на развој на 3D NAND чиповите, кои првично беа наменети за мобилните уреди, поточно 3D BiCS NAND. Со третата ревизија и можноста за изработка на NAND со 64 леери, зимаат замав и во вградување кај SSD-ата.
    Првите производители кои употребија овакви NAND чипови се SanDisk Ultra и WD Blue. И двата диска имаат идентична структура. Благодарение на Анхоч, имаме можност да го тестираме дискот и да ги споделиме искуствата и добиените резултати.
    Дискот го има со неколку различни капацитети, 250 GB, 500 GB, 1 TB, 2TB.
    Моделот со кој ние располагаме е оној од 250 GB.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Одлично спакуван баш онака како што доликува на сериозен производител. Ја отвараме кутијата, дискот во електростатско кесиче, залепено со видлива налепница за електростатички осетлив дел, патека до SanDisk SSD Dashboard софтвер, и условите за гаранција од производителот.

    [​IMG]

    [​IMG]

    И конечно дискчето. Добро познатите бои на SanDisk, црна обвивка и испишано лого со црвени впечатливи букви.

    [​IMG]

    Ултра во секој поглед. Дебелина од 7мм

    [​IMG]

    На задната страна испишани некои од најбитните карактеристики на дискот:

    [​IMG]

    За жал ние немавме можност да го отвориме дискот детално и да видиме за што станува поточно збор, но се потрудивме и најдовме слика која е превземена од интернет. Вака би требал да изгледа дискот.

    [​IMG]

    Спецификациите се превземени од официјалната страна на SanDisk:
    SanDisk Ultra 3D SSD

    [​IMG]

    BiCS NAND чиповите кои се вградени во овие дискови се навистина ТLC чипови со високи перформанси, односно се едни од најдобрите. Kако и Samsung 850 EVO, не губат на перформанси после одредено време на активност на запишување. Може тоа да го видиме од графикот на HD Tune, кој што е тест на секвенционално запишување на дата податоци на целокупниот слободен простор на дискот.

    [​IMG]

    Корисниците не треба да се грижат за трансфер на големите фајлови бидејќи тој нема да падне на ниво на класичните тврди дискови. Новата комбинација на контролерот со меморијата ја исполнува во целост SATA 6Gbps AHCI конекција. Тоа во суштина им овозможува на овие TLC SSD-a да се однесуваат многу повеќе како да се MLC. Но како и да е, SSD-ата со овакви BiCS опслужувани NVMe SSD-а ќе имаам мало намалување на перформансите после одредено време на користење и активност на запишување.
    SSD-ата со висок капацитет овозможуваат 560/530 МВ/ѕ секвенцијални циклуси на читање/запишување, додека пак моделот кој ние го имаме е со намалена брзина односно 550/525 МВ/ѕ. IOPS вредноста на тестираниот модел по спецификација изнесува 81000, додека пак на оние со поголем капацитет е 95000/84000 read/write IOPS.
    За да ги видиме вредностите во реалност, направени се неколку тестови со различни програми. Инаку не се вршени никакви дополнителни подесувања околу сетирање на параметрите на оперативниот систем во поглед на зголемување на перформансите. Сите подесувања се оставени на фабрички дифолтни вредности. Инаку следејќи ги инструкциите кои може да се најдат на форумов, може во значителна мерка да се подобрат перформансите.
    Резултатите кои ги добивме од бенчмарковите се дадени подолу на сликите:

    [​IMG]

    HD Tune Pro:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Cristal Disk Mark:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    AS SSD:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Споредувајќи ги добиените резултати од извршените тестови, можеме да дојдеме до заклучок дека скоро на сите тестови, резултатите се поклопуваат и нема големи отстапки.
    Глобално гледано, SanDisk направи револуција во овој сегмент и замеша прсти во бизнисот на Samsung. Samsung EVO беше првиот SSD кој вгради TLC NAND во своите дискови, но сепак не можеше да ја избалансира цената. Останатите производители кои се појавија на пазарот заради лошите перформанси кои ги нудеа од своите уреди ствараа погрешна перцепција за новиот NAND кој се појави на пазарот.
    Затоа слободно можеме да кажеме дека ULTRA застана рамо до рамо со EVO. Според сите тестови е многу блиску до перформнсите кои што ги нуди EVO, но од друга страна пак цената е на страната на ULTRA.
    Доколку направиме еден пресек, слободно можеме да ги наброиме неговите позитивни и негативни карактеристики:

    Позитивно:
    • Можеме слободно да кажеме дека дискот се однесува како да има MLC чипови
    • Агресивна издржливост
    • Ниска цена
    • Комплетен софтверски пакет
    Негативно:
    • Проблем со константност кој го имаат сите TLC чипови

    Можеме со сигурност да кажеме и да потврдиме дека се работи за исклучително добар и солиден производ. Кога ке ја ставиме во игра и цената на самиот диск, заклучокот е дека добиваме 100% вложено / добиено, се разбира и очекувано.

    Достапност и цена за тестираниот производ:
    Anhoch PC Market Online - SSD 2.5" Sandisk Ultra 3D 250GB 560MB/s

    Голема благодарност за одстапениот модел од страна на Анхоч за тест и рецензија.
     
    На petrusevski, gremlin, Lokvan и уште 41 други им се допаѓа ова.
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,119
    4,275
    4 ноември 2013
    Машко
    Одлично сработено!
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,051
    3,019
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    7500 денари ли е ниска за цена за 250гб од некој што излегол до пред 2-3 години од пештерата и решил да му парира на самсунг ? Инаку рецензијава како и сите останати е супер.
     
    На iface и Chicco69 им се допаѓа ова.
  4. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    Секоја чест за промотивното ривју, (не)платена реклама, што и да е.
    Оваа серија на WD и Sandisk се појави минатото лето , верувам сите што пратат техника се добро запознаени.
    Блиску е до Samsung Evo, но не толку блиску. :)

    Главна предност на оваа серија, WD Blue 3D или Sandisk Ultra 3D (идентични се), треба да биде цената ... ама не во Македонска режија.
    Амазон:
    Amazon.JPG
    Анхоч:
    Anhoch.JPG
    Кланица!
     
    На Lokvan, Војвода, NecrotoX и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Незнам само до кога ке ги споредуваме цените на запад и овие кај нас.
     
    На Tozo8 и Banjifiko им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,951
    4 Септември 2008
    Пане, информирај се кои се Sandisk па после коментирај.

    On, @SaleSk за преседник :D
     
    SaleSk, gOJDO и на goran_oh им се допаѓа ова.
  7. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,206
    3,552
    26 oктомври 2012
    Машко
    Браво за ривјуто, хејт за цената.
    Па нели падна доларот мајке му... 50 денари е долар...
    Ајде претходно беше повисок доларот, али сега ?
    50% маржа е болно ( со пресметано 18% ДДВ).
    Но тоа е.



    Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
     
    bobmkd, Chicco69 и на Oktar им се допаѓа ова.
  8. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,095
    1,302
    5 Септември 2008
    Машко
    Пане кога ќе одвали нешто, одвалено е

    Одлична рецензија бтв
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Докторе, секоја чест. Фалеше вакво нешто на форумов.

    Како и секогаш ризница на знаење во твоите рецензии. Плус темелни тестови кои долго време ќе бидат репер за споредби од страна на членовите.

    Нема да навлегувам во цените и сл. зашто одамна не го следам пазарот на SSD. Но добро е што на понуда имаме повеќе модели т.е. имаме некаков поголем избор. А и фалеа мислења, тестови и рецензии од прва рака на ССД кои не се Самсунг.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    Во случајов знаеш ли кој е излезен од пештера и слушнал за SanDisk пред 2-3 години?
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,051
    3,019
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Небитно тоа , туку ценава е ... Плус да не напоменувам дека две пред скоро ми рикнаа и погоди кој бренд се ?
     
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    Небитно е тоа за нас. Дека ти го коментираше за тебе пишав, SanDisk е втор или трет по големина производител на флеш мемории во светот, кој постои 30+ години. Имаку не ти ја разбирам поплаката за цената! Kingston HyperX SAVAGE 240GB е 8000 нов, 250GB 850 EVO е 7000 нов. Колку според твојата волја треба да чини ССД-во?
     
  13. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,051
    3,019
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    До пред некоја година ги поскапеа дисковите заради скокот на доларот , рамовите исто така , ок тоа и така и така се јадеше тогај ама сеа се врати доларов и цениве си останале истите кај нас ! Друго зашто 2 години стари самсунзи купени не ми рикнале туку морало баш тие ? Сандикс последниве години тотално ја утнаа со ссд . За тебе можда не влијае цената оти ти стално си земаш дилерска и поефтино ти иде , ама за нас обичните смртници ? На анхоч стартнава цена му е тотална утка. Зашто на некои даваат само една година од тие Сандиксови а на овој 3 години ? Самите знаеме зашто.
     
  14. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    На место е муабетот за цените, смејурија се.
     
    На Lokvan и Chicco69 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. drown
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    1,855
  2. xaser
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    746
  3. Gucci
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    684
  4. Gucci
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,141
  5. BorisSapphire
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    595
Вчитување...

Сподели

Вчитување...