Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
Буквално вака. Јас играв Gears 5, карши мене син ми Forza H4. Телевизорот нешто безвезе свиреше, некои ди-џеји на телма и случајно видов 12:04 и си честитавме.
Епа нека биде само подобра од предходната. Барем тоа не е тешко.
Драги ИТ-форумџии Ви посакувам Новата година да Ви донесе на сите Вас најпрво многу многу здравје, а потоа и се останато... среќа, радост, многу причини за славење, промени на подобро и секако да Ви се исполнат сите желби.
На полето на ИТ нека Новата 2021-ва ни донесе на сите нас многу ИТ-зделки, многу новитети (по многу поприфатливи цени и со поголеми залихи) од Intel и AMD, GeForce и Radeon на полето на процесорите, матичните, графичките...
Покрај се ова на сите во светот им посакувам да им се исполнат желбите по кои мечтаат... на болните (од ковид и други болести) да оздрават и повторно да бидат меѓу своите најблиски и најсакани, на оние кои не можат да остварат online настава да имаат лаптопи и друга опрема за учење, на сиромашните поголема финансиска и секаква лична и семејна благосостојба, на бездомните топол дом и хармонична атмосфера, на гладните изобилие од храна, на осамените и несреќните исполнети срца и поткрепа од партнер кој ќе биде покрај нив додека пловат низ животот, на беспомошните поткрепа и помош, како и на сите други кои не успеав да ги набројам тука.
Среќна Нова 2021 година и среќни божиќни празници!