1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од John Targaryen, 13 Јуни 2019.

  1. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    676
    621
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Многу погрешен е пристапот со заокружување или боење, бар на техничките факултети. Професорот треба да го коментира и оценува приодот кон решавање на еден проблем, не само точниот одговор.

    Он, запиши се каде ти е поблиску, нема врска гимназија или техничко. Добро е што ја укинаа огромната глупост екстерно тестирање, па може малце да се разлабавите. Уживај во тинејџерските години и гледај на научиш нешто. За ИТ факултет можеш да размислуваш после 4 години.
     
  2. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    273
    145
    28 Јуни 2013
    На поминување читав ама ова ми го фати вниманието. Прво што ми доаѓа на памет кога некој ќе спомне заокружување е поминување со бирање одговори на тепка. Но, спомна да не може некој да дојде и да положи на тепка, ама сепак да бидат на заокружување. Имаш некоја идеја/решение или?
     
  3. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    711
    3 Март 2018
    Кај давале 5000 денари за монтажа на клима? за другар прашувам.
    Математиката е многу битна доколку сакаш да продолжиш на некој природно научен факс.
    И да се зема 2-3к еу плата, ама треба да знаеш многу повеќе од if then else, select, inner join...
     
  4. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,794
    2,625
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не беше тоа случај, професорот, односно професорката не беше ништо крива, ученикот беше дрво и не учеше ништо, ама поради начинот на кој беше концепирано и изведено екстерното овозможи учење на памет на прашањата и се дешаваа вакви работи :).
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    647
    354
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Не сум студирал на технички науки, но логички можам да аргументирам: во тој случај би можело да се користи принципот на отворени прашања, но доколку се дојде до финалното решение на проблемот, без разлика на процесот, одговорот целосно би требало да биде точен, бидејќи решението е постигнато со користење на различни методи.
    Постои едноставно решение, болдираниот и искривен текст би требало да носи максимална оценка 6, за останатите повисоки оценки, набројуваните карактеристики би можеле да се кријат во текстот, во пасусот, со цел студентот да го прочита целиот учебник. Но, учебникот да биде структуриран со најбитните работи, без непотребни филозофирања со цел зголемување на бројот на страници, бидејќи пред се' се работи за учебник, не за стручен/научен труд во кој би можело да се објасни пошироко. Ова е едно напредно сценарио.
    Поедноставено сценарио би било и со сиот болдиран и искривен текст да може да се извади максимална оценка 10, но во тие карактеристили да бидат изразени суштествените карактеристики на материјата.

    Тоа е моето лично гледиште во насока на овие дилеми. :)
     
  6. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    647
    354
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Доколку професорот дал се' од себе да ја изрази материјата на наједноставен начин, а студентот не се труди, се разбира дека треба да има слаба оценка. :)
     
  7. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    273
    145
    28 Јуни 2013
    Добро, но како ова спречува некој да дојде и да положи на тепка?
     
  8. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    676
    621
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Така е одговорот секогаш треба да биде тој, но како што кажав начинот на решавање на еден проблем треба да се оценува и да се менторира процесот на решавање. Во секој случај квалитетот на кадрите кои произлегуваат од факултетите, се намалува. Потребна е голема анализа и сеопфатно решение. Кога не можеме да го смислиме, можеме да го позајмиме од некоја друга држава.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    647
    354
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Едноставно, во најекстремно сценарио, секое прашање ќе има различен број на одговори (нема да биде наведена бројката од страна на професорот), може да постојат и прашања без ниту еден точен одговор, да не се заокружи ништо (ова е ептен одење во екстрема, дури не би било и пожелно).
    Се сложувам. Сепак, потребна е акција, прилагодувања и иновации.
     
    На Vlecka и Zippo им се допаѓа ова.
  10. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    711
    3 Март 2018
    Инаку слјшај го ЈасСум прилично е релативен е реален, добро е да си запознаен со повеќе работи како би го пронашол своето(твоето) јас, ама математиката ти е столб на животот и гранка на филозофијата!
     
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    66
    59
    3 Јануари 2019
    Машко
    Според мене лично, гимназија е најдобар избор. Поради причината што во стручните и занечитските немаш и некоја голема пракса, 80% е базирано на теорија.

    Сметам дека од сите школи, барем во Скопје, Карев е доста солидно поради неколку причини:
    1) Професорите те учат како да размислуваш критички, а не тупат со теорија.
    2) Доколку си по есктра активности, Карев има врв програми (дебатен клуб, еко-клуб, музика, драма...)
    3) Сеуште има статус на добра гимназија.

    Доколску сакаш да бидеш спремен за пеколот наречен УКИМ, каде што орограмата, речиси целосно е базирана исклучиво на бубање. Одбери некоја од гимназиите што се построги, како што се Орце или Корчагин. Таму ќе имаш одлична припрема за на факс (ако ги продожиш студиите на УКИМ), зашто ќе имаш искомплексирани професори, бубање безвезе, малтретирање итн.

    Изборот зависи од тебе и што ти е приоритетот моментално. Мене ми беше да бидам правник, а на крај почнав да се бавам со графички дизајн. Интересите ќе ти се менуваат цело време.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    711
    3 Март 2018
    Тито, дечките(девојкие,ама беа дечколики) што дојдоја од корчагин кај мене на факс, асистентите(по мат) ги гледаа како маалски другари, оти исто знаеја математика со ними. Тие од уким се ценети и успеаа странство и на крај земаат добри плати од странски фирми дали во МК дали надвор. Знаењето секаде е ценето, па дали ќе научиш, ќе препишиш или ќе набубаш е твоја судбина. Подобро и полесно е да стекеш навика за учење, начин на решавање на проблемите и рутина помал, него на 18 год... Исто и борбенипт дух се стекнува од мал. Не е поентава да се докажуваш пред коперација или овде на форумов зад некој ник ( како што прават некои) него во реалниот свет.
    Сугестија до отварачот на темава, гледај го егзам (exam),значи треба да имаш широк спектар, повеќеструки познавања бистар ум, свое размислување, свој став, и секако секој совет ти е додатен атрибут кон сета целина за да успееш.Тоа За што и да се одлучи членот, со среќа, учи, ако заглагавиш некаде бубај( и тоа е начин), и му посакувам успех. Сепак за своите одлуки сам си одговорен и секој коментар прими го како сугестија, искуство или начин на светоглед, па на крај сам одлучи си, а не дека така мора или дека некој е во право, а некој крив.
    Ако си цврсто одлучен за нешто, некоја струка, терај си по тој пат, на факс пола од работите ќе ти бидат познати, ама ако се премислиш меѓјвреме си се зезнал. Е сега ако се зезнеш на 15 год и не е така страшно, не е ни на 18-19 страшно, ама почнува да биде зезнато. Разгледај ги сите опции, види го својот пат, па и да згрешиш млад си, имаш шанса да се корегираш само да не ти премине во навика:D
    Едит: уствари што се замараш, поедноставно е миленко шоу да правиш, или да се посветип на правото знаење, успат и помпрофитабилно е. Изборот е твој!
     
    Последна промена: 16 Јуни 2019
  13. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Јас бев општествено А или Б (не се сеќавам) и ова ми е голема грешка. Те советувам да одбереш математички смер.

    Кога би бил математичко А/Б само би го искорситил тоа знаење (математика, линеарна алгебра...). Е пошо не го тоа учев на време, требаше да учам on demand, и тоа малку те кочи во реализација на зацртаното ама се постигнува.

    Битен момент е што точно од IT ке работиш. Ако сакаш да се фоусираш кон UI/UX можеби и нема да ти фали ништо со општествен смер, ама ако сакаш да работиш нешто по инженерско ке ти се најде тоа знаење кога-тогаш.

    На примарниот проект на кој работам не е потребно апсолутно никакво дополнително знаење освен програмирање во C (и работи специфични за самиот проект). Арно ама од време на време улетува по некој проект/таск кој ептен многу зависи од математика. Груби опишано прво се прават саглам пресметки, интеграли изводи итн. па сето тоа се минимизира, се дискретизира системот и на крај се куца некој си код во зависност од пресметаното.

    Имаш еден куп алатки кои ке ти помогнат за пресметкиве (Wolfram на пример) така што не е неопходно да си нинџа ама сепак мора да знаеш доволно многу од математиката за да можеш да ги користиш ваквите алатки.

    Муабетов е кај и да отидеш у средно нема да се упропастиш. Ако те интересира ИТ ке успееш во ИТ само затоа што те интересира. Се што ти е потребно ке си го научиш во моментот кога ти е потребно и ке тераш. Ама кога веке имаш можност за бираш што ке правиш во следните 4 години, одбери го она што ке ти помогне најмногу во наредните 40, едноставно не си го троши времето со небитни ствари како на приемр јас што требаше да учам латински (општествен смер).

    Одбери математички смер.
     
    На bicikle и NecrotoX им се допаѓа ова.
  14. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    711
    3 Март 2018
    да, општествен смер има работи никад што нема да ти користат, ама што му знаеш кога ќе ти спритребаат. И на факс се учи све од почеток, само м,ногу побрзо, ако веќе делумно си учел ќе ти биде полесно.
    Ако се жртвуваш до 22-3 год, ќе можеш да најдеш работа која е солидно/добро платена и да живееш, ако живееш до 22-3 год после ќе треба да „се снаоѓаш“, ама од кај знаеш животот кај ќе те однесе, може и без школо да имаш подобар живот од некој доктор на науки, не дека е мерило, ама посигурно е.
    Размисли што би било ако завршиш електро средно, па на факс информатика, ќе имаш познавање од две сродни одласти, и „два метка“ за да ја погодиш целта т.е. ако не се снајдеш со едново, ќе можеш со другото. Јас кога би се вратил би одел стручно, ама тогаш мислев поинаку, а кога би учел стручно сега можда би одел општа, јбг, кој да знае. Многу побитно е да стекниш навика за учење, инаку што и да се запишеш џабе...
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,794
    2,625
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Подобро од ова кажано амин.
     
    На bicikle му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...