1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од John Targaryen, 13 Јуни 2019.

  1. John Targaryen

    John Targaryen
    Intern

    10
    3
    28 Мај 2019
    Машко
    Здраво сакам дами помогните во тема најдобро средно за ИТ иднина :
    Техничко или гимназиско
     
  2. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,712
    2,007
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Зависи што сакаш да постигнеш во твојата IT иднина.

    Пример ако сакаш да работиш нешо по егзотично пример нешто поврзано со кибернетика, тогаш гимназиско пошо ке учиш и биологија и хемија и физика и ова занење ке ти биде добредојдено.

    Ако пример сакаш да работиш нешто по генеричко, како на пример развој на мобилни аплиакции или работа со бази на податоци тогаш не ти треба ни биологија ни хемија па запиши стручно и не се замарај со за тебе небитни ствари...

    Размисли out of the box, широка е примената на IT. Можеби ке треба да комуницираш со луѓе од други области пример лекари, физичари, хемичари, астрономи итн. па ке треба да имате заеднички јазик. Ти ке поднаучиш од нивна област колку толку, они од твојата инаку проектот ке оди у неповрат.

    Мада реалноста е малце поинаква, за најголемиот дел од работните позиции доволно ти е само знаењето од ИТ областа.

    Е сеа од друга страна многу е битно кое средно и кое стручно заради кадарот пред се. Ако немаш саглам професори...

    Би те советувал да се распрашаш кај твоите врсници, да ти кажат од прва рака каков е кадарот во школите за кои размислуваш и да одиш таму кај што има најдобар.

    Се сумирано, би одбрал гимназија.
     
    John Targaryen, bxxxn и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,282
    6,394
    27 Март 2014
    Оди научи занает некој. Никогаш нема да останеш гладен. ;)
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,156
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не ти менува во животот ама баш ништо ако одиш на насочено или гимназиско средно образование.

    Мисли на тоа на каков факултет сакаш да одиш после тоа и запиши се во средното школо кое ти е најблиску до дома (зависно од тоа каде живееш)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,633
    23 Јануари 2008
    Манга
    Сеедно кое средно, и така ништо поврзано со ИТ не се учи.
     
    mdeni, GGTT1 и на StOrMK им се допаѓа ова.
  6. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    907
    955
    2 Март 2011
    Машко
    Мести клими. 3 клими да наместиш 15.000 денари денес. Ако сакаш да работиш за 25.000 месечно земи диплома од факултет.
     
    Roxas, mdeni и на DrMTR им се допаѓа ова.
  7. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    571
    281
    5 ноември 2013
    Машко
    Ајде најди 3 клими дневно да мести, а дали ке намести барем 7 8 во месец?
     
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    907
    955
    2 Март 2011
    Машко
    Tие 2-3-4 сервисери што се во секој град не можат да постасаат со работа. Вработуваат деца без никакво искуство, кои се учат на првите 50 клими најосновното и остануваат на тоа знаење до крај. Во СМК моментално занаетчиите прават големи пари.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Оно по техничкине факултети набутано поише математика отколку програмирања. Нека има една математика, да служи како база за основни операции, другото програмирање треба да биде и апликативни предмети. На кој му се учат n математики, нека иде на ПМФ. Од мое гледиште, би требало сите најпопуларни и најупотребувани програмски јазици да се изучуваат на смеровите за софтверско инженерство.
     
    На The-spiki и gOJDO им се допаѓа ова.
  10. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    571
    281
    5 ноември 2013
    Машко
    Не сум го знаел ова. Не одрекувам занает ако знаеш никогаш нема да бидеш гладен. Али лошо звучи кон дете што е 14години. Нека се запише дали гимназија или стручно сеисто е, секако до 18-20години нема да се замара утре што ке работи. Нека учи само, нека заврши факултет што сака, верувам дека кога ке заврши средно ќе знае повеќе што сака одколку моменталните прикаски програмер си 2-3к € плата зима и си куцкаш цел ден дома.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,050
    3,000
    2 Септември 2012
    Машко
    Абе каков занат, зимај таму диплома ќе се бутнеш на некоја директорска позиција, знаеш како викаат еднаш директор и цел живот така.
    Батали тоа клими, не се мести само на приземје туку и на 10 ти спрат. :)
     
    bicikle, philldm и на Arabian им се допаѓа ова.
  12. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,564
    1,663
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Have fun во средно, if you know what I mean. Иднина нема допирна точка со средно образование.
     
    На ТАТА_МАТА, boro1, borcep и уште 6 други им се допаѓа ова.
  13. John Targaryen

    John Targaryen
    Intern

    10
    3
    28 Мај 2019
    Машко
    А под поим гимназија кој смер поточно? Или нема врска
     
  14. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    571
    281
    5 ноември 2013
    Машко
    Гимназија општа, природно математичко А, ако си толку заинтересиран за ИТ
     
    На NecrotoX и igor_igor им се допаѓа ова.
  15. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Гимназија.
    Во животот ти треба живот, ти треба друштво, ти требаат луѓе на соодветни позиции. Тие што заршиле било какво, такво и ќе ти советуваат. Тие што поминале некое посаглам, ќе ти советуваат секогаш да се стремиш кон најдоброто што можеш да го добиеш.
    Ако најдоброто што можеш да го добиеш е некое стручно, тоа нека биде, но секогаш стреми се кон нешто повеќе.
    Орце, Корчагин, Броз...
    Ако начекаш некоја стипендија за учење надвор, не му се мисли.
    Со факултет, исто.
    Со се исто. Цели кон најдоброто.


    СМК?
     
    bicikle, Vlecka, Arabian и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Што ќе има живот во текот на средното образование во гимназија... затоа за брзо се селат во стручни школи.
     
  17. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Да погодам, не си ни влегол во Корчагин, Орце... нит знаеш некој од таму.
    Бара совет детево. Толку е освестено што е свесно дека паметно е да праша поголем круг на луѓе, не само тие што ги знае од основно. Може е од некое зафрлено место, каде најдобриот совет ќе биде на нивото што му го сторија многумина. Не ги обвинувам, толку им е знаењето. Но да му се сереш на некое дете што сака да оди напред е бедно.

    На темата:
    Сега сакаш ит, може за 4 години ќе имаш сосем друга идеја. Може ит ќе го промениш во некоја друга гранка, која ќе ти се допадне многу повеќе.

    Занает е плус. На крај, не ти треба стручно средно за тоа. Има Јутјуб и ако си упорен за пар месеци се научува нешто. Ем практично ќе научиш повеќе и подобро. Со разното знаење од гимназија ќе имаш различен пристап на решавање на проблеми, за разлика од линеарен и некреативен, шаблонски пристап, папагали научен...
    Со тоа што, штом прашуваш тука, не си некреативен, ниту имаш шаблонски пристап на проблемите.

    И уште нешто.
    Правописот е битен.
    Завршуваш основно, а не трето.
    По здраво иде точка.
    Дами е од дами и господа или да ми, скратено од мене да ми...
    Помогните, ова е битолски? Не знам таму кои се и какви се школите, но оди во најдобрата. И внимавај во каков клас ќе бидеш. За одбраните и нечиите најчесто се паралелка 1/а, влези во таа. Нека збркаат твоите некоја врска за тоа.
    Битно е кој/а ти е класен/класна.
    Со среќа во изборот.
     
    Изменето од модератор: 15 Јуни 2019
    The-spiki, bicikle и на Oktar им се допаѓа ова.
  18. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Сум влегол во Корчагин и имам роднини што учеле таму и знам доста дечки што се отпишаа од таму (не сакам да звучам демотивирачки). Со чест на некои ретки исклучоци, доста професори не знаеја ни што бараат, дали учење напамет или со разбирање. Добар дел од учениците паѓаа во несвест од стрес пред полагање/одговарање...
    За останатите гимназии не знам точно и не можам да коментирам.
     
  19. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    571
    281
    5 ноември 2013
    Машко
    @John Targaryen Да кажеше барем кој град си, додека не се натепале :D
     
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Ако не сакаш да учиш, не се запишуваш во школо каде се бара да учиш. Запиши се во Џеф Љуш Марку и проаѓаш без да се појавиш.
    Баш страшно. Барале да се учи. Опасно е тоа.
     
    На The-spiki, dddragan, Vlecka и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Сум учел човек, дури и напамет сум учел и одговарал, во 5 саат сабајле сум станувал и повторувал пред одговарање и пак ни прелазна не ти става. Не може ако збориш и кажуваш во контекст на материјалот, единица да ти става, не ме зезај. Кец се става ако не отвори уста или одговара на некоја сосема друга тема или на материјал од друг предмет.
    Првата година ја форсираат, после гледам од родниниве е полабаво.
     
  22. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Никој никаде нема да ти стави кец ако не одговориш ко што треба. Поготово од кога почнаа со есктерно. Нема професори самоубици.
    Fake news.

    Екстерно за тоа го укинаа, за да можат свои на свои 5ки да редат и да им завршуваат факултети, па да ги седнат во м-анус
     
    На bicikle и Oktar им се допаѓа ова.
  23. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Директен пример од фамилија: цела година имаше едвај двојка математика (оправдано), ги набуба на памет сите одговори, на екстерното доби 5-ка. Добра идеја многу лоша реализација.

    @John Targaryen најдобро ти е да одиш гимназиско, смер природно-математичко А.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  24. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Да го дочекав екстерно, дефинитивно платите ќе им ги коригирав во правец надолу (ама може на крај ќе ми ги поправеа оценките).

    Така на еден професор во друго училиште кој не предаваше солидно, ми стави пониска оценка и ме избегнуваше за да му поставам прашање со цел да ми помогне за некои прашања од тестовите за екстерно, после екстерно ми дојде попарен пошто му извадив 5ка.

    Според мене, целта на професорот е да образува, а не да ужива во пишување континуирано слаби оценки.

    И на факултетите, лично мислење ми е дека одговорите на прашањата е неопходно да бидат на заокружување (не за било кој од улица да дојде и од тепка да положи, туку тој што учел со разбирање, да го препознае одговорот). Задачите, заради природата на процесот на решение, треба да бидат на пишување и се разбира графичките модели.

    Никако не сум за учење на памет, тоа е бескорисно знаење со цел само добивање на висока оценка.

    @NecrotoX Доколку реално професорот не дал се' од себе да го научи ученикот, тоа и го заслужил. :)
     
  25. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Секако, вашето мислење го почитувам, секој има различна перцепција за образованието. :)
     

Сподели

Вчитување...