• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Средните училишта од 1-ви Септември поврзани во единствена комуникациска мрежа

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
- Од денеска сите средни училишта во Македонија се поврзани во единствена комуникациска мрежа, а секој ученик пред себе ќе има компјутер што ќе го користи во наставата, изјави министерот за информатичко општество Иво Ивановски по посетата на скопското средно училиште „Јосип Броз-Тито“, по повод одбележување на крајот на инсталацијата на компјутерската опрема во средните училишта во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“.

Со проектот, што се спроведуваше една година, опфатени се 85 училишта на централно ниво, во 1.880 училници се инсталирани 55.000 работни позиции, а сите компјутери се конектирани во една комуникациска мрежа, при што ќе нема проблеми во дигресија на квалитетот во наставата, односно при употреба на компјутерите во наставата. Исклучок се пет училишта, каде поради спроведување големи градежни зафати, инсталацијата ќе се спроведе по нивното завршување. Во наредниот период Ивановски најави дека со проектот ќе бидат опфатени и 55-те дисперзирани училници во подрачните единици во државата.

- Со овој проект Македонија станува единствена земја каде што пред секој ученик од средните, а до крајот на учебната година и во основните училишта, ќе има компјутер пред секој ученик. Односот ќе биде два спрема еден. За пример, во Кореја која ја сметаат за една од најразвиените земји односот е седум спрема еден. Со овој проект сме ставени на мапата како една развиена земја за примена на информатички и комуникациски технологии, рече Ивановски заблагодарувајќи се за донацијата од Телеком со која се изгради комуникациската мрежа.

Тој најави дека проектот ќе продолжи и во основните училишта при што ќе бидат опфатени 364 училишта во градските средини, а инсталацијата на мрежата треба да заврши до крајот на ноември.

Обуката на професорите, која е втор дел од овој голем проект и ќе ја помогне УСАИД, треба да започне на крајот од овој месец. Министерот за информатичко општество истакна дека активно се работи и на третиот дел од проектот „Компјутер за секое дете“ - апликативните решенија што ќе се користат во наставата.

- Станува збор за 46 алатки, кои што се од отворен код и кои во моментот се преведуваат, се локализираат и се применуваат во самата програма според потребите кои ги има наметнато Бирото за развој на образованието во Македонија. Советниците од Бирото ги одобрија апликациите за користење во наставната програма со тоа што до 30 отсто од наставната програма ќе биде дигитализирана, што на учениците ќе им овозможи на модерен начин да ја разгледуваат и полесно да ја научат наставната материја, рече Ивановски.

Во тек е, додаде тој, преведувањето и на алатки што ќе се користат во основните училишта според програма што ќе трае во наредните четири години поради брзиот развој на информатичката технологија. Одделението што е формирано во Министерството за информатичко општество, а кое треба да прерасне во иднина во сектор, ќе се грижи за развојот на информатички и комуникациски технологии во образованието.

Димитар Ковачевски од македонски Телеком, со чија донација од три милиони евра се спроведе комуникациското поврзување на училиштата, истакна дека мрежата е изградена според најсовремените светски стандарди и поддржува секаков вид комуникација меѓу компјутерите и можност за апликација на каков било софтвер. Донацијата е во согласност со Програмата на компанијата за подобрување на образовниот систем на Македонија, надминување на дигиталниот јаз и подобрување на информациското општество. Од Телеком најавуваат продолжување на соработката со Владата преку можноста за информациско поврзување на студентските домови.

Во однос на критиките во некои медиуми дека со овој проект се изгубени од четири до шест милиони евра бидејќи компјутерите се застарени, министерот Ивановски рече дека амортизацијата на компјутерите не е 40 отсто, туку во просек се движи од 15-20 отсто, бидејќи еден животен циклус на компјутер е пет до шест години. Тој подвлече дека архитектурата на инфраструктурата која е поставена во училиштата, од типот „тин клиент - фул клиент“ (распределба на еден компјутер за седум ученици) ќе овозможи големи продобивки, бидејќи со неа се штеди во однос на потрошувачката на енергија, во одржувањето на компјутерите, како и во однос на надградбата што ќе биде потребна по пет години или евентуалната набавка на нови компјутери. Министерот Ивановски информира дека голем број земји пројавиле интерес да ја применат истата архитектура во нивните училишта.

- На еден компјутер кој е доста моќен и кој располага со ресурси еден корисник може да искористи само една десетина од моќноста. Тие перформанси ние ги поделивме на седум ученици. Тоа е една модерна напредна технологија со која што седум ученици го користат истиот комјутер. Тоа е она што е напредно во оваа технологија. Перформансите ќе бидат исти за сите ученици, односно нема да има нивна деградација кога ќе се изучува материјата и при користењето на компјутерите, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Извор: Министерство за Информатичко општество
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Тој подвлече дека архитектурата на инфраструктурата која е поставена во училиштата, од типот „тин клиент - фул клиент“ (распределба на еден компјутер за седум ученици) ќе овозможи големи продобивки, бидејќи со неа се штеди во однос на потрошувачката на енергија, во одржувањето на компјутерите, како и во однос на надградбата што ќе биде потребна по пет години или евентуалната набавка на нови компјутери.
- На еден компјутер кој е доста моќен и кој располага со ресурси еден корисник може да искористи само една десетина од моќноста. Тие перформанси ние ги поделивме на седум ученици. Тоа е една модерна напредна технологија со која што седум ученици го користат истиот комјутер. Тоа е она што е напредно во оваа технологија. Перформансите ќе бидат исти за сите ученици, односно нема да има нивна деградација кога ќе се изучува материјата и при користењето на компјутерите, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Може некој да ми го објасни што значи ова? Им ги ограничиле перформансите за 1/10. Тоа е лудост ако е така.
Или можеби мислат за поделба на хард дискот?!?!?
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Кажува дека просечен корисник користи една десетина од можноста за максимални перформанси на десктоп компјутер ( личен за дома ) - овој однос е за апликациско работење не за игри многу јасно.
Седум ученици делат еден заеднички сервер - јас така сватив, при работа со апликации нема да осетат никакви успорувања во работата. Секој си има свој корисник на серверот и така.
Мислам дека овој принцип и на некој факултети во скопје веќе се применува.
 

vandalko

Intern
12 декември 2007
110
0
Со оваа мрежа што е поставена има ставено еден компјутер и на него има поврзано седум монитори,тастатури,глувци сл. и секој моитор т.е. корисник си има свој user на компјутерот (или мини серверот, незнам точно што е) А на компјутерите има инсталирано Linux Edubuntu македонска верзија.
 

ajvar

Intern
19 август 2008
297
6
e ova sto ima edno kukiste na 7 monitori e mnogu loso barem od moja gledna tocka.nema da moze da se igra counter strike na cas
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Нема врска кај нас компјутерите прашина фаќаат а рекоа дека до ноември нема да ги пуштат во употреба:ua:
 

milevskiz

Intern
9 април 2007
214
5
Со тој потег владата ќе заштеди струја која на годишно ниво е нешто во милиони :) плус тоа основни или средношколци секако нена да го искористат капацитетот на еден комп. доволно, добра идеја, голема заштеда и во смисол дека за неколку години ќе застарат тие куќишта.. само глупо ми е за на факултет.. студент да дели со некој друг...
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
:ua: Ништо не е направено, денеска се договаравме да почнување на средување на компјутерите по кабинетите, мицим ... и на root нема пасвор ... нема кабли ставено, нема струја кај нас у штип !
 

stole_pesov

Intern
25 април 2008
530
17
techhub.mk
Jas segi vi pisuvam od skolo vo ssekoj kabinet ia 34 komjuteri 7 kompjuteri rabotat pod edno kokiste i imame sloboden prostor 4.7 Gb monitorite le 15'' i taka ima internet .
POZdrav.:bravo:
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,681
333
кај нас се е поставено уште струја да пуштат. Но бидејќи професорите не се обучени голема е можноста првото полугодие ич да не ги чепниме. Многу ме разочара што сеуште ќе мора да се мачам да пишувам во тетратка, бидејќи имам грозен ракопис, а пишувањето на компјутер ми е 10 пати побрзо.
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,681
333
Одприлика: опен офис(текстуелен уредувач, табеларен уредувач, табелар и други ствари бесплатни алтернативи на пакетот Microsoft office)
10тина едукативни игрици(нешто како крстозбори)
Броусер, можда чет клиент и слични бесплатни алтернативи кои би можеле да послужат.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Но бидејќи професорите не се обучени голема е можноста првото полугодие ич да не ги чепниме
Кај нас ова е лепота... ние играме тие предават(мислам да досадните часој) :)
А уште боље го знам пасвордот од root така да правам што сакам.
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Ама кај не се default, мислам дека ги преинсталирваа или нешто... затоа сега има.
 

Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Се запрашал некој како се поврзани сите школи во една мрежа?
Гарант не се макнати LAN кабли низ цела држава:D
 

vordan

Intern
7 јуни 2008
87
14
Се запрашал некој како се поврзани сите школи во една мрежа?
Гарант не се макнати LAN кабли низ цела држава:D
Хммм ... добро прашање: како да ги поврземе школите во една мрежа без да влечеме LAN кабли?
Еве, јас нешто си размислував:
Се прашувам дали би можеле да измислиме глобална мрежа на компјутери поврзани преку некакви посредници (би било добро да ги наречеме ISP-и), а тие да комуницираат преку некаков пакетен протокол (мој предлог е името да му биде TCP/IP - некако ми се допаѓа кратенката).
А мрежата? Што знам, да ја наречеме „Интернет“ - така некако...

:)
 

vordan

Intern
7 јуни 2008
87
14
За сите кои ги мрзи да побараат на Гугл што значи „thin client“, а кои тропаат глупости од типот „едно куќиште со седум тастатури и мауси“:

Thin client-от е всушност компјутер, но кој вообичаено нема можност за локално чување на податоците. Неговиот оперативен систем се наоѓа на серверот, а „подигањето“ е со специјален протокол вграден во мрежната картичка.
На дискот на серверот, на секој корисник му се доделува приватна квота - простор кој може да го користи.
Корисниците при употреба на тин-клиентот имаат перцепција дека работат на „локален“ компјутер, иако всушност сите податоци се на серверот.
Една од главните предности на ваквиот вид на конфигурирање на работењето е поголемата контрола врз оперативните системи на клиентите, што е сосема оправдано во конкретниот случај - орди тинејџери кои си немаат работа и сакаат да „чепкаат“ и „пробиваат“...
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Компјутерите се терминали 6+1 како што рече вордан и серверите се за никаде со само 2 гб рам.
 

Maki

Intern
29 февруари 2008
135
3
Одприлика: опен офис(текстуелен уредувач, табеларен уредувач, табелар и други ствари бесплатни алтернативи на пакетот Microsoft office)
10тина едукативни игрици(нешто како крстозбори)
Броусер, можда чет клиент и слични бесплатни алтернативи кои би можеле да послужат.
Само тоа, а специјални некои за предмети?

пример Step, Qcad ...
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,681
333
моето беше предпоставка, не знам што точно ќе има.

Иначе вик, кај нас воопшто не укључуваме компјутер, така да не ми одговара професорите да не се обучени.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
за основни и средни училишта е сосема доволно
така, доволно им се ај да кажеме доколку правилно се распредели рамот по нешто више од 256мб
па јас на 256 имам уклучено PS7, msn, yahoo, skype, aim,...
mozila, музика слушам, и не приметувам некое спорење е добро ако поработам со малку поголеми слики 3,4,,, px наравно ке сецка и кочи
хард диск исто мислам дека им е сосема доволен
од студент се очекува таму да складира документи (.doc, .pdf...) не да си симнува и складира приватна колекција на филмови и музика. и сум за тоа да им се блокира секакво симнување, (т.е. да се проверува се големина на фајл кој сака да се симне доколку е голем да се оневозможи)
можно е тоа




не верувам дека на факултетите ке биде така (таква структура со терминаи )


и замисли на сите компјутери да се стави да компајлира некоја малку поголема задача
одма ке блокираат:rolleyes:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,522
Мислења
822,546
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно