• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Србија под лупа!?

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Секоја телекомункациска услуга во Србија ќе биде архивирана и под мониторинг во реално време од страна на надлежните органи за електронски надзор, се наведува во новиот правилник на Српската агенција за телекомуникации (РАТЕЛ). Според блогот Internodium ова е невкусно и го руши принципот на приватност.

- Под маската на наводни "технички услови за интернет мрежи" во Србија се воведува досега незабележан масовен и неограничен надзор и архивирање на сите облици на електронска комуникација за потребите на службите за безбедност. Дури ни во најлошите времиња на теророт за време на режимот на Милошевиќ немаше ваква регулатива.* - пишува на блогот.

Иако овој документ стапил во сила на 11 јули, тој дури денеска е објавен на официјалниот сајт на РАТЕЛ. Правилникот, насловен "Технички услови за подсистеми, уреди, опремa и инсталации на интернет мрежи", составен од само неколку точки, ги обврзува сите јавни телекомуникациски оператори да создаваат бази на податоци на сите понудени услуги и корисници и да овозможат директен пристап до нив на надлежните органи.

Овој документ исто така ги обврзува сите телекомуникациски провајдери на свој трошок да овозможат на државниот орган аутономен мониторинг во реално време, да доставуваат извештаи до органите без криптографската заштита и да обезбедат хардвер и софтвер за пасивен мониторинг помеѓу претплатникот и било кој интернет провајдер.

Бараниот хардвер и софтвер, треба да овозможува надгледување на интернет активности, ИМ, е-маил вклучувајќи преглед на вклучени фајлови, ИП телефонски и видео сообраќај, и peer-to-peer (p2p) мрежи.

Ова е прецизирано во претпоследниот пасус на точката 2 од документот:

"Хардверот и софтверот, кој е обезбеден од доставувачот на интернет услуги, треба да овозможува:
а) пасивен мониторинг на интернет активности во реално време;
б) собирање и анализа на статистика за интернет активности;
в) пресретнување на електронска пошта, придружни содржини (attachment) и обработка на веб маил-и;
г) пресретнување на ИП телефонски сообраќај, факсови и ИП видео сообраќај;
д) пресретнување на ИМ (instant messenger) сообраќај;
ѓ) пресеретнување на сообраќај на peer-to-peer мрежи."*


Дополнително на ова, хардверот и софтверот треба да овозможуваат реконструкција и филтрирање по кориснички имиња или броеви, е-маил адреси, ИП адреси или опсег, MAC адреси и ИМ кориснички имиња.

http://it.com.mk/index.php/Vesti/Svet/Srbija-pod-lupa
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Господ да чува!
Ова е кршење на правото на приватност до ООООООВОКЛАВ максимум!

Вакво кај нас да направат, и пропадна државата :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
17 февруари 2008
193
2
Вистински случај на кршење на правото на приватност.
Исто како да ми дојдат дома да пребаруваат без моја дозвола.:lut2:
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Страшно звучи ако е вистинито.
Па ова би требало да се прави при опасност од војна, во услови на војна или постојани терористички напади и пак не би било во ред!!!
 

Voya

Intern
11 април 2008
96
8
Хмм, а да се фати народот малку да се побуни? Можам да замислам како би ми било мене доколку некој цело време набљудува што правам јас на интернет. Не дека вршам криминал, него кој *** мора некој да го знае секој детаљ од мојот живот? Да, јас живеам пред PC.:ua:
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
:isplashen:OMFG, смеат ова до го прават?
Не е пракршување на приватност?
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Sto i da sakaat da postignat so ova ..........nema da uspeat:ua:
Pravat i vo Francija vakvo nesto ......demek kako borba protiv piraterija...........ama se e toa osudeno na propast.
Piraterijata nikogas nema da se iskoreni...........bas naprotiv:)
Normalno e deka ima mnogu poveke sto se za piraterija otkolku tie sto ne se..........a pobrojnite se pojaki.
Toa e kako so virusite. Nasle denes zastita za 10 virusi ama zatoa vo megjuvreme se napraveni 100000 virusi za koi nema zastita ...........i zatoa ke nema nikogas sigurna zastita:)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,118
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно