1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Sql server 2008 r2 database on network drive

Дискусија во форумот 'Microsoft SQL Server, MySQL, PostgreSQL, Oracle, S' започната од undergrounde, 29 Март 2018.

  1. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    445
    225
    11 Декември 2009
    Ми треба помош од некој што се разбира во ова:
    Сакам базата да биде на мапиран мрежен диск( поточно на WD my cloud server) за да може да ја користат 2-3 компјутери
    До сега го направив ова:
    Направив база, направив detach, ја копирав во мапираниот фолдер
    Најдов скрипта со која серверот го гледа фолдерот
    Потоа направив atach и се е ок се додека не го рестартирам компјутерот.
    Морам одново да ја активирам скриптата, повторно да направам atach,за да работи
    Има ли начин ова да оди автоматски?
     
  2. Zippo

    Zippo
    Gaining Experience

    443
    373
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Што? Како ова?
    Значи SQL Server е сервер, се друго што му пристапува е клиент, така да 2-3 компјутери се клиенти.
    Bad practice е да се стави база на мапиран мрежен драјв кога може да биде локално во компјутерот (перформанси). Рачунај секое квери без разлика какви индекси има ќе мора да пристапува до тие Page фајлови да ги бара да ги враќа во сервер па серверот да ги транспортира до клиентите.

    Доколку инсистираш на ова: направи бат скрипта која ќе ги стопира SQL Server сервисите, ќе го мапира драјвот и ќе ги стартува сервисите.
     
    На martin17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,859
    5,027
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Знам што сакаш да направиш и не е практично, миљон мали проблемчиња, десетици скрипти и со некој апдејт ќе се скрши нешто.

    Моја препорака ти е да земеш некој мал компјутер, може и на пример Raspberry Pi или уште подобро оние коцкине со атом внатре и да инсталираш ubuntu server со MySQL или Maria-DB, да направиш на тој мал компјутер датабаза и да подесиш или localhost само да има акцес или сабнетот дома на пример 192.168.0.0/24 или кој и да ти е.

    Загарантирано ќе добиеш најдобра флексибилност и имаш на располагање 300 помошни програми, вклучувајќи и phpmyadmin и webmin за scheduled бекап.
     
  4. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    445
    225
    11 Декември 2009
    Ајде да бидам појасен
    Прво појма немам од ова што ми зборувате, се што правев беше по упаство на Гоогле
    Купив програм за водење материјално и книговодствено, тој користи база и затоа ми инсталираа SQL SERVER 2008 r2
    Моментално базата ми е на компјутерот и се е во ред. До таа база ќе треба да пристапат уште 2 компјутери и затоа сакам да ја ставам на мапиран диск од (во моментов имам поврзано ova My Cloud Mirror - Personal Cloud Storage | Western Digital (WD)), за да може секој компјутер да зема од таму и да не зависат еден од друг
    Најдов уште нешто што сега автоматски го мапира дискот при рестарт на компјутерот, ама ми дава грешка ако пробам да ја отворам базата
    (The database [dbName] is not accessible. (ObjectExplorer))
    Може да видите во прилогот кои команди сум ги употребил
    Ако знае некој како да направам поедноставно и попрактично, плаќам ручек
     

    Прикачени датотеки:

    • Script.txt
      Големина:
      695 bytes
      Прегледи:
      2
  5. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    243
    271
    9 Јануари 2015
    Ако не сакаш да ја корумпираш базата треба да го одвоиш SQL серверот на посебен компјутер или виртуелна машина. После кон тој сервер можеш да поврзеш колку сакаш клиенти.
    Комп1 \
    Комп2 --- SQL Сервер -> Фајл за базата
    Комп3 /
    WD NAS от користи го за да го префрлиш бекапот од sql серверот
    Ова што го пробуваш ти е сигурен начин да ја зезнеш базата.
     
  6. Astro

    Astro
    Guru

    5,485
    6,979
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @undergrounde со програми за материјално и финансово работам веќе 19-та година и ќе ти кажам дека тоа што пробуваш да го направиш не е можно, башка што веројатно не е ни легално.

    Прво, иста база не може да биде користена од повеќе SQL сервери.
    Второ, може повеќе компјутери да пристапуваат на истата база, која ја работи само еден SQL сервер и тоа локален, но тоа треба да биде на апликативно ниво а не на SQL ниво.
    Трето, тебе на другите 3 компјутери ти треба апликација (веројатно лиценцирана клиент апликација) која ќе врши интерпретација на податоците од базата и ќе ја стави во контекст разбирлив за корисниците. Ако ти директно пристапиш на серверот и базата, ќе добиеш само табели со податоци кои немаат смисла за тебе.
    Четврто, во договорот за лиценцирање што го имаш со добавувачот на програмата за материјално (ти си купил право за користење на програмата, верувам дека не си ја купил програмата како што велиш) се регулира од колку компјутери можеш истовремено да пристапиш на базата и според тоа зависи цената на решението.

    Можеш да ми пишеш и приватно подетално или да ми се јавиш, ќе ти дадам совет.
     
  7. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    445
    225
    11 Декември 2009
  8. dimsa

    dimsa
    Gaining Experience

    243
    271
    9 Јануари 2015
    Ако немаш многу извештаи за процесирање и интеракциите со базата се донекаде умерени (ко за 3 пц-а) супер е. И онака express-от не алоцира поише рам од тоа што ќе му стаиш на малово пц.

    Разгледај ја и оваа опција. Со добар интернет пристап, ќе ја инсталираш апликацијата на сите компјутери што ти требаат за пристап и ќе ја поврзеш со Azure SQL базата. Предност (нема лиценцирање на OS и SQL, многу по доверливо, опции за бекап), потенцијален недостаток латенција преку мрежа и потребата од firewall рестрикции.
     
Слични теми
  1. dzunko
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,062
  2. AlexDGreat
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    668
  3. AlexDGreat
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,955
  4. vlatkorun
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    835
  5. bokimk
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    576
Вчитување...

Сподели

Вчитување...